СДСМ: Во Ново Село Организираната криминална група прати насилници да ги тепаат младите - затоа што се плашат од вистината!
1СДСМ: Во Ново Село Организираната криминална група прати насилници да ги тепаат младите - затоа што се плашат од вистината!
МакедонијаМаксим Димитриевски: Цел на лагите на СДСМ не сум јас, туку ЗНАМ-Цел на лагите на СДСМ не сум јас, туку ЗНАМ, како најбрзорастечка партија во Македонија.Претседателот на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, Максим Димитриевски денеска одржа прес конференција. „Од моментот на влез во политиката до крај ќе работам врз база на основни лични принципи на работа, засновани на начелата за чесност отчетност и одговорност. Во континуитет со години, а интензивно од локалните избори до денеска од страна на поединци, менаџирани и мотивирани од луѓе заглавени до гуша во криминал, поранешни премиери, министри и актуелни самопрогласени лидери на опозицијата, јас и тимот околу мене сме напаѓани со неосновани клевети и лаги за наводни злоупотреби. Би сакал да ја информирам јавноста и граѓаните дека целта на оваа кампања на СДСМ не сум лично јас, туку преку мене политичкиот субјект кој е најбрзорастечка партија во Македонија, а тоа е Движењето ЗНАМ – За наша Македонија. За да биде иронијата поголема тоа го прави СДСМ – партијата на неспособноста, криминалот и националното предавство. СДСМ нема кредибилитет да зборува за правда. Паниката го прави своето. Еве ја вистината: 1. Земјиштето за кое што ме обвинуваат е сопственост на моето семејство кое е наследство од моите предци со турска тапија. 2. Тогашната парцела изнесувала 18 илјади м2, државата по пат на денационализација на членовите од моето семејство им вратила само 1200 м2 земјиште и 4800 м2 коишто се платени со државни обврзници по цена од 800 ден/м2, што значи дека мојата фамилија загубила 12000м2 сопствен имот. 3. Актуелниот ДУП е донесен во 2010 година, во времето на поранешниот градоначалник Зоран Дамјановски-ЦИЦ од СДСМ. 4. Со новиот ДУП постоечката парцела и габарити не се менуваат. 5. Предметното земјиште за кое сега неосновано ме обвинува СДСМ е со вкупна површина од 1200 м2, тоа било во сопственост на членови на моето семејство и изнесува само 2,8 проценти од вкупната површина на парцелата во ДУП-от 6. Инвеститорот ЛИДЛ МК прави преддоговор за откуп на имотот од таа парцела во ДУП -от на 23.02.2024 година и договор за купопродажба на земјиште од 1200м2 на 26.01.2024 година. 7. Врз база на тој преддоговор инвеститорот ЛИДЛ МК на 27.02.2024 година покренува Иницијатива за усогласување на номенклатурата на постоечкиот ДУП согласно со новиот закон за урбанистичко планирање од 2020 година донесен од СДСМ. 8. Советот на општина Куманово донесе Одлука за усвојување на Нацрт ДУП-от и постапката е во тек“. Димитриевски пред медиумите посочи: „СДСМ веќе не е партија, тоа е остаток на мафија на кои им се тресе фотељата. Денеска сакам да им порачам - колку повеќе лажете, толку посилен ќе биде нашиот одговор. Времето на Заев, Спасовски и Филипче е завршено. Доаѓа време на одговорност за сите што ја злоупотребија државата“. Во однос на ДУИ, тој потенцира: „Ставот на ЗНАМ е конзистентен. Нема соработка со нереформиран ДУИ. Јас не им должам ништо, ниту на ДУИ, ниту на СДСМ, ниту пак на нивните тајкуни. Токму затоа им пречам, затоа што не можат да ме купат, уценат, ниту пак да ме заплашат“. Димитриевски ги повика институциите да го испитаат овој предмет. „Ги повикувам сите надлжени институции да го испитаат овој предмет до крај. Да ја испитаат целата фактичка состојба. Доколку се утврди било каква кривична одговорност да поднесат кривични пријави против сите засегнати лица“, рече претседателот на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија на денешната прес конференција.Тагови: Движењето ЗНАМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Магазин Што да направите ако ви се закачил крлеж?Крлежите се речиси невидливи, но болестите што ги пренесуваат можат трајно да го загрозат здравјето.Крлежите се речиси невидливи, но болестите што ги пренесуваат можат трајно да го загрозат здравјето. Во нашиот регион најраспространети се шумските крлежи (Ixodes ricinus), кои ја пренесуваат две болести: лајмска борелиоза и менингоенцефалитис. Лајмската болест е една од најчестите болести предизвикани од крлежи. Помеѓу 70% и 80% од луѓето заразени со лајмска болест развиваат карактеристичен осип во облик на мета. Заедно со осипот, постојат и симптоми слични на грип, како што се повишена температура, треска, болки во телото и замор. Навременото лекување со антибиотици може да ја запре инфекцијата. Доколку лајмската болест не се лекува, може да напредува до силни главоболки, Белова парализа или губење на мускулниот тонус на едната или двете страни на лицето, тежок артритис, срцеви проблеми, вртоглавица или отежнато дишење. Некои пациенти со дијагностицирана акутна лајмска болест и примена терапија, сепак развиваат хронични симптоми. Како да се заштитите? Носете долги ракави и панталони кога престојувате во нивни живеалишта. Користете средство против инсекти кое делува и на нив. Постојат и спрејови кои ги убиваат крлежите при контакт: Перметринот се нанесува на облеката и опремата и спречува крлежите да се закачат, но не смее да се нанесува директно на кожата. Концентрацијата во спрејовите може да предизвика чувство на пецкање, штетни се и за мачките. Користете сушилница: По активности на отворено, ставете ја облеката во сушилница на висока температура околу 20 минути. Крлежите не можат да преживеат без влага. Задолжително проверете се. Ако најдете крлеж пред каснување, нема опасност. Проверете го скалпот, косата, ушите, папокот, препоните, зад колената и пазувите. Туширањето по престојот надвор го олеснува забележувањето на крлежите. Проверете ги и вашите миленици: Потребно е време за болеста да се прошири, па затоа е важно што побрзо да ги отстраните крлежите. Заштита на дворот Крлежите сакаат влажни места, паднати лисја и висока трева. Редовното косење тревници, одржувањето на градината и отстранувањето на лисјата може да ја намали веројатноста за нивен престој. Создавањето „тампон зона“ од дрвени струготини помеѓу вашиот тревник и обраснатите или пошумените области исто така може да помогне, особено ако користите струготини од кедар. Градината, игралиштето и просторот за дружба нека бидат подалеку од дивите, неуредни области во вашиот двор. Инсектицидите за дворови базирани на бифентрин и перметрин може да ги намалат, но тоа треба да им се остави на професионалците. Рабовите и засенчените области обично се третираат, додека отворените, сончеви тревници генерално не бараат третман. Најдобро е хранилките за птици да ги чувате што е можно подалеку од вашиот дом бидејќи можат да привлечат глодари. Тие често носат патогени што крлежите ги собираат и ги пренесуваат на луѓето. Што да направите по каснување? Ако најдете крлеж на вас, важно е веднаш да го отстраните. Користејќи пинцета со тенок врв, фатете го крлежот што е можно поблиску до главата и кожата и повлечете го право нагоре. Не користете вазелин, есенцијални масла или детергент за миење садови. Јаките средства можат да го принудат крлежот да ја поврати својата содржина во вашиот крвоток, што може да го забрза пренесувањето на болеста. Исчистете го местото на каснување како што би направиле со која било друга рана. Доколку е можно, зачувајте го крлежот за идентификација на видот. Ова ќе ви помогне да знаете на кои симптоми да внимавате, бидејќи различните видови носат различни болести. Ако почнете да се чувствувате лошо, посетете лекар. Многу болести што се пренесуваат преку крлежи имаат општи симптоми слични на грип, и не сите инфекции имаат јасни знаци како што е осипот. Вашиот лекар може да направи тестови и да ви препише соодветен третман.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМакедонија во портокалова фаза поради екстремно топлото време15:00Седница на главниот штаб за кризи: Водата во Гостивар останува забранета за употреба08:46Зголемен бројот на повици во Итната медицинска помош поради топлото време, дневно има над двесте15:08РКЕ: Цената на дизелот се зголемува за 1 денар, бензините поевтинуваат за 2 денари по литар13:01Се уште трае борбата со огнената стихија во кавадаречко08:53
Зголемен бројот на повици во Итната медицинска помош поради топлото време, дневно има над двесте15:08
Шоу бизПознато е колку Том Холанд би можел да заработи на новиот СпајдерменТом Холанд би можел да заработи помеѓу 20 и 25 милиони долари за својата улога во филмот "Spider-Man: Brand New Day" .Оваа сума ја вклучува основниот хонорар и бонусите поврзани со заработката од бокс-офисот. Новиот акционен хит во режија на Дестин Даниел Кретон веќе го сруши американскиот рекорд на филмот „Avengers: Endgame“ за заработка во текот на првиот викенд од објавувањето, пишува „The Hollywood Reporter“. Патот на Холанд до мултимилионски хонорар Кога актерот се приклучи на кинематографскиот универзум на Марвел во „Captain America: Civil War“ во 2016 година, тој заработи околу 250.000 долари, според „CheatSheet“. После тоа, неговиот хонорар брзо растеше. За „Spider-Man: Homecoming“ во 2017 година, тој доби 1,5 милиони долари, од кои 500.000 долари беа фиксен хонорар, а остатокот беа бонуси. Две години подоцна, тој заработи 4 милиони долари за „Far From Home“, додека се проценува дека добил околу 10 милиони долари за „No Way Home“ од 2021 година. Филмот веќе надмина 1 милијарда долари приходи „THR“ вчера објави дека „Brand New Day“ веќе надмина 1 милијарда долари приходи во кината ширум светот. „Sony Pictures“ потврди дека филмот, во кој глумат и Зендаја и Сејди Синк, заработил 1,05 милијарди долари за само шест дена од објавувањето. Ова го прави само втор филм во историјата што го сторил тоа за толку краток временски период. Филмот „Avengers: Endgame“ заработил 1,2 милијарди долари ширум светот во својот прв викенд во април 2019 година. „Sony“ истакнува дека новиот „Спајдермен“ го срушил американскиот рекорд на „Endgame“, кој изнесувал 357,1 милиони долари. Сепак, „Endgame“ сè уште го држи светскиот рекорд за заработка во првиот викенд, со 1,2 милијарди долари, додека „Brand New Day“ заработил 932 милиони долари во истиот период. Извор: Индекс.хрТагови: Спајдермен Том Холанд Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМакедонија во портокалова фаза поради екстремно топлото време15:00Седница на главниот штаб за кризи: Водата во Гостивар останува забранета за употреба08:46Зголемен бројот на повици во Итната медицинска помош поради топлото време, дневно има над двесте15:08РКЕ: Цената на дизелот се зголемува за 1 денар, бензините поевтинуваат за 2 денари по литар13:01Се уште трае борбата со огнената стихија во кавадаречко08:53
Зголемен бројот на повици во Итната медицинска помош поради топлото време, дневно има над двесте15:08
МакедонијаСДСМ: Во Ново Село Организираната криминална група прати насилници да ги тепаат младите - затоа што се плашат од вистината!Во Ново Село денеска мирни млади социјалдемократи го пречекаа Христијан Мицкоски со едноставна порака, Гостивар се труе, вие сте виновни.Мирно. Културно. Без насилство. Одговорот на организираната криминална група беше класичен: пратија околу десетмина да им се закануваат, да ги нападнат и да ги замолчат. Меѓу нив и шофер на градоначалникот на Ново Село, Наско Димитриев. Вчера поднесуваа кривични пријави за навреда. Денеска праќаат насилници. Ова е нивото на власт што ја води Мицкоски. Кога нема аргументи - праќаат луѓе да тепаат. Кога нема резултати - шират страв. Кога народот прашува за труењето во Гостивар - тие напаѓаат млади. Мицкоски ја загуби контролата. Се плаши од вистината. Се плаши од народот. Се плаши од младите. Затоа што младите не се купуваат со лаги. Не се плашат од закани. И не молчат додека цела Македонија се труе. СДСМ бара од МВР веднаш да ги идентификува и уапси сите учесници во нападот. Сите до еден. Без селективност. Без заштита. А на младите социјалдемократи им порачуваме јасно: Не сте сами! Нема да ве замолчат. Борбата против насилството и криминалната власт продолжува. Народот е буден. И стравот веќе не е на нивна страна. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook