Почина 83 годишен пациент со повеќе хронични заболувања каде беше констатиран вирусот на западно-нилска треска
Здружение на оштетени штедачи на ЕСБ: Еуростандард банка, шест години подоцна: дали обвинението конечно ќе ја отвори вистината?
1Почина 83 годишен пациент со повеќе хронични заболувања каде беше констатиран вирусот на западно-нилска треска
2Здружение на оштетени штедачи на ЕСБ: Еуростандард банка, шест години подоцна: дали обвинението конечно ќе ја отвори вистината?
ЖивотМакс (7) почнал да дизајнира облека на 4 години, денес добива нарачки од познати личностиСедумгодишниот Американец Макс Александар стана интернет сензација откако почна да ја објавува својата дизајнерска работа на социјалните мрежи.Момчето од Лос Анџелес почнало да прави облека кога имало само четири години. Посетувал часови по шиење, а минатата година ова талентирано момче ја имало својата прва ревија. Бројот на гости бил ограничен поради тоа што ревијата се одржувала за време на пандемијата на коронавирус, но пристигна и еден моден критичар кој шоуто на Макс го нарече „женствено“. Американските медиуми пишуваат дека Макс веќе добива барања од познати личности. Во 2021 година, тој го лансираше својот сопствен бренд „Couture to the Max“. Родителите на Макс го откриле интересот на момчето за модата кога за време на семејната вечера тој побарал кукла на која ќе ја покаже својата креација. Оттогаш тој е посветен на модата и постојано ги усовршува своите вештини. "Макс е многу среќен и енергичен ученик. Тој е модно чудо, но сака и математика, наука, уметност и тенис", изјавила мајката на Макс за „Bored Panda“. Првите креации ги изработи од пластична амбалажа, украсни ленти и остатоци од материјали, а потоа и од картон. Седумгодишното момче сака шарени дезени, светли бои и сјај. Неговите креации се карактеризираат со слоевитост и комбинирање на материјали. Со помош на родителите, Макс продава фустани ширум светот, а доби можност да работи и со актерката Шерон Стоун. Неговиот сон, како што вели, е еден ден да биде шеф на модната куќа „Gucci“ или да отвори своја модна куќа. Инаку, Макс е популарен и на социјалните мрежи. 1,5 милиони луѓе го следат на Инстаграм. Младиот дизајнер своите дела ги објавува на социјалната мрежа, а го поддржуваат бројни следбеници.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПочина 83 годишен пациент со повеќе хронични заболувања каде беше констатиран вирусот на западно-нилска трескаПочина 83 годишен пациент со повеќе хронични заболувања каде беше констатиран вирусот на западно нилска треска потврдија за Канал 5 од Клиниката за инфектологија.Денеска министерството за здравство ќе има информација за болните и за евентуално ново заразени со вирусот. Особено внимание се препорачува кај повозрасните лица и оние со хронични заболувања, кои имаат поголем ризик од потешка форма на болеста.во последните 15 години во Македонија биле регистрирани пет смртни случаи поврзани со западно-нилската треска.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАвгустовски испитен рок за матура денеска и во петок, полагањето ќе биде во четири градови08:41Последните анализи влеваат надеж – ќе протече ли во четврток питка вода од чешмите во Гостивар?.. 15:00На 11 август пред 34 години Македонија ги доби знамето и химната „Денес над Македонија“08:38Живата од термометрите останува „заглавена“ на 40 степен15:0825 години од масакрот кај Љуботенски Бачила: Армијата ќе им оддаде почит на осумтемина загинати08:34
Последните анализи влеваат надеж – ќе протече ли во четврток питка вода од чешмите во Гостивар?.. 15:00
ФудбалБарселона подготвува втора понуда за најдобриот фудбалер од Мундијалот, РодриКаталонскиот гигант Барселона се подготвува да ги засили напорите за ангажирање на играчот од средниот ред на Манчестер Сити, најдобриот фудбалер од Мундијалот, Родри, и подготвува втора понуда. Актуелните шпански шампиони се надеваат дека ќе го обезбедат потписот на освојувачот на Светското првенство во наредните денови. Новата понуда на Барселона изнесува 60 милиони евра, а на Родри му преостанува уште една година од договорот со Манчестер Сити.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЗдружение на оштетени штедачи на ЕСБ: Еуростандард банка, шест години подоцна: дали обвинението конечно ќе ја отвори вистината?На 12 август 2026 година се навршуваат шест години од затворањето на Еуростандард банка - денот кога илјадници граѓани, пензионери, фирми и здруженија останаа без пристап до своите пари и беа втурнати во долга правна, финансиска и институционална неПо години молк, бавно постапување и незадоволство кај оштетените штедачи, случајот конечно добива нова тежина со поднесеното обвинение против поранешните раководни лица на банката - Трифун Костовски, Коста Костовски, Николче Петкоски и Зоран Николовски. Обвинението повторно ги отвора прашањата што јавноста ги поставува со години: како се одобрувале кредитите, на кого, со какво обезбедување, кој ги контролирал ризиците и кој дозволил банката да стигне до стечај? Според објавените информации, обвинението се однесува на одобрување кредити на кредитно неспособни и поврзани правни лица, без соодветни анализи и обезбедување, и со прикривање на реалната финансиска состојба и ризиците. Наведената штета за доверителите изнесува над 1,66 милијарди денари, односно околу 27 милиони евра. Поднесувањето на овој обвинителен акт во Основниот кривичен суд Скопје е само почеток на правната битка. Јавноста сега очекува брза, транспарентна и ефикасна судска завршница, каде фокусот нема да биде само на затворските казни за виновниците, туку и на целосна конфискација на имотот со цел максимално обесштетување на сите жртви на овој епски банкарски колапс. Ова веќе не е само приказна за една пропадната банка. Ова е приказна за довербата во финансискиот систем, за одговорноста на оние што управувале, надгледувале и одлучувале, но и за институциите кои морале навремено да реагираат. Прашањето денес не е само кој ја доведе Еуростандард банка до стечај. Прашањето е зошто беа потребни шест години за вистината да почне да излегува на површина. Оштетените граѓани и фирми не бараат милост. Тие бараат вистина, одговорност и правда. Случајот Еуростандард банка останува тест за државата: дали правдата ќе оди до крај, или и овој случај ќе остане уште една болна приказна во која времето ја покрива одговорноста.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАвгустовски испитен рок за матура денеска и во петок, полагањето ќе биде во четири градови08:41Последните анализи влеваат надеж – ќе протече ли во четврток питка вода од чешмите во Гостивар?.. 15:00На 11 август пред 34 години Македонија ги доби знамето и химната „Денес над Македонија“08:38Живата од термометрите останува „заглавена“ на 40 степен15:0825 години од масакрот кај Љуботенски Бачила: Армијата ќе им оддаде почит на осумтемина загинати08:34
Последните анализи влеваат надеж – ќе протече ли во четврток питка вода од чешмите во Гостивар?.. 15:00