3Михаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош
ЖивотМалолетник доби онлајн награда - 30 дена во хотел со порно ѕвезда!16 годишниот Руслан Шедрин ќе помине еден месец во хотел со Екатерина Макарова, позната порно ѕвезда чие „уметничко“ име е Мејси Сенс. мајката и сестрата на Руслан се гневни, но тој нема ништо против!Мајка му и сестра му на Руслан с елути и мислат дека ваквата награда е несоодветна за момче од негова возраст кое треба да се посвети на учењето - но Руслан вели дека е среќен и „врие однатре“ поради можноста да помине еден месец со Екатерина која е десетина години постара од него. Руслан е млад актер од Русија, и вели дека не можел да поверува кога слушнал дека добил таква награда. - Мислев дека некој се шегува со мене, но кога сфатив дека е вистина им се заблагодарив на луѓето од сајтот. Бев многу среќен. Им се јавив на другарите но и тие не веруваа. Сега и тие се радуваат, а некои ми завидуваат! - вели Руслан. Тој сега врши притисок мајка му и сетсра му да го пуштат да ја земе наградата! - И кажав на мајка ми и таа лошо реагираше но мислам дека ќе се смири.А кога ќе ја запознаам девојката ќе и речам - еј, јас сум тоа момче што те освои! - вели Руслан. Неговата мајка Вера Шедрина вели дека е против сето ова. - Јас сум апсолутно против. Тој има испити, треба да учи! Како мислите - еден месец со порно ѕвезда!!! - вели Вера. - И една недела е премногу, а не еден месец. Нека ни дадат 100 000 рубли наместо тоа, и така би биле посреќни. Каква награда, за 16 годишно момче! Кој дошол до таа идеја? Јас сум шокирана! Не сум ја видела таа девојка но мојот син мора да учи! - вели мајката. Руслан има можност да ја пренесе наградата и на свој „официјален претставник“ - односно на својот татко, но Вера не го дозволува тоа. Неговата 17 годишна сестра Диана Шедрина исто така не го пушта братот да ја прими оваа невообичаена награда. - И јас сум против тоа. Тоа не е никаква можност за него. Може да си анјде девојка ако сака! Пред неколку месеци порно ѕвездата Екатерина се согласила да биде „награда“ за 100 000-от посетител на сајт кој продава виртуелно оружје за видео игри. Таа верува дека „16 е добра возраст да се делува независно“. Таа вели дека ќе му ја остави одлуката за местото каде ќе го поминат месецот, на Руслан, но би сакала тоа да биде некаде во странство. - Ќе отпатувам во Москва и тој ќе одлучи. Треба да преговараме со неговата мајка дали ќе го пушти еден месец во хотел со мене, бидејќи има испити. Сосема е вообичаено неискусно момче да бара поискусна девојка, не знам. Барем ќе станеме пријатели. Ми се допадна на фотографиите - вели Екатерина. А ако неговите не се согласат тој да биде со неа во хотел, тогаш нека остане дома па ќе се гледаат по училиштето - предлага Екатерина! / извор: sputniknews.com Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗдравјеСветски ден на предвремено родените бебиња - гордост и предизвик на скопска ГинекологијаОваа година, 530 грама е најмалото родено бебе на Клиниката за гинекологија и акушерство во шестиот месец од бременоста, и скоро три месеци било на интензивното одделение за новороденчиња на Клиниката за гинекологија. Денеска е светскиот ден на предремно родените бебиња. На овој оддел се најачесто бебињата родени под еден килограм и оние до скоро два килограми, секое вдиушување е надеж за живот и среќа за вработените дека нивните мали пациенти ќе бидат еден ден големи луѓе. Во клиниката денеска виолетовата боја беше симбол на предвремено родените деца, на гости дојдоа Лазар, Кирил, Мила и уште многу денес деца, а пред неколку години тука биле со денови и месеци. Лазар неуморено прашуваше зошто се толку мали, а пред четири години тука бил едно од најмалите бебиња со 820 грама, а неговиот брат со килограм и осумсотини грама денеска најмалиот гостин кој исто бил на ова одделение. За неговите родители посебен ден, со порака и до други родители “ќе биде добро’. Цели 18 години и Мила е гостин на овој оддел во номеври. Таа учи медицина, приказната за нејзиното рано раѓање и било поттик да биде добар доктор. Најпотребно е редовна едукација, добра опрема и секако да не ги заборавиме нашите колеги кои неуморно се борат со секој здив со предверемно роденит бебиња, вели директорката на клиникта Папастиев. Оваа година се родиле 610 деца предвереме од терминот, во моментов на одделот за интензивнот лекување има 43 бебиња. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Македонија12 тони млечни производи од Македонија вратени од Косово поради ешерихија коли во претходни пратки Две пратки со вкупно 12.268 килограми млечни и прехранбени производи од млекарница од Тетово се запрени на граничниот премин Генерал Јанковиќ и се враќаат во Македонија, објави косовските медиуми. Двете пратки, како што пишува„Радио Ким“ не добиле дозвола за влез во Косово поради забраната за увоз од овој производител, воведена на 6 ноември. Тогаш лабораториските анализи на производите покажале присуство на бактеријата ешерихија коли над дозволените граници. Од Македонската Агенција за храна и ветеринарство веќе спровела вонреден инспекциски надзор во тетовската млекарница, во чии анализи во текот на претходните испитувања не биле утврдени недоследности. ,,АХВ и колегите сме во тек, уште веднаш направивме вонреден инспекциски надзор во процесот на целото производство во фабриката, земени се брисеви и анализи и однесени се во две лабаратории..Робата што моментално се враќа од Косово доколку е утврдена од страна на косовските власти и институции дека има одредени неправилности веднаш ќе биде уништена стоката чим стигне,, Ова не е прв случај македонски производи да бидат вратени од странските пазари. Неодамна, Бугарската агенција за безбедност на храната врати речиси 20 тони македонски јаболка поради утврдено присуство на пестициди над дозволените граници. Исто така лани од Хрватска беше вратена пратка зелка поради сомнеж за недозволени пестициди, додека во септември годинава беа одбиени и пратки со пиперки и грозје на странските граници. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПартиите продолжуваат со меѓусебните обвинувања за влезот на Алта банкаСватови, кредити, акции... Продолжува политичката пресметка меѓу партиите кој е виновен за влезот на Алта банка во Македонија. Од Вреди на прес-конференција презентираа нови документи со кои тврдат дека Артан Груби лично ја потпишал одлуката за продажба на државните акции во Стопанска банка Битола, кои, како што велат, завршиле кај Давор Мацура. Според Вреди, од записникот на владината седница од 6 јуни 2023 година се гледа дека првиот вицепремиер Артан Груби заедно со Димитар Ковачевски, претседавале со седницата на која била донесена одлуката за давање согласност за продажба на државните акции во Стопанска банка АД Битола, а Груби се потпишал на одлуката објавена во „Службен весник“. - Прво: Артан Груби, во присуство на Фатмир Бесими, Бујар Османи и Крешник Бектеши, во Владата донесуваат па потпишува одлука државата да ги извади на продажба конфискуваните акции во Стопанска банка Битола. Второ: Во игра влегува сватот на Али Ахмети преку фирмата „АС Сењак“, кој купува пакет акции во истата таа Стопанска банка Битола, а негова поврзана фирма повлекува 5 милиони евра кредит директно од централата на „Алта банка“ во Белград. Трето: И државните акции што ги ослободи со потпис Артан Груби, и приватните акции на сватот на Али Ахмети, завршуваат во рацете на контроверзниот Давор Мацура за преземање на банката, изјави Саранда Имери Стафаи-ВЛЕН. Реагираа од ДУИ од каде ги отфрлија обвинувањата дека владината одлука на СДСМ и ДУИ од 2023 година го отворила патот за влез на „Алта банка“ во земјава. Одговорноста ја гледаат исклучиво кај актуелната влада и институциите што ги издале дозволите. - Ако ДУИ ја донела Алта Банка како таа влезе во Македонија за време на вашето владеење? Како институциите што вие ги раководите го дозволија нејзиниот влез? Функционерите на ВМРО од ВЛЕН се однесуваат токму како во народната поговорка: „Крадецот вика: држете го крадецот!“, велат од ДУИ. Од ВМРО-ДПМНЕ ги прозваа Филипче и СДСМ дека заедно со ДУИ го отвориле патот за влез на банката, а сега, според владејачката партија, СДСМ се ставиле во одбрана на ДУИ и фирмата на сватот на Ахмети. -Фирмата на сватот на Ахмети, според јавно достапни информации, поседувала акции во Стопанска банка АД Битола, кои потоа ги продаваат на Давор Мацура и Алта банка. Филипче и СДС молчат за ова и не коментираат од страв кон ДУИ. Лицемерието кај Филипче е на високо ниво. Ако денес, за Филипче Мацура е криминалец, а Алта банка е банка со сомнителен капитал, зошто во 2023 година кога ДУИ спроведувале влез во Македонија, СДС шурувале? изјави Манасиевски. Според СДСМ, пак, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски кои ја внеле Алта банка во Македонија, сега се обидуваат да ја префрлат одговорноста спојувајќи ја СДСМ со ДУИ. Од опозициската партија како целосна манипулација го оценија документот од 2023-та според кој Мицкоски и власта тврдат дека претходната влада ги продала акциите за Алта. - Извадија документ од „Службен весник“ од јуни 2023 година како наводен доказ дека претходната влада склучила зделка со Алта банка. Тоа е целосна манипулација. Станува збор за пакет од 7.213 акции (околу 1,85% од капиталот на Стопанска банка АД Битола) што државата ги конфискуваше од Сашо Мијалков и фирмата „Ексико“ со правосилната пресуда за случајот „Империја“, изјави Борозан. Сватот на Али Ахмети, Селаудин Арифи, пак, за дел од медиумите, негира каква било вмешаност во случајот со Алта банка и најави тужби. Од неговата компанија „АС Сењак“ тврдат дека ниту зеле кредит од Алта банка, ниту влијаеле за нејзиниот влез на македонскиот пазар. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМихаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00Ќе ги отстрани ли новиот Кривичен законик штетните последици од 2023 година?15:00Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55На коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49
Михаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00
Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55