Макс Верстапен ужива во брзо возење, сега ќе добие казна (ВИДЕО) - Канал 5

Макс Верстапен ужива во брзо возење, сега ќе добие казна (ВИДЕО)

Француската полиција обрна внимание на видео објавено на социјалните мрежи.

Макс Верстапен ужива во брзо возење, сега ќе добие казна (ВИДЕО)

Нема сомнеж дека Макс Верстапен знае одлично да контролира автомобил и дека возењето автомобил од калибарот на Астон Мартин е со милји далеку од нормален автомобил во однос на перформансите. Неговата брзина на реакција и динамиката на возење и моќта на сопирање на Aston Martin Valkyrie можеби се во прилог на безбедноста, но законот мора да се почитува.

Барем во Франција, бидејќи тамошната полиција решила да го истражи целиот случај по објавувањето на видеото. Светскиот шампион во Формула 1 возел низ тунелот Канта-Галет на автопатот А8 меѓу Марсеј и Ница. Додека патникот го снимал, дигиталниот брзиномер во еден момент покажал 124 km/h, што е повеќе од законската граница од 90 km/h.

Исто така, Nice matin известува дека полицијата може да му наплати на возачот за возење по левата лента. Сѐ на сѐ, ако полицијата навистина одлучи да го казни Верстапен, станува збор за прекршоци за кои е предвидена парична казна.

За потсетување, Valkyrie е суперлесен хиперспортски автомобил направен претежно од карбон, придвижуван од 6,5-литарскиот V12 атмосферски мотор на Косворт во комбинација со електричен мотор. Уште еден возач во Ф1 е на листата на купувачи, поранешниот член на тимот на РБР, Даниел Рикиардо.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Силен земјотрес ги погоди Филипините

Земјотрес со магнитуда од 5,4 степени ги погоди Филипините денес, соопшти Европско-медитеранскиот центар за предупредување од земјотреси и цунами (EMSC).

Силен земјотрес ги погоди Филипините

Епицентарот на земјотресот бил на море, на длабочина од 35 километри.

Нема веднаш извештаи за повредени или штети.

Не е издадено предупредување за цунами.

Покрај честите земјотреси во областа неодамна, Филипините се справуваат и со обилни дождови предизвикани од силна бура, во која загинаа 15 лица во лизгање на земјиштето на југот од земјата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Димитриевски за Изборниот законик: Подобро е да донесете нешто отколку ништо

Подобро е да се донесе нешто, отколку да не се донесе ништо, оцени лидерот на ЗНАМ, Максим Димитриевски.

Димитриевски за Изборниот законик: Подобро е да донесете нешто отколку ништо

Тој даде одговор на новинарско прашање дали може да се очекува скоешно усвојување на нов Изборен законик.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Работник загина при пад од височина на градилиште во Скопје

Педесет и двегодишен работник од Куманово загина при изведување градежни работи на објект во изградба во скопската населба Гази баба, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Работник загина при пад од височина на градилиште во Скопје

Според информациите од МВР, несреќата била пријавена вчера попладнето на 10 јули околу 14:05 часот, кога тој паднал од височина додека работел на градилиштето. Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт на местото на настанот. Според здружението за заштита при работа, лани во земјава загинале 31 работник, што е речиси двојно повеќе во однос на 2024-та, кога биле регистирани 17 жртви.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер