Макрон за утре најави уште една средба за Украина - Канал 5

Макрон за утре најави уште една средба за Украина

Францускиот претседател рече дека тој самиот е подготвен да разговара со Путин „кога ќе биде вистинското време во процесот на идните преговори“.

Макрон за утре најави уште една средба за Украина

Францускиот претседател Емануел Макрон вечерва изјави дека утре организира уште една средба со претставници на „неколку европски и неевропски земји“ за Украина, по состанокот во понеделникот на кој присуствуваа мал број клучни земји, како и лидерите на Европската унија и НАТО.

Макрон во интервју за неколку француски регионални медиуми рече дека американскиот претседател Доналд Трамп би можел „повторно да почне корисен дијалог со рускиот претседател Владимир Путин, но Трамп повторно создава стратешка двосмисленост за Путин, предизвикувајќи несигурност што може да се искористи за да се изврши притисок“.

Францускиот претседател рече дека тој самиот е подготвен да разговара со Путин „кога ќе биде вистинското време во процесот на идните преговори“.

- Додека ви зборувам, Европа не е способна да ја обезбеди својата одбрана без САД. И тоа е повеќе така отколку од пред три години, но мораме да забрзаме и да се придвижиме многу брзо за да направиме нешто во рок од три до пет години. Приоритет на САД е Кина. Русија е егзистенцијална закана за Европа, изјави Макрон за регионалните медиуми, вклучувајќи ги Ла Депеш и Ле Паризиен.

Макрон рече дека Франција не се подготвува да испрати копнени сили на фронтот во Украина.

Меѓу решенијата за обезбедување безбедносни гаранции за Киев како дел од можниот мировен договор со Москва, би било можно „да се испратат експерти или дури и сили во ограничен број кои би биле надвор од која било зона на конфликт“, рече Макрон, додавајќи дека тоа ќе ги смири Украинците.

Францускиот претседател додаде дека со Британците се разговара за договор за солидарност со Украина, што ќе овозможи испраќање експерти или ограничени сили.

Макрон ја спомена и можноста во рамките на преговорите, „да се одлучи да има мировна операција под мандат на ОН долж линијата на фронтот“. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Деветмина загинати во пад на приватен авион во Флорида (ВИДЕО)

Девет лица загинаа во пад на приватен авион во округот Палм Бич, Флорида. Авионот „Лирџет 60“ летал од Остин, Тексас, кон Бахамите. Се урнал на прометна сообраќајница, при што се создал длабок кратер и избувнал голем пожар.

Деветмина загинати во пад на приватен авион во Флорида (ВИДЕО)

Непосредно пред несреќата, пилотот пријавил насобирање мраз на авионот. Потоа упатил повик за помош, предупредувајќи дека леталото брзо ја губи висината. Според податоците од следењето на летот, авионот изгубил 27 илјади стапки за една минута. Во областа имало и бури, но не е познато дали тие придонеле за несреќата. Околу 600 жители од блиската населба биле евакуирани поради оштетувањата. Несреќата ја истражуваат американските воздухопловни власти.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Гответе со Дракче“ - Специјалитет со свинско филе

Во понеделник (26.10.2026) во емисијата гостин ни бeше Цаки - Кисми

„Гответе со Дракче“ - Специјалитет со свинско филе

Состојки за денешниот рецепт:

1500 гр. свинско филе

1 кг. свежи печурки буковки

200 гр. путер

100 гр. сенф

150 гр. мед

500 мл. кисела павлака

сол, бибер

лук во прав

италијанска (тајланска) мешавина

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Мицкоски бара алиби за избори преку Брвеница, вистината за Алта банка не може да се покрие со општина

Мицкоски се обидува да си обезбеди алиби за предвремени избори.

СДСМ: Мицкоски бара алиби за избори преку Брвеница, вистината за Алта банка не може да се покрие со општина

Наводната кавга со ВЛЕН поради губењето во Брвеница е само димна завеса. Oпштина не може да биде покритие за голем проблем како Алта банка.

Сè почна да се одмотува. Вистината излегува на површина.

Мицкоски бара спас во предвремени избори во надеж дека ќе може да избегне одговорност за криминалот, корупцијата, трансферот на дрога преку граница и учеството во криминалната организација заедно со Вучиќ.

Она што Алта банка го докажа е дека беше пералница за пари на мафијашкиот синдикат СНС-ВМРО-OКГ.

Немањето пари во буџетот е доказ за хаосот во кој сега се наоѓа оваа банда на власт.

Парите веќе не стигнуваат ни за пензии. Овој мафијашко кршење на Алта банка ќе доведе до рушење на финансискиот систем.

Она што му останува на Мицкоски, без да признае, се вонредни избори и теми што ќе бидат националистички и популистички. Поделба на народот. Сеење меѓунационална омраза.

Сè е спремно. Латас веќе тргна во кампања. Остатоците од БИА што ќе помагаат да се остварат плановите од руската агенда.

Сателитите како Левица и ЗНАМ 2.0, предводени од екипата што ја рушеше СДСМ, чекаат знак од Мицкоски и ќе се претстават во ново одело. Одело на опозиција на далечинско.

Граѓаните гледаат. Касата се празни. Бандата се тресе. Алибито со Брвеница не држи.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер