Куриер и Руседски: Новак Ѓоковиќ е најдобриот тенисер на сите времиња, неговата статистика го потврдува тоа!
2Куриер и Руседски: Новак Ѓоковиќ е најдобриот тенисер на сите времиња, неговата статистика го потврдува тоа!
ЖивотМал е бројот на жени заинтересирани за оплодување со генетски материјал од донаторИмам 40 години и неколку неуспешни долги врски зад себе. Како одминуваат годините, се' почесто почнав да размислувам дека тешко ќе најдам некој што ми одговара со кого би основала семејство. Би сакала да имам дете. Не знам каква е постапката за да бидам оплодена со донатор на сперма и колку тоа чини. Семејството и пријателите ме поддржуваат. Но, ми велат да размислам дали можам сама да го одгледувам детето. Ме советуваат да се распрашам кои се мажите кои донираат сперма, односно, да не случајно некој од нив боледува од некаква болест. Се работи за животно прашање и одлуката не е лесна. Безброј прашања ми минуваат низ глава, но желбата да родам е сѐ посилна и мислам дека нема да погрешам, ни вели Маја од Скопје, која е немажена, а сака да роди дете. Како до бебе без партнер? Ова прашање си го поставуваат многу како Маја, кои мајчинството не успеале да го реализираат во една класична семејна заедница, да го пронајдат животниот сопатник и да создадат семејство. Иако, во Македонија веќе една деценија е дозволено законски оплодување со донатор на сперма, се чини темата сѐ уште е табу и за неа не се говори доволно. А, цената за ваков вид услуги се движи од 500 до 1.500 евра. Но, колку жените кај нас ја користат оваа законска можност? Донатори од Данска и Шпанија Во Клиничката болница „Аџибадем Систина" се врши оплодување со спрема на донатор и за таа цел потребна е нотарска изјава и психолошко советување. По добиената документација се поднесува барање до Државната комисија за биомедицинско потпомогнато оплодување во Министерството за здравство. – Целата постапка од моментот на доаѓање на барателот во нашата болница, добивање на потребната документација и набавка на биолошкиот материјал од банката за сперма трае од 2 недели до месец дена, вели доктор Слободан Лазаревски, шеф на центарот за ИВФ во „Аџибадем Систина". Тој информира дека во „Аџибадем Систина" има интерес од жени кои сакаат да добијат дете без партнер со помош на асистирана репродукција. – Најчесто се жени од Србија, Босна и Херцеговина, Косово, како и од западно европските земји, бидејќи кај нив законот за биомедицинско потпомогнато оплодување е поригорозен и забрането да се направи ин витро доколку немаат партнер, вели доктор Лазаревски. Во Македонија, иако законски е предвидено, се уште нема банка за спрема. А Клиничката болница „Аџибадем Систина" го увезува биолошки материјал од реномирана банка за сперма од Данска. – Примероците од донаторите се високо квалитетни и испитани од инфекции и наследни болести. Пациентката има право да си одбере материјал според физички карактеристики. И се дава каталог од банката каде има фотографија од донаторот кога бил дете. Цената за оваа услуга е различна и зависи од физичките карактеристики на донаторот, вели доктор Лазаревски. По барање на пациентот Бројот на немажени кои побарале вакво оплодување е симболичен Во „Ремедика", исто така, вршат оплодување со сперма на донатор или асистирана репродукција. Но, бројот на немажени кои побарале таква услуга е симболичен, велат оттаму. – Во Центарот за асистирана репродукција и Ин витро фертилизација при ПЗУ Ремедика од 2008 година се врши оплодување со донаторски материјал за немажени жени и двојки кои имаат медицинска индикација за истото (Азозооспермиа) или непостоење на сперматозоиди кај партнерот. За да може да се покрене постапка за вакво оплодување треба да се добие согласност од Комисијата за биомедицинско оплодување при Министерството за здравство која прави контрола и увид за тоа што се случува во Македонија со донираниот материјал. Се даваат изјави кои треба да се заверат на нотар, парот/ девојката поминуваат на психолошко советување, а гинеколошкиот тим дава стручно мислење, велат од „Ремедика". Оттаму информираат дека соработуваат со две банки за донација, од Данска и од Шпанија. Донаторите се скенирани за најчестите инфективни заболувања (Хепатитис Б, Ц и СИДА), потоа сексуално преносливите болести и генетски заболувања (Цистична фиброза, б таласемии), нормалек кариотип 46 XY, крвна група и професија. – По барање на пациентот и соодветна доплата во банката заинтересираната двојка/жена може да добие поконкретно досие за донаторот. Инаку, заинтересираните доаѓаат кај нас со конкретни барања, односно со какви карактеристики би сакале да биде донаторот. Ние им ги даваме податоците од секој донатор со кој располагаме и потоа одлучуваат. А за двојките обично донаторот се избира според карактеристиките на мажот и крвната група на двајцата. Бројот на немажени кои побарале вакво оплодување е симболичен, информираат од оваа здравствена установа. Фондот не ги покрива трошоците Во „Ре-Медика" засега не се пријавиле мажи од Македонија кои би сакале да го донираат својот генетски материјал. – Цената само за донираната сперма за еден обид е 40.000 денари. Со Фондот за здравство имаме соработка и при оправдани медицински индикации тој дава ваучер со кој се покриваат другите трошоци за ИВФ обидот, но не ја покриваат цената за донацијата. Пациентите приватно си ја плаќаат, велат од „Ре-Медика". Од Фондот за здравство појаснија дека тие ги покриваат трошоците само ако пациентката има медицински проблеми. – Во светот не постои држава која покрива трошоци ако некоја здрава жена одлучила да се оплоди со донатор на сперма. Ние покриваме трошоци на оние жени кои имаат медицински проблеми, а таквите се две до три годишно. Кај нас има шест приватни клиники каде што можат да се купи генетички материјал, велат од Фондот за здравство. Оттаму информираат дека цената на таквиот материјал се движи од 500 до 1.500 евра. Актуелниот Закон за биомедицинско потпомогнато оплодување (БПО) дава можност да ја користат оваа постапката и сите полнолетни и деловно способни жени кои не се во брак или не живеат во вонбрачна заедница, а имаат желба да станат мајки Но, жените треба претходното да се имаат лекувано по другите методи, но тоа да било неуспешно. Законската регулатива исто така бара тие според возраста и општата здравствена состојба да се способни за родителска грижа. Истовремено, предвидено е оплодувањето да се реализира само во здравствени установи кои имаат овластување од министерот за здравство за спроведување на ваква постапка. Дали БПО ќе биде на товар на пациентката или ќе биде одобрено од страна на комисиите во Фондот, зависи од исполнетоста на условите кои се законски пропишани. Детето треба да расте во здрава емотивна средина Оплодувањето со помош на донатор на генетички материјал, освен што овозможува на една немажена жена да го реализира својот сон да стане мајка, помага и во намалувањето на „белата чума" која одамна ја зафати Македонија. Според официјалните податоци на Заводот за статистика од 1995 година до 2012 година наталитетот во Македонија е намален за четирипати. Тоа значи дека природниот прираст (позитивната разлика помеѓу живородени и умрени во една календарска година) која во 1995 година бил 13.717 лица, пред две години бил само 3.434 лица. Психолозите предупредуваат дека жената која се одлучила да роди со помош на донатор на сперма, треба да биде подготвена дека еден ден детето ќе праша за неговиот татко. Тоа е момент на кој жената треба да биде добро подготвена како ќе му објасни на детето кој му е татко. Несомнено е дека на едно дете му се потребни двајцата родители, но тоа не значи дека тоа ќе има поинаков развој доколку живее само со мајката. Ако детето расте во здрава емотивна средина каде што ќе може добро да се развива нема да има никаков проблем тоа што расте само со мајката, сметаа стручните лица./МИА.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСе повеќе странски туристи ја посетуваат Македонија – најбројни гостите од Турција Се повеќе туристи, но не и подолг престој. Во септември земјава ја посетиле над 136.000 туристи, што е за 2,5% повеќе во споредба со период месец лани. На кумулативно ниво, во првите девет месеци од годинава бројот на туристи е зголемен за 3%. Сепак, податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека туристите во просек се задржуваат околу 2,5 ноќевања, додека во септември просекот е помал и од две ноќевања. Според професорот и поранешен директор на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, Љупчо Јаневски, овие податоци покажуваат дека Македонија станува дестинација за транзитни и кружни патувања. Според него, потребно е поголемо внимание на постојните, но и создавање нови туристички атракции, повеќе чартер-летови и поголема понуда на пакет-аранжмани за престој во земјава. -Ние стануваме сè повеќе дестинација за кружни патувања и задржувањето на туристите е многу помало. Сметам дека ни се потребни дополнителни авионски линии, зголемување на обемот на странски туроператори коишто ќе оперираат во нашите туристички места со зголемена сезоналност, од мај до октомври. Поголем број на чартери и исто така пакет-аранжмани со останување 5 до 7 денови во дестинацијата,- доц. д-р Љупчо Јаневски – професор на Факултет за туризам. Но, предизвикот не е само како да се задржат туристите подолго, туку и како да се привлечат надвор од летната сезона. И минатата зимска сезиба бројот на туристи во периодот од декември до февруари бил зголемен за околу 6,5 проценти, но сепак бројот на ноќевањата се намалил за 1,5 проценти. Јаневски смета дека градовите треба навреме да подготват новогодишни програми и промоцијата да ја насочат кон туристите од регионот. Посочува дека не е доволно гостите да ја поминат новогодишната ноќ во Охрид или Скопје, а веќе следниот ден да заминат. Целта треба да биде развој на понуда што ќе ги мотивира да останат три до четири дена, преку градски, конгресен и друг вид туризам. - Сметам дека повеќе треба да се работи на конгресниот туризам, повеќе да се работи на сити-брејк дестинацијата за три до четири ноќевања. Исто така, поголем фокус треба да биде за стимулирање, реинвестирање во дестинацијата и исто така развивање и зајакнување на домашните туроператори коишто треба да бидат носители на аранжманите, а не само извршители, односно не локални DMC-ја во самата дестинација,- доц. д-р Љупчо Јаневски – професор на Факултет за туризам. Според податоците на ДЗС, во септември најмногубројни биле туристите од Турција, од каде пристигнале речиси 28 илјади гости. По нив следуваат туристите од Србија со над 8.300, Германија со над 6.600 и Полска со околу 4.700 туристи. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПо кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00Продолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20Лукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16Случајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија11:21
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
МакедонијаСнопче: Додека зборував од моето место, бев прекинат од координаторот на ВМРО-ДПМНЕОна што денес се случува во Собранието претставува загрижувачки преседан за функционирањето на парламентарната демократија.На пратениците од опозицијата им е загарантирано правото во времетраење од два часа да поставуваат пратенички прашања до Владата. Но, кога се бара пауза, со што се прекинува можноста за остварување на ова право, а потоа образложението е дека двата часа веќе поминале, станува збор за апсурдно толкување на Деловникот на Собранието. Ова е еден вид политичка шизофренија: да имаш загарантирано право во времетраење од два часа, а потоа времето поминато во паузи да се користи како аргумент за да ти се ускрати токму тоа право! Додека зборував од моето место, бев прекинат од координаторот на ВМРО-ДПМНЕ, поради што не успеав до крај да го искажам својот став, објави Халил Снопче од Алијанса за Албанците.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗдравјеЕдногодишно дете сомнително на морбили – се чекаат резултатите за потврда Уште едно дете на возраст од околу една година е сомнително на морбили, и иако има делумна потврда дека е заразедно со мали сипаници, сепак се очекуваат резултатите од целосна лабораториска анализа, велат од ИЈЗ. Олеснителна околност за помал ризик од епидемија во последниот шести случај е тоа што детето не одело во градинка, а според првичните епидемиолошки анализи имало контакт со роднини од Косово каде што инаку има епидемија на мали сипаници. Министерот Сашо Клековски потенцира дека присилни мерки за имунизација во Македонија нема, а засега нема ни жариште за можна епидемија. Градинките не смеат да забрануваат прием на деца бидејќи таква мерка од здравство не постои, кажа Клековски, но сепак, апелира на свеста на родителите, иако деновиве има поголем одзив за вакцинирање со МРП. Додека се бројат ризиците за можна епидемија на мали сипаници, властите тврдат дека детално се прегледуваат сите случаи на воспаление на коски кај дечињата со цел да се утврди дали и кај нас има сомнежи за зголемен број на остеомиелит како во Хрватска, откако и во Македонија целосно се стопира вакцинацијата со БСЖ во родилиштата. Таа ќе продолжи со нови вакцини од Јапонија кои се набавуваат преку УНИЦЕФ што ќе ги заменат бугарските, но кога ќе пристигнат во земјава, засега не се знае. Во однос на вакцинацијата против грип, пак допрва треба да пристигне втората тура од 26.000 вакцини кои сега се во Словенија, а од Министерството уверуваат дека наскоро ќе се повикуваат граѓани што сакаат да се имунизираат но не спаѓаат во ризичните групи. Се очекува годинава на располагање да има 85000 вакцини против грип. Тагови: морбили Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПо кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00Продолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20Лукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16Случајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија11:21
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20