Малезискиот корона-град на духови полека заживува - Канал 5

Малезискиот корона-град на духови полека заживува

Станбено-деловната населба Форест Сити („Горски град“) во Малезија последниве неколку години е прогласен за „град на духови“ којшто стои речиси празен и ненаселен, откако е изграден како нов проект.

Малезискиот корона-град на духови полека заживува

Сепак, некои луѓе решиле да се вселат и да ја заживеат населбата.

Кога една кинеска компанија инвестирала скоро 100 милијарди евра во новиот футуристички град во Малезија, веројатно не се очекувало дека тој ќе остане празен. Сепак, различни фактори влијаеле на тоа овој уникатен град да пропадне како проект. Пред сè, иако сè што е изградено е сè уште во добра состојба, се наведува дека е изградено само 15 отсто од планираното. Натаму, од крајот на 2019 година и потоа, корона-пандемијата сериозно влијае на бизнисот бидејќи границите се затворени, а потенцијалните нови жители веќе не можеа да патуваат до градот.

Сепак, благодарение на работата на тамошните агенти за недвижности, имотите во Форест Сити сега почнуваат по малку да се полнат. Така, еден пар за „ЦНА инсајдер“ (CNA Insider) ги објаснува своите причини за преселба во новиот град.

- Можам да добијам стан со две бањи тука за помалку од 2.000 рингит (околу 24.000 македонски денари, з.п.). Значи, (финансиски) подостапно е во споредба со другите места, раскажува Вафа Ајна Вахид, која неодамна тука изнајмила стан со својот сопруг.

- Повеќето во големите градови наплаќаат четирипати повеќе за мал стан којшто веројатно и не е во близина на базен, а не, пак да има базен и плажа зад аголот. Конечно, нема да морам да бидам во „врска на далечина“ со мојот сопруг. Затоа сум толку возбудена што се преселив тука. Тој може да патува тука секој ден, додаде новата жителка, која работела во Сингапур.

Новите жители почнаа и бизниси - еден од нив е 40-годишен Кинез кој си отворил поштенска служба, а друг основал компанија што нуди интернет услуги... Градот е сè уште во изградба и тешко е да се предвиди дали ќе го добие предвидениот облик, но Малезиската влада нуди разни поволности, обидувајќи се да го оживее.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лишени од слобода се 12 возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“

Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, лишени од слобода се 12 возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“.

Лишени од слобода се 12 возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“

Од нив, осуммина управувале возило без положен возачки испит и тоа: М.Љ.(40), А.Ш.(22) и Ј.Б.(30) сите од Скопје, И.Р.(24) од с.Света Петка, скопско, А.Р.(23) од с.Беловиште, гостиварско, С.А.(35) од с.Мелница, велешко и Н.М.(28) од с.Зрновци, кочанско и 17-годишник од село во Општина Градско.

Под дејство на алкохол управувале две лица и тоа: Н.П.(29) од Куманово и М.Н.(19) од Скопје. Додека пак, со забрана за управување со моторно возило управувале С.Н. (37) од Кичево и Р.Х.(37) од с.Рашче, скопско.

По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лишен од слобода бугарски државјанин на Граничниот премин Богородица поради фалсификувана исправа

На 02.10.2026 во 09:50 часот на Граничен премин Богородица, полициски службеници го лишија од слобода И.А.И.(58) од Бугарија поради основано сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“ по член 378 од Кривичниот законик.

Лишен од слобода бугарски државјанин на Граничниот премин Богородица поради фалсификувана исправа

Известен е јавен обвинител, по што лицето е предадено во полициска станица Гевгелија и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Општина Аеродром го асфалтира паркингот пред детската градинка „Црвенкапа“

Градоначалникот на Општина Аеродром Дејан Митески денеска изврши увид во градежните активности за асфалтирање на паркинг-просторот кај детската градинка „Црвенкапа“ во Стар Аеродром.

Општина Аеродром го асфалтира паркингот пред детската градинка „Црвенкапа“

Со уредувањето и обележувањето на паркинг-местата се добива повеќе функционален простор, подобра инфраструктура и поуреден изглед во овој дел од општината.

Најважно од сè, со ова обезбедуваме посигурен и полесен пристап до градинката за родителите и за нашите најмлади. Кога инвестираме во инфраструктурата, инвестираме во секојдневието на граѓаните.

Општина Аеродром

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер