1Македонецот Волкановски ја одбрани титулата Светски шампион- го нокаутира досега непоразениот Евлоев
3Висок е 1,64 и им се спротиставува на сите закони на гравитација- го нарекуваат господин на огромна издржливост
ЗдравјеМалигно-болни пациенти талкаат по болничките ходници во потрага по термини за снимањеСтаро-нови проблеми со термините за ехо и мамографија.Дел од пациентите болни од рак не можат да се снимаат итно за да се утврди дали болеста им прогресирала бидејќи на државно нема термини. -Три дена идам, не може ни државно, ни приватно да се најде, нема термин. Вака пациентка на онкологија раскажува за маките. Иако претходно оперирана и третирана од рак на дојка, сега има болки, а дали болеста се вратила не може да дознае, бидејќи нема термин за обично ехо, па и мамографија што ќе покаже што ги создава болките. На Онкологија има и роднини на пациентки кои лутаат по болничките ходници за да закажат снимања пред нивните блиски да се оперираат. Иако два месеци дел од онколошките пациенти немаа терапија, денеска за дел од нив имаше, но и тие велат дека на државно тешко стигнуваат до термин за мамографија. Една од нив е осумдесет и шестгодишната Лилјана од Крива Паланка. Таа е задоволна од односот на лекарите и од сестрите во Скопје, ама вели оти по 10.000 денари дава месечно за превоз бидејќи во нејзинот град или во околината нема онколошки центар, а појаснува дека недостасуваат и општи лекари. Чекањето по неколку месеци за ехо и мамографија ги принудува дел од пациентите од свој џеб да плаќаат и по повеќе од 50.000 на приватно. За проблемот со термините за мамографија Министерот Беким Сали најави дека тој ќе бил надминат после Нова година до кога требало да стигнат нови апарати во повеќе болници, а од Клиниката за радиотерапија и онкологија пак, пратија соопштение дека новата директорка превземала огранизациски промени за подобрување на здравствените услуги. Од Клиниката појаснуваат оти се прават и нови онколошките протоколи за лекување, адаптирани на буџетот на клиниката. Инаку додека новата Директорка во меѓувреме прави и ревизија на финансиското работење за да се утврди дали некој препродавал терапии и имало злоупотреби со парите, некои од пациентите за Канал 5 тврдат дека терапии сепак, нема за сите. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиИзбори во Србија: Незапаметени редици од рано наутро пред избирачките места, излезноста над 46% до 14 часот15:29Вучиќ гласаше, откако два часа чекаше во ред со сопругата (ВИДЕО)10:50Само уставните измени или и акцискиот план за малцинствата – кои се условите за Македонија да ги почне преговорите со ЕУ?15:38Мицкоски: Честит Ден на македонската револуционерна борба!21:16Мицкоски: Македонија го минува најдолгиот и најтешкиот пат кон ЕУ15:05
Избори во Србија: Незапаметени редици од рано наутро пред избирачките места, излезноста над 46% до 14 часот15:29
Само уставните измени или и акцискиот план за малцинствата – кои се условите за Македонија да ги почне преговорите со ЕУ?15:38
СудбинаДесетгодишно девојче се јавила во болница поради болки во стомакот, докторите откриле дека е бремена- уапсен е очувот Ужасен случај на сексуална злоупотреба на деца ја потресе Аргентина откако лекарите утврдија дека 10-годишно девојче е бремено шест месеци. Полицијата го уапси нејзиниот очув (33), кој е осомничен дека сексуално ја злоупотребил. Девојчето и нејзината мајка дошле во болницата во Колонија Дора, во аргентинската покраина Сантијаго дел Естеро, жалејќи се на болки во стомакот. За време на прегледот, лекарите откриле дека детето е во напредна фаза од бременоста. Според австрискиот Krone, девојчето рекло дека нејзиниот очув ја злоупотребувал додека нејзината мајка била отсутна. Медицинскиот персонал ги известил властите, по што е започната истрага. Според аргентинските медиуми, полицијата уапсила 33-годишен маж во вторник во рурална област на департманот Авеланеда. За време на операцијата, му бил запленет мобилен телефон, кој ќе биде предмет на вештачење. Истрагата ја води обвинителот Гилермо Фаријас, а властите се обидуваат да ги утврдат сите околности на злоупотребата и евентуалната кривична одговорност на осомничениот. Според медиумските извештаи, мајката на девојчето има 25 години и е исто така бремена со уапсениот маж. Двајцата се запознале преку интернет и почнале да живеат заедно пред околу една година. Семејството има и уште три малолетни деца. Аргентинските медиуми известуваат дека истражителите продолжуваат да собираат докази, додека конечната одговорност на осомничениот ќе биде утврдена на суд.Тагови: бремена девојче Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканТежок инцидент пред избирачко место во Панчево- настана општа тепачка (ВИДЕО)Денеска се случи сериозен инцидент пред Земјоделското училиште во Панчево, каде што се наоѓа гласачкото место, кога група маскирани мажи се судрија со неколку млади мажи. За време на тепачката, беа употребени и пиротехнички средства, а најмалку едно лице е повредено, објави Телеграф. Како што објави на социјалните мрежи локалниот портал „Панчево си ти“, група маскирани мажи нападнаа неколку луѓе на улицата пред училиштето, додека снимки од насилството набрзо се појавија на социјалните мрежи. Снимките покажуваат физичка конфронтација, при што некои учесници користеа пиротехнички средства. Еден млад човек беше удрен во лицето, по што беше снимен со видливи повреди и крв на лицето. Според извештаите на локалните медиуми, за време на инцидентот беа употребени и стапови, а некои од учесниците носеа маски и качулки. Набрзо на местото на настанот пристигнаа полицајци, кои интервенираа по конфронтацијата. И покрај инцидентот пред Земјоделското училиште, гласањето на гласачкото место продолжи непречено, објавува „Блиц“. Во моментов нема официјални информации за бројот на евентуално приведени лица, ниту пак се познати сите околности што доведоа до конфликтот. Снимките од инцидентот се споделуваат на социјалните мрежи. Погледнете ги снимките од инцидентот: Pančevo danas: Jeziva tuča bakljama kod izbornog mesta https://t.co/ZivLShktZo — FantomBeograda (@FantomBeograda) October 25, 2026 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканУапсен е осомничениот за напад врз мајката на Александар Вучиќ Со наредба на Првото основно јавно обвинителство во Белград, на М.Н. (28) му е одреден притвор до 48 часа поради наводен напад врз мајката на Александар Вучиќ утрово.Уапсеното лице е осомничено за сторено кривично дело разбојништво, изјавија за Танјуг од Првото основно јавно обвинителство во Белград, објави Телеграф. Осомничениот ќе биде приведен во обвинителството на сослушување во наведениот рок. Српската напредна партија претходно денес објави дека мајката на Александар Вучиќ била вербално и физички нападната, во непосредна близина на пазарот Калениќ.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook