Мал, но со големо срце! Ова лето Филип од Скопје не избра удобност, туку одговорност - Канал 5

Мал, но со големо срце! Ова лето Филип од Скопје не избра удобност, туку одговорност

Додека многумина негови врсници го минуваат летото пред екран, 12-годишниот Филип Тасев од Скопје одлучи да направи нешто поинакво – да го посвети своето време на нешто поголемо од себе.

Мал, но со големо срце! Ова лето Филип од Скопје не избра удобност, туку одговорност

Ова лето тој не избра удобност, туку одговорност. Не избра забава, туку служба. И тоа – како волонтер на Летниот Европски младински фестивал „Скопје 2025“.

Лето 2025: Прв пат во акција

Филип секој ден беше на терен – со акредитација околу вратот, со насмевка на лицето и со сериозност во однесувањето што ретко се гледа дури и кај возрасните. Трчаше низ спортската сала „Јане Сандански“, проверуваше акредитации, ги упатуваше гостите, помагаше со логистика и сето тоа го правеше со огромна љубов и посветеност.

Професионализам во најмала возраст

За време на неговата смена немаше разлика помеѓу Филип и возрасните волонтери — тој доаѓаше на своето работно место во утринските часови, и со огромна сериозност се посветуваше на своите работни обврски во текот на неговата 7–8 часовна смена без пауза, држејќи чек‑лист и проверувајќи дали акредитациите се комплетни, валидни и правилно поставени — задача повремено тешка и за возрасните волонтери.

Растеше со тимот

Организацијата на EYOF 2025 вклучуваше над 900 волонтери од целиот континент, а преку Волонтерскиот Центар Скопје младите добиваат обука за логистика, комуникација, медиумска поддршка и пречекување на делегации. Иако официјалната граница за волонтери е 16 години, во некои ситуации може и млад волонтер да биде дел од оваа организација со согласност од родителите — Филип е таков пример, со огромна доверба од организаторите заради посветеноста која ја покажа.

Филип покажа дека возраста не е пречка за ангажман – туку мотивацијата, со своата посветеност и желба, Филип ги покажа и докажа вистинските вредности и стана дел од оваа важна приказна која прави промена.

Тој е пример за тоа како изгледа новата генерација – посветена, активна и со отворено срце за заедницата. Ова не е само приказна за едно дете. Ова е потсетник за сите нас дека хероите не мора да носат костими. Понекогаш носат само шешир, флуоресцентен елек и искра во очите. Со своето присуство тој стана мост меѓу локалниот ентузијазам и европската енергија.

Браво, Филип! Ти си инспирација. Нека твојот пример биде светло за сите млади – дека вистинската промена започнува уште од најрана возраст.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кејти Холмс во врска со 11 години помладо момче, уметник

Американската актерка Кејти Холмс (47), поранешната сопруга на холивудскиот великан Том Круз, присуствуваше на гала-настанот на „Американскиот балетски театар“ во друштво на својот нов партнер, уметникот Џејсон Бард Јармоски.

Кејти Холмс во врска со 11 години помладо момче, уметник

Двојката се појави заедно на настанот во Њујорк, а актерката не престануваше да се смешка додека позираа заедно.

Нивното заедничко појавување привлече внимание, а се чини дека романсата помеѓу актерката и уметникот продолжува да се развива. Кејти Холмс изгледаше блескаво во елегантен фустан, придружувана од нејзиниот партнер облечен во костум.

Кејти и Џејсон првпат беа поврзани во јули, кога беа фотографирани заедно на проекција на филмот „Поканата“ (*The Invitation*). Кратко потоа, тие се појавија држејќи се за раце на вечера организирана по повод отворањето на привремен простор на брендот „Ферагамо“ во Хемптонс.

Засега, актерката нема кажано многу за нивната врска, но во интервју за списанието „Ел“ (*Elle*) откри дека таа и Џејсон имаат „сличен вкус“.

Холмс исто така сподели неколку негови фотографии на социјалните мрежи, вклучително и објава за неговиот роденден во септември, во која го опиша како „најдобриот од најдобрите“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Елегантната Ирина Шајк

Таа е сонот на секој маж, а со ова издание покажа зошто луѓето „полудуваат“ по неа.

Фото: Елегантната Ирина Шајк

Една од најбараните манекенки на светот руската убавица Ирина Шајк се појави на еден настан во Њујорк и покажа како блеска природната убавина. Дали можеби знаете за која убавица станува збор?

Руската манекенка Ирина Шајк блесна на доделувањето на наградите „Иноватор“ (Innovator Awards) на списанието WSJ во Њујорк. За таа пригода, таа се одлучи за модна комбинација која, иако делува скромно, сепак открива многу.

Како што може да се види, таа избра бела креација од јапонскиот бренд „Исеј Мијаке“ (Issey Miyake), која е дел од колекцијата за есен/зима 2026 година.

Станува збор за структуриран фустан со корсет, кој ја следи линијата на телото и ја истакнува витата фигура. Оваа минималистичка креација е украсена со интересни, лелеави детали во горниот дел, кои на целокупниот изглед на Ирина му дадоа женствена нота.

Сепак, не смееме да го изоставиме отворениот грб – впечатлив елемент во дизајнот што на ова софистицирано, речиси ненаметливо издание му даде привлечна нота.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Почина легендарниот хрватски пејач Мишо Ковач

На 85 годишна вораст попладнево Почина легендата на балканската музичка сцена, хрватскиот пејач Мате Мишо Ковач –, човек кој продаде над 20 милиони носачи на звук во текот на кариерата што траеше речиси половина век.

Почина легендарниот хрватски пејач Мишо Ковач

Веста за неговата смрт за хрватските медиуми ја потврдија извори блиски до пејачот. Мишо починал околу 15:30 часот во својот дом во Сплит. Пред смртта, тој изразил желба да биде погребан во Загреб.

Покрај неговите безвременски хитови и бројни успеси, личниот живот на Мишо Ковач беше одбележан со голема трагедија. Деведесеттите години од минатиот век донесоа најтежок период за прочуениот пејач.

Во 1992 година, неговиот шеснаесетгодишен син Еди почина во Загреб под нејасни околности. По смртта на Еди, Мишо Ковач одржа голем концерт насловен „Ноќ на свеќи“ (*Noć svijeća*) на стадионот „Пољуд“ во Сплит. Настапи пред 50.000 луѓе, а по концертот изјави дека повеќе нема да настапува. Сепак, тој не го одржа зборот.

Покрај синот, во 1990-тите години тој ги загуби и мајка си и помладиот брат. По неколкугодишна борба со депресијата, Мишо се обиде да изврши самоубиство во Загреб во 1999 година, но преживеа.

Подоцна, тој се врати со концерт во Спортскиот центар, сними нови албуми и дуети со својата ќерка Ивана, а повторно победи и на Сплитскиот фестивал. Од тој период најмногу се издвојува песната „Далматино“. Во 2012 година, тој ја доби наградата „Порин“ за животно дело.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер