СДСМ: Нов ценовен шок за граѓаните, дизелот од утре ќе биде рекордни 101 денари - а власта не носи мерки
2СДСМ: Нов ценовен шок за граѓаните, дизелот од утре ќе биде рекордни 101 денари - а власта не носи мерки
3Политички земјотрес во Германија: АФД убедливо победи во Саксонија-Анхалт, но остана без апсолутно мнозинство
1Четири дена без нов случај на западнонилска треска, осум пациенти остануваат на Инфективната клиника
СветМакрон за царините на Трамп: Добро да има противтежа на моќта, реципроцитет, а не еднострани одлукиСпоред Макрон, треба да се размислува смирено и дека најфер правило е „реципроцитет“, а не „потчинување на еднострани одлуки“. Францускиот претседател Емануел Макрон денеска изјави дека одлуката на Врховниот суд на Соединетите Американски Држави за трговските тарифи на претседателот Доналд Трамп покажува дека е добро да има противтежа на моќта и владеење на правото во демократиите. - Не е лошо да се има Врховен суд и, следствено, владеење на правото. Добро е да се има моќ и противтежа на моќта во демократиите, рече Макрон на годишниот земјоделски саем во Париз, одговарајќи на прашања за одлуката на Врховниот суд на САД дека тарифите наметнати од претседателот Трамп според Законот за економска вонредна состојба се нелегални. Тој додаде дека Франција ќе ги разгледа последиците од новите глобални тарифи на Трамп од 10 проценти и ќе се прилагоди, нагласувајќи оти земјата сака да продолжи да ги извезува своите производи, вклучувајќи земјоделски, луксузни и модни производи и делови за воздухопловната индустрија. Според Макрон, треба да се размислува смирено и дека најфер правило е „реципроцитет“, а не „потчинување на еднострани одлуки“.Тагови: Емануел Макрон Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканВо Белград попладнево е погребан Ратко Младиќ (ВИДЕО)Поранешниот командант на војската на Република Српска, Ратко Младиќ, кој од Хашкиот трибунал беше осуден на доживотен затвор, попладнево со воени почести е погребан на топчидерските гробишта во Белград. Посмртните останки на Младиќ, кој почина на 27 август во Хаг на 85-годишна возраст, претходно беа изложени во црквата „Свети Лука“ во Белград, каде што опело служеше поглаварот на српската православна црква, Порфириј. Младиќ, по желба на семејството е биде погребан до ќерката Ана. Младиќ во 2021 година беше правосилно осуден на доживотен затвор и беше прогласен за виновен за геноцидот во Сребреница и за други воени злосторства. View this post on Instagram A post shared by Telegraf.rs (@telegraf.rs) Тагови: Ратко Младиќ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветВиткоф: Без дијалог со русија шансите за мир во Украина се многу малиСАД се залагаат за дипломатско решение на војната меѓу Украина и Русија, но без дијалог со Москва шансите за мирно решение се многу мали, изјави американскиот специјален пратеник Стив Виткоф по средбата со украинскиот претседател Зеленски во Киев.Бараме дипломатско решение за овој конфликт, а не воен договор. Тоа е она што претседателот Трамп отсекогаш го барал“, рече Виткоф, одговарајќи на прашањето дали Путин е подготвен за трилатерална средба со Зеленски и Трамп. Украинскиот претседател Зеленски изјави дека клучните прашања, вклучително и територијалните, можат да бидат решени само на состанок на највисоко политичко ниво. Виткоф заедно со другиот специјален пратеник кушнер претходно беа на средби со Путин во Москва, но не беше постигнат опиплив напредок.Тагови: Виткоф Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести26-годишник убиен во скопски Чаир – двајца напаѓачи пукале од моторцикл и побегнале15:00Убиено е 26 годишно момче во Чаир: Двајца дошле со мотоцикл, пукале кон петмина и побегнале11:00Денеска продолжува судскиот процес за злоупотребите во Државна лотарија, во кој еден од обвинетите е Артан Груби09:18Приведен е возачот на генералниот секретар на Владата, примил мито од 500 обележани евра за да вработи пожарникар15:12Возачот на Јанушев побарал 1.500 евра за да вработи пожарникар во Скопје, ОЈО бара притвор11:34
Денеска продолжува судскиот процес за злоупотребите во Државна лотарија, во кој еден од обвинетите е Артан Груби09:18
Приведен е возачот на генералниот секретар на Владата, примил мито од 500 обележани евра за да вработи пожарникар15:12
МакедонијаСДСМ: Нов ценовен шок за граѓаните, дизелот од утре ќе биде рекордни 101 денари - а власта не носи меркиНов ценовен шок за граѓаните - од утре за шест денари поскапува дизелот и ќе изнесува рекордни 101 денар за литар. Ова поскапување е директен удар врз ионака осиромашените семејните буџети на граѓаните. Поскапувањето на дизелот значи поскап транспорт, поскапо производство и на крајот – поскапа храна. Цените на храната веќе се до плафон. Потрошувачката кошничка достигна речиси 90.000 денари со кирија, а платите стагнираат. Половина од семејниот буџет на македонските граѓани оди за храна и пијалаци. Овој ценовен бран затоа ќе биде уште потежок Инфацијата од 2,6% што денеска ја измери статистика, за граѓаните не значи поевтин живот. Цените веќе пораснаа. СДСМ постојано ја повикуваше власта да преземе мерки и предупредуваше дека еднаш зголемените цени, потоа нема да се вратат назад. Тоа и се случи - Цените не се вратија назад. За само две години општото ниво на цените е зголемено за 7 %. Куповната моќ на граѓаните е трајно намалена. На граѓаните не им требаат статистиките и проценти од Мицкоски. Нивната статистика е празниот фрижидер и паричник. Додека Мицкоски се фали со економски бројки, со некаква трета економија, граѓаните плаќаат поскапа храна, поскапи сметки и повисоки трошоци за живот. Мицкоски и неговата Влада, наместо мерки за граѓаните, трупаат нови долгови, врз грбот на граѓаните. За само две години создадоа нов долг од околу 4 милијарди. Јавниот долг се движи кон 12 милијарди евра или над 65 % од БДП. Ова не се пари за мерки за граѓаните, ова се пари за криминалните партиски тендери на Мицкоски и неговата ВМРО -ОКГ. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook