Максим Димитриевски вели дека единствена цел на СДСМ е компромитирање на ЗНАМ - Канал 5

Максим Димитриевски вели дека единствена цел на СДСМ е компромитирање на ЗНАМ

Како несновани клевети кумановскиот градоначалник и лидер на ЗНАМ Максим Димитривски ги оцени обвинувањата од СДСМ за негово учество во наводен урбанистички корупциски скандал. 

Максим Димитриевски вели дека единствена цел на СДСМ е компромитирање на ЗНАМ

Вели дека од парцелата на атрактивна локација во Куманово продадена на Лидл, неговото семејство поседувало само 2.8 проценти. Не негира дека замјиштето го продале на неговиот кум, но тврди дека нема никаква вмешаност во купопродажбата меѓу него и познатиот ланец маркети, а демантира и дека бил променет ДУП-от на седница на советот на сопштината. Димитриевски смета дека неговата партија е цел на напади од СДСМ за да и се наштети во пресрет на локалните избори.

- Би сакал да ја информирам јавноста и граѓаните дека целта на оваа кампања на СДСМ не сум лично јас, туку преку мене политичкиот субјект кој е најбрзорастечка партија во Македонија, а тоа е Движењето ЗНАМ – За наша Македонија.– Максим Димитриевски.

Од опозициската СДСМ пак и понатаму обвинуваат дека постои судир на интереси во слуачјот и на прес конференција објавија документ со кој твдат дека кумот на Димитриевски го овалстил ЛИДЛ да постапува за измена на ДУП-от, но и дека поседуваат инфомации дека ова не е едиснтвениот склучен договор.

„Дали е вистина дека постои друг договор помеѓу кумот на Максим склучен со Лидл, во кој тој се обврзува да издејствува измена на ДУП-от во рок од две години? Дали е точно дека согласно тој договор, тој иако ги наплатил сите 600.000 евра, смее да користи само 180.000 евра, а останатите 420.000 мора да бидат на сметка и дека ќе може да ги користи дури по реализација на договореното, односно измена на ДУП-от? Итно мора да се оформи предмет за овој повеќе од очигледен случај на корупција на Максим Димитриевски“.- - Александар Јовановски, советник на СДСМ во О. Куманово.

Од СДСМ најавуваат дека ќе објават и документ за наводна соработка на Димитревски со советниците од ДУИ, иако децидно негираше било каква соработка со интегративците, на кои како што рече не им должел ништо. Кумановскиот градоанчалник ги повика надлежните иснтитуци да го испитаат случајот и деколку и доколку има евентулани злоупотреби, кривично да одговараат сите инволвирани.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Медведев поради глупост и дисквалификацијата против Ѓоковиќ, испадна од Топ 5 (ВИДЕО)

Данил Медведев ќе претрпи повеќекратна штета поради исклучувањето од мечот со Новак Ѓоковиќ во полуфиналето на Пекинг. 

Медведев поради глупост и дисквалификацијата против Ѓоковиќ, испадна од Топ 5 (ВИДЕО)

Не само што е без премијата што ја заработи, туку ги загуби и бодовите што го држеа во првата петорка во светот.

Имено, Медведев налутено упати топка во публиката и удри гледач, а на само неколку поени од пораз си потпиша сопствена дисквалификација.

Тоа значи дека нема да зема бодови за полуфинале.

Тоа дополнително имплицира дека тој нема да биде во Топ 5, бидејќи со откажување на неговите поени пред него се враќа Феликс Оже Алијасим и ќе има уште 30 поени.

А во трката за завршниот Мастерс во Торино трпи удари, бидејќи Ѓоковиќ сега драстично му се приближи и би можел да го остави без таа конкуренција.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Најтешката тиква има 651,5 килограми, ја подигаат со виљушкар

Најтешката тиква во Швајцарија оваа година тежи 651,5 килограми и е одгледувана во приватна градина во кантонот Цирих, објавува швајцарската агенција Keystone-SDA.

Најтешката тиква има 651,5 килограми, ја подигаат со виљушкар

Ова е трета година по ред одгледувачот Флоријан Ислер од Еслинген, во кантонот Цирих, ја освои титулата швајцарски шампион во одгледување џиновски тикви, објави организаторот на натпреварот, Jüker Farm.

Рекорди се уриваат!

Тиквата припаѓа на сортата „Атлантски џин“, а нејзиниот одгледувач Ислер постави уште три швајцарски рекорди - за најтешкиот примерок од сортата „Бучел Гард“, тежок 136,6 килограми, највисокиот сончоглед, висок 7,695 метри, и најтешката лубеница, која тежела 97,2 килограми.

Срушени се и други швајцарски и светски рекорди во одгледување џиновски зеленчук.

Семејството Мајер од Детликон, исто така во кантонот Цирих, сега го држи светскиот рекорд за најтежок сладок компир, еден со тежина од 13,6 килограми, додека Јирг Висли од Досвил, во кантонот Тургау, во североисточна Швајцарија, го постави светскиот рекорд за најдолга лута пиперка, со должина од 54,3 сантиметри.

Вкупно 18 џиновски тикви беа измерени на фармата Бихлихоф.

Ништо без виљушкар

На натпреварот учествуваа 16 тима, вклучувајќи два тима одгледувачи и две семејства.

Меѓу 18-те измерени примероци беа 14 портокалови тикви од сортата „Атлантски џин“ и четири зелени тикви.

Актуелниот швајцарски рекорд за најтешка тиква е 1.054 килограми, додека светскиот рекорд е 1.278,8 килограми.

За време на вчерашниот натпревар, разни видови зеленчук беа транспортирани до вагата со виљушкар.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Утре сончево време со температура до 29 степени

Утре времето ќе биде сончево и релативно топло, информираат од УХМР.

Утре сончево време со температура до 29 степени

МАКСИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА

14 Попова Шапка, 17 Крушево, 21 Претор, Маврови Анови, Охрид, 23 Берово, 24 Прилеп, Виница, Битола, 25 Крива Паланка, 26 Тетово, Штип, Демир Капија, 27 Кавадарци, Велес, Скопје Петровец, 28 Струмица, Скопје Зајчев Рид, Гевгелија.

ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА И ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ

Времето денес беше сончево и релативно топло со слаб ветер од променлив правец. До крајот на денот ќе биде стабилно и ведро.

ВРЕМЕТО УТРЕ

Утрото ќе биде ведро и студено, а во текот на денот сончево и релативно топло. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 6, а максималната во интервал од 22 до 29 степени.

Во Скопје, сончево и релативно топло со слаб ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 26 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

Во четврток времето ќе биде сончево и релативно топло со променлива облачност во текот на денот. Во петок и за време на викендот, времето ќе биде променливо облачно со услови за врнежи од дожд.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер