Мицкоски: Опозицијата седум години ја ограбуваше Македонија, а со нас денес е стабилна и во најголемата енергетска светска криза
2Мицкоски: Опозицијата седум години ја ограбуваше Македонија, а со нас денес е стабилна и во најголемата енергетска светска криза
ЖивотМалави прогласи состојба на катастрофа поради сушаИсточноафриканската земја Малави прогласи состојба на катастрофа поради големата суша што зафати голем дел од земјата.Претседателот на Малави, Лазарус Чаквера побарал повеќе од 200 милиони долари хуманитарна помош, јави Би-би-си. Потегот на Малави доаѓа помалку од еден месец откако соседна Замбија презеде сличен чекор. Зимбабве, исто така, соопшти дека голем дел од посевите во земјата се уништени. Светската програма за храна на Обединетите нации соопшти дека неколку земји во Африка се на работ на криза со храна поради сушата предизвикана од влијанието на климатскиот феномен Ел Нињо.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМуцунски: ЕУ да не оценува според реформите, не според историјата- дијалогот ќе продолжи 18:20Во Софија средба Муцунски и Петрова Чамова, можен ли е напредок во обновениот дијалог15:18Денеска билатерална средба Муцунски – Петрова Чамова во Софија 08:35Утрешната средба Муцунски – Петрова Чамова потврдена од бугарското МНР 15:00ЈО: Виш јавен обвинител осомничен за примање награда за противзаконито влијание10:40
ЕвропаЗаложничка криза во Германија, има мртви и тешко повредени (ВИДЕО)Рутинската контрола на оружјето во баварскиот град Бергнау се претвори во целосна криза со најмалку едно лице загинато и едно тешко повредено, јавуваат медиумите во Германија.Кризата започна кога двајца локални владини претставници дојдоа во домот на еден маж на рутинска контрола на оружјето. Во ситуација опишана од германските медиуми како „нејасна“, човекот застрелал и убил едно лице, а друго сериозно повредило. Потоа се забарикадирал во својот дом, а на местото на настанот пристигнале големи полициски сили, вклучувајќи и специјални сили. Хеликоптер кружи над Бергнау, а е донесено и полициско оклопно возило. Полицијата им нареди на жителите да останат во своите домови и да ја избегнуваат кризната зона. Портпаролот на полицијата Јонас Краус изјави: „Според досегашните информации, во куќа во Бергнау има маж кој наводно испукал неколку куршуми“. „Франкфуртер Рундшау“ известува дека на полицијата ѝ било дозволено да влезе во зградата и да го извади телото на убиеното лице. Други медиуми објавија дека телото било пред куќата. Пошироката област околу општината Бергау во Баварија, која има население од околу 2.600 жители, е блокирана. Според полицијата, нема опасност надвор од блокираната област.Тагови: Германија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМицкоски: Опозицијата седум години ја ограбуваше Македонија, а со нас денес е стабилна и во најголемата енергетска светска криза Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на митинг во Милетино во пресрет на изборите за градоначалник на општина Брвеница, кои ќе се одржат на 18 октомври годинава, имаше свое обраќање .Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на митинг во Милетино во пресрет на изборите за градоначалник на општина Брвеница, кои ќе се одржат на 18 октомври годинава, имаше свое обраќање пред присутните од каде повика на масовно обединување на граѓаните на претстојните избори, а потсети и на времето на претходната власт. ,,Седум години ја ограбуваа, ја распродаваа и ја уништуваа Македонија. Како да овие луѓе до пред само две и пол, три години, не беа тие коишто беа понижувани преку партија фудбалчиња и баскет парти во кабинетите и беа верни слуги на оние кои што владееја со нив. Како да заборавиле и на модуларната болница, како да заборавиле и на стабри и на мархиуана економија. И денеска еве ги тука пред вас, ви кажуваат како тие биле опцијата, како тие ќе го нанеле ударот врз идниот градоначалник Стојанчо, и како тие ќе помогнеле да не бидеме ни ние тие кои што ќе влезат во вториот круг“, вели Мицкоски. Тој повика на обединување на 18-ти октомври, затоа што, како што вели, опозицијата не е алтернатива. ,,Не се тие алтернативата. Тие се луѓето кои што ја ограбија и уништија Македонија. Зарем сакаме тие времиња да се вратат, кога понижени со свиткана кичма потпишуваа бели листови хартија, распродавајќи ја државата и истовремено ги полнеа своите џебови. Зарем тие истите луѓе, коишто седум години не водеа сметка да ве прашаат и погледаат во очи, како ви е, како се живее и што треба да направат за вас, за вашето место, за вашата општина и за нашата заедничка татковина. Единствено нешто за кое што се грижеа беше нивниот паричник, нивниот удобен живот, дебелите персиски килими, кожните фотелји и што е можно повеќе да украдат од вас граѓаните“, рече Мицкоски, се наведува во партиското соопштение.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаРадичевски: Продолжуваме посветено и транспарентно да работиме за БрвеницаКандидатот за градоначалник на општина Брвеница од ВМРО-ДПМНЕ, Стојанчо Радичевски, имаше свое обраќање пред присутните на митинг во Милетино при што ја претстави својата визија и дел од проектите предвидени во програмата за развој на општината.,,Оваа кампања ја започнувам со почит, со достоинство и со човечност. Во изминатиот период бевме сведоци дека проектите се работеа јавно, транспарентно и во интерес на граѓаните. Ветувам дека тоа е темпото кое јас ќе го продолжам“, рече Радичевски и додаде: ,,Брвеница е наша и заедничка. Нејзината иднина не смее да зависи од тоа кој за кого гласал. Градоначалникот мора да биде градоначалник на сите жители, на оној што гласал за него, но и на оној што не гласал, на оној што има партиска книшка, но и на оној што нема. Затоа што по изборите остануваме соседи, остануваме пријатели, остануваме една заедница. А само со соработката со локалната, централната власт можеме да направиме вистински резултати за граѓаните“. Тој наброи и дел од проектите од програмата за општина Брвеница, за што кажа дека има конкретни проекти и конкретни рокови за проектите, дел кои се веќе во реализација. ,,Планираме доизградба и реконструкција на општинската зграда. Изградба на систем на водоснабдување во Челопек и развој на инфраструктурата во индустриската зона Брвеница. За да привлечеме нови инвестиции, да отвориме нови работни места и да создадеме подобри услови за нашите млади, да ја гледаат својата иднина овде, во Брвеница. За младите и економијата, отвораме локален иновациски фонд ,,Млади со идеи“, бизнис инкубатор ,,Мој бизнис, моја општина“, Центар за знаење и практични вештини и програми за поддршка на женското претприемништво и руралниот развој. Затоа што младите не само што се иднина на Брвеница, младите се нејзината сегашност и нивните идеи мора да добијат шанса. Не ги забораваме ниту најмладите, ниту најстарите, градиме нова детска градинка во Челопек, проект кој е во фаза на реализација, ја доградуваме градинката во Брвеница, отвораме дом за стари лица со капацитет до 50 корисници и инвестираме во енергетската ефикасност и пристапност до училиштата за деца со посебни потреби“, истакна Радичевски, се наведува во партиското соопштение.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter