Малески: Со договорот за името стануваме сојузници со Грција

Никому не му е пријатно од промената на името, но од таа емотивна ситуација треба да се извлечеме свесно и да тргнеме во една нова ера за поубава и просперитетна земја. Од таа убавина ќе се компензира тоа што сега го дадовме под концесија.

Ова го изјави универзитетскиот професор и прв министер за надворешни работи на Македонија Денко Малески во неделното интервју на Радио Слободна Европа.

- Ние со овој договор стануваме сојузници со Грција, ги оставаме историските проблеми на страна и тргнуваме во една нова неизвесност, меѓутоа која е врзана за европската перспектива на Балканот. Конкретно за договорот јас лично мислев дека ние со нашата политика во првите децении, обидот да се избегнат обврските од времената спогодба да се најде решение за името преку добивање на признанија од држави под уставното име, а во вториот период преку градење на новиот македонски идентитет, преку поставување на темелите на тој идентитет во грчката историја и култура, се доведовме во таква невозможна ситуација, влеговме толку длабоко во „непријателска територија“ што навистина ми беше страв дали ќе се извлечеме живи. Сега гледам дека се извлековме живи, рече Малески.

Тој посочи дека не верувал оти Грците ќе се согласат на употребата на името „Macedonian language“ и „Macedonian“ како одредница за нацијата, односно за луѓето кои живеат на територијата на идна Северна Македонија.

- Просто не верував, мислев дека тие ќе инсистираат на латинична варијанта на македонски (makedonski) и Македонци (Makedonci) што ќе внесеше прилично немир кај нас и сериозно ќе го растресеше нашиот идентитет. Според тоа, големата отстапка беше да се направи промена на уставното име, вели Малески.

Прашан што значат според него уставните измени на кои се согласи Македонија за промена на уставното име, Малески рече дека никому не му е пријатно од оваа ситуација во која се најдовме.

- Никој не легна спокојно таа вечер кога премиерот кажа едно име кое за некои може да делува студено, за друго може да делува како повик за нови поделби и поим на поделеност итн. Тоа е една емотивна ситуација којашто ќе мораме да ја надминеме свесни, а за тоа разумот ни помага, дека тргаме во една нова фаза, нова ера, каде што ќе можеме оваа наша земја да ја уредиме така за да биде убава, пријатна, просперитетна, безбедна. Од таа убавина ќе излезе и нешто што ќе компензира за ова што сега до даваме како концесија, која во основа е навистина географска одредница, смета Малески.

На прашањето дали постои опасност референдумот да пропадне, Малески рече дека не знае каква ќе биде реакцијата кога ќе дојде време граѓаните да се изјаснат.

- За референдумот неизвесно е од една причина. Народот премногу долго беше изложен на оваа пропаганда која не беше ограничена од ништо во овие десет години, тоа беше наложена директно, така да речам државна политика. Цела една генерација расте под тоа влијание и навистина не би знаел да кажам каква ќе биде реакцијата во моментот кога ќе дојде време да се изјаснат граѓаните, вели Денко Малески во интервјуто. /МИА

Ужас во Намибија: Нилски коњ излезе од река и нападна туристи во чамец (ВИДЕО)

На интернет кружи грозоморно видео од Намибија, каде нилски коњ ги напаѓа туристите кои крстареле по реката Чобе.

И покрај напорите на капетанот да избегне „блиска средба“, водениот џин се приближил, ги покажал вилиците и го нападнал чамецот.

Сведоците велат дека пловилото полека се движело, додека љубопитните туристи гледале група нилски коњи од безбедно растојание.

Одеднаш, еден се упатил кон нив, а пропелерот на моторот се заглавил во плитката вода и немало време за бегство, пренесува The Sun.

На видеото се гледа како монструозното животно ги забива челустите во чамецот и го уништува надворешниот мотор. Унишен е и дел од коритото, а туристите седат преплашени.

„Не можев да верувам што се случува“, изјавила Џеки Бошоф подоцна.

Таа додава дека капетанот внимавал и ги исклучил моторите за да може чамецот тивко да се приближи до групата нилски коњи.

Сепак, еден од мажјаците решил да ги избрка „непоканетите гости“.

„Одеднаш нѐ нападна. Капетанот се обиде да маневрира, но се заглавивме во плитка вода. Дури подоцна сфативме дека покрај мажјакот има и младенче“, изјавила Бошоф.

Бајден: Луѓето заборавија на нападот на Хамас на 7 октомври

За време на неговиот говор за антисемитизмот и холокаустот во Салата за еманципација на Капитол, американскиот претседател Џо Бајден рече дека луѓето ширум светот веќе го заборавиле масакрот на Хамас на 7 октомври и земањето заложници Израелци.

„Тука сме, не 75 години подоцна, туку само седум месеци подоцна, а луѓето веќе забораваат дека Хамас го започна овој терор. Не заборавив, ниту вие. И нема да заборавиме“, рече американскиот претседател , пренесува Тајмс оф Израел.

Бајден оцени дека нападот на Хамас врз Израел, во кој беа убиени околу 1.200 луѓе, а 252, главно цивили, беа киднапирани, е најсмртоносниот ден за Евреите по холокаустот.

„Оваа омраза кон Евреите продолжува да лежи длабоко во срцата на премногу луѓе во светот и бара наша постојана будност и отвореност“, рече Бајден.

Тенисерка доби 9 милиони долари отштета поради сексуално злоставување (ВИДЕО)

Поротата на Федералниот суд во Флорида ѝ додели на тенисерката Кајли Мекензи отштета од 9 милиони долари, откако таа ја обвини Тениската асоцијација на Соединетите Американски Држави (USTA) дека не ја заштитила од тренерот .

Поротата на Федералниот суд во Флорида ѝ додели на тенисерката Кајли Мекензи отштета од 9 милиони долари, откако таа ја обвини Тениската асоцијација на Соединетите Американски Држави (USTA) дека не ја заштитила од тренерот за кого рече дека сексуално ја нападнал во тренинг центар кога била тинејџерка.

Во тужбата, поднесена од Мекензи во март 2022 година, се наведува дека Анибал Аранда, кој бил вработен во националното раководно тело на спортот околу седум години, а подоцна бил отпуштен, ја искористил својата позиција како тренер за да добие пристап и да ги малтретира ранливите спортистки, јавува АП.

Таа, исто така, тврдеше дека УСТА од небрежност не успеала да ја заштити од сексуален напад и небрежно го задржале Аранда како тренер откако тој сексуално нападнал службеник на УСТА.

Поротата на Окружниот суд на САД вчера ѝ додели на Мекензи 3 милиони долари како компензација и додаде 6 милиони долари за казнена отштета.

Портпаролот на USTA Крис Вајдмаер најави дека синдикатот ќе поднесе жалба на пресудата.

Тој рече дека УСТА е „длабоко вознемирена“ од одлуката, вклучително и затоа што „судот пресуди дека УСТА е одговорен затоа што еден од неговите вработени, кој не е спортист, имал обврска да го пријави сопственото искуство со овој тренер на УСТА, и тоа е инцидент кој бил непознат додека USTA не го отпушти тренерот. Ова поставува нови и неразумни очекувања за жртвите“.

притисни ентер