„Вашингтон пост“: Трамп сака да го забрза развојот на вештачката интелигенција,неговото семејство сè повеќе заработува од тоа.
Почина синот на Синди Крафорд: Трагедија во семејството на познатата манекенка, Пресли имаше само 27 години
1„Вашингтон пост“: Трамп сака да го забрза развојот на вештачката интелигенција,неговото семејство сè повеќе заработува од тоа.
2Почина синот на Синди Крафорд: Трагедија во семејството на познатата манекенка, Пресли имаше само 27 години
МакедонијаМаксим Димитриевски до СДСМ: ВНИМАВАЈТЕ ДА НЕ ВИ СЕ ЈАВИ И ЗНАМ 3.0 !Довербата кај граѓаните се гради со работа и резултати, а се потврдува со отчетност и преземање одговорност.Токму на тие принципи, Движењето ЗНАМ го темели своето дејствување, порача претседателот Максим Димитриевски на настанот посветен на отчетот на избраните и именуваните функционери од редовите на ЗНАМ во Скопје. Димитриевски истакна дека ЗНАМ не е реприза на политичките модели што граѓаните веќе ги имаат видено и дека секој еден функционер мора да биде свесен дека функцијата е доверена од граѓаните и подлежи на нивна оценка. „Секој еден функционер од ЗНАМ, почнувајќи од сите вас овде во салата, завршувајќи до мене – секој еден е менлив. Граѓаните даваат и граѓаните земаат власт. Но, притоа ЗНАМ не смее да биде една реприза од она што е веќе видено во Македонија.“ - истакна тој. Осврнувајќи се на обвинувањата од страна на СДСМ, Димитриевски упатувајќи им директна порака, порача дека Движењето ЗНАМ нема да дозволи обидите за политички пресметки да го променат начинот на кој движењето ја гради довербата со граѓаните. „Се јавил ЗНАМ 1, па сега и ЗНАМ 2.0, па обвинуваат за наводни афери. Во ЗНАМ афери нема. Нас не краси чесност, отчетност, одговорност и транспарентност. И ние сме различни од сите нив останати. Но, притоа ќе им кажам да внимаваат да не им се јави и ЗНАМ 3.0. Но, на крајот на денот, еден е ЗНАМ – Движење ЗНАМ за НАША МАКЕДОНИЈА и еден ден ќе биде ЗНАМ политичка партија која ќе преземе одговорност да ја води државата.“ - порача Димитриевски. Отчетот на избраните и именуваните функционери од редовите на ЗНАМ продолжува во повеќе градови низ Македонија до крајот на годината, како дел од континуираниот процес на претставување на сработеното и резултатите од работењето на функционерите на Движењето во изминатите две години.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалХаос во ложата на „Метрополитано“: Флорентино лут поради противкандидатот Големото мадридско дерби меѓу Атлетико и Реал не донесе возбудувања само на теренот.Беше бурно во претседателската ложа на стадионот „Метрополитано“, на големото дерби на Мадрид, кое заврши со победа на домаќинот од 2-1. Првиот човек на „кралскиот клуб“, Флорентино Перез, беше во центарот на вниманието. Како што пренесуваат шпанските медиуми, незадоволството на Перез не било предизвикано од резултатот на натпреварот, туку од фактот што Атлетико го поканил Енрике Рикелме – неговиот противкандидат на изборите за претседател на Реал Мадрид во 2025 година – во ВИП-ложата. Перез освои 65 отсто од гласовите на тие избори, но Рикелме беше првиот сериозен противкандидат на актуелниот претседател на Реал. Според информациите на новинарот Пако Гонзалез од радиостаницата „Кадена КОПЕ“ (Cadena COPE), самата вест дека Рикелме ќе биде меѓу гостите предизвикала бурна реакција кај првиот човек на мадридскиот клуб. Оваа информација потоа ја потврди и Хуанма Кастањо. Наводно, Перес побарал објаснување зошто Рикелме бил поканет во претседателската ложа, а ситуацијата станала толку непријатна што тој се заканил дека ќе го напушти стадионот доколку се сретне со него. Сè се случи пред почетокот на натпреварот, така што исходот од дербито немаше никакво влијание врз реакцијата на Перез. Интересно е што челниците на двата мадридски гиганти претходно, според традицијата, заедно ручаа, и токму тогаш претседателот на Реал наводно дознал дека Рикелме ќе биде гостин на Атлетико. На крајот, претставниците на Атлетико успеаја да ја смират ситуацијата уверувајќи го Перез дека нема да се сретне со Рикелме, по што атмосферата во ложата се врати во нормала. Сепак, тоа беше само вовед во многу непријатна вечер за Реал. Атлетико победи на градското дерби на теренот, додека тренерот на Реал, Жозе Мурињо, по натпреварот имаше бројни забелешки за судењето. Така, „Ел Мадрилењо“ овој пат имаше два фронта – еден на тревникот на „Метрополитано“, а другиот неколку ката погоре.Тагови: Реал Мадрид Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Разговарав со државниот секретар на САД, Марко Рубио.08:31Црн викенд на македонските патишта – три жртви во две сообраќајни несреќи, седуммина повредени 15:00Сиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае, со знаење, вештина, храброст....09:16Трамп не го доби Гренланд, но договори трајно американско присуство15:00Трамп потпиша закон насочен против руската нафта, гас и поддржувачите на Москва09:10
Сиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае, со знаење, вештина, храброст....09:16
БалканДенеска во Њујорк ќе биде одржан состанок на иницијативата „Пријатели на Западен Балкан“Денеска во Њујорк ќе биде одржан состанок на иницијативата „Пријатели на Западен Балкан“, чиј домаќин ќе биде италијанскиот вицепремиер Антонио Тајани.Како што соопшти Европскиот парламент, на состанокот, кој е на маргините а Генералното собрание на Обединетите нации, ќе учествува и претседателката на ова тело, Роберта Мецола. Групата „Пријатели на Западен Балкан“ вклучува 7 земји-членки на ЕУ – Австрија, Хрватска, Чешка, Грција, Италија, Словачка и Словенија. Земјите од иницијативата имаат за цел да го одржат Западен Балкан високо на политичката агенда на Европската унија и да го поддржат регионот на неговиот европски пат.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Разговарав со државниот секретар на САД, Марко Рубио.08:31Црн викенд на македонските патишта – три жртви во две сообраќајни несреќи, седуммина повредени 15:00Сиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае, со знаење, вештина, храброст....09:16Трамп не го доби Гренланд, но договори трајно американско присуство15:00Трамп потпиша закон насочен против руската нафта, гас и поддржувачите на Москва09:10
Сиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае, со знаење, вештина, храброст....09:16
МакедонијаЈП Водовод и канализација: Водата во Скопје безбедна за употребаНеделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење.ЈП Водовод и канализација – Скопје со цел подобра информираност на граѓаните на град Скопје, го објавува неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола. Секторот за санитарна контрола во периодот од 14.09.2026 до 18.09.2026 зема 206 примероци за физичко-хемиска и 206 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 49 мерни места во Градот Скопје. Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци ОДГОВАРААТ на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен весник на РМ, бр.183/18).Тагови: Водата во Скопје Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook