Макрон во ОН повика на ефикасен мултилатерализам и ја осуди „себичноста на малкумина“ - Канал 5

Макрон во ОН повика на ефикасен мултилатерализам и ја осуди „себичноста на малкумина“

Францускиот претседател Емануел Макрон во во обраќањето пред Генералното собрание на ОН повика на „ефикасен мултилатерализам“ и предупреди дека не смее да се дозволи да „надвладее себичноста на малкумина“.

Макрон во ОН повика на ефикасен мултилатерализам и ја осуди „себичноста на малкумина“

- Живееме во парадоксален момент во кој повеќе од кога било ни е потребно да го обновиме духот на соработката кој преовладуваше пред 80 години, рече францускиот претседател, мислејќи на времето на создавањето на ОН. Во дебатата на Генералното собрание, Макрон предупреди на „ризикот да надвладее законот на посилниот и себичноста на малкумина“.

Францускиот претседател речиси 30 минути во Њујорк го бранеше „ефикасниот мултилатерализам“. Според него, „најжестоките критичари“ на ОН се исто така оние „кои сакаат да ги променат правилата на играта бидејќи сакаат да воспостават доминација и повеќе се заинтересирани за создавање поделби во светот отколку за наоѓање компромиси потребни за општото добро“.

Во својот говор Макрон исто така ги оправда своите дипломатски напори за поддршка на Украина и признавањето на палестинската држава, што го најави еден ден претходно од истата говорница.

- Токму затоа што ги одбиваме двојните стандарди, Франција ќе стои рамо до рамо со Украина, исто како што стоиме за мир на Блискиот Исток, рече Макрон.

Тој го поздрави тоа што Доналд Трамп го смени мислењето дека Украина може да си ја врати целата територија што Русија ја освои од почетокот на инвазијата. Трамп, кој вчера се сретна со украинскиот лидер Володимир Зеленски во Обединетите нации, претходно изјавуваше дека и Киев и Москва ќе мора да се откажат од дел од територијата за да се заврши војната.

- Ме радува да видам дека американскиот претседател верува во способноста на Украина не само да опстане, туку и заедно со нас да ги оствари своите права, изјави Макрон од говорницата.

Тој повика и на проширување на Советот за безбедност на ОН, кој се состои од 15 членки, од кои пет се постојани со право на вето – Франција, САД, Велика Британија, Кина и Русија.

„Знам колку има фрустрации, поттикнати од нееднаквото претставување на државите, рече францускиот претседател, повикувајќи на реформа на Советот за безбедност, со посебна цел за подобра интеграција на африканскиот континент.

Макрон го заврши говорот со повик за дејствување.

- Наша должност е да станеме и да продолжиме да дејствуваме заедно, повторувајќи го зборот „дејствуваме“ неколку пати.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Хари Кејн е добитникот на „Златната топка“ за најдобар фудбалер во светот.

Капитенот на Англија, ѕвездата на Баерн Минхен, неверојатниот стрелец Хари Кејн, ја освои престижната „Златна топка“ како најдобар фудбалкер на светот за 2026 година,трофеј кој традиционално го доделува „Франс фудбал“. 

Хари Кејн е добитникот на „Златната топка“ за најдобар фудбалер во светот.

Кејн ја прими наградата на свеченост организирана во Лондон – првпат во 70-годишната традиција овој настан да се одржи надвор од Франција. Хари Кејн ги победи Килијан Мбапе и Ламин Јамал.

Иако немаше престижен трофеј, како оној од Светското првенство или Лигата на шампионите, Кејн победи благодарение на фантастичната серија голови. Капитенот на Англија постигна 73 гола на клупски и меѓународни натпревари во текот на сезоната 2025/26.

Тој е најдобар стрелец во Бундеслигата трета година по ред, а воедно и најефикасен клупски стрелец во Европа. Кејн ја предводеше Англија до нејзиниот најдобар пласман на Светско првенство уште од освојувањето на титулата во 1966 година.

„Гордиот Албион“ го освои третото место на неодамнешното Светско првенство во Северна Америка. Претходно вечерта, англискиот фудбалер ја доби наградата за најдобар напаѓач во светот.

Во женска конкуренција, по третпат во кариерата, најдобра е Алексија Путелјас, членка на „Лондон Сити“ и на шпанската репрезентација, со што се израмни со својата сонародничка Аитана Бонмати.

Селекторот на светскиот шампион Шпанија, Луис де ла Фуенте, беше прогласен за најдобар тренер, додека во женскиот фудбал за најдобар беше прогласен тренерот на Барселона, Пере Ромеу.

„Пари Сен Жермен“ во машка и Барселона во женска конкуренција беа прогласени за најдобри екипи.

Јамал ја освои наградата за најдобар млад фудбалер по третпат по ред, додека наградата за најдобра млада фудбалерка ѝ припадна на Вики Лопез од Барселона.

Свечената церемонија се одржа во Лондон, во познатиот театар „Паладиум“, при што организаторите му оддадоа почит на Стенли Метјуз, легендарниот англиски фудбалер кој во 1956 година стана првиот добитник на „Златната топка“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Од полноќ бензините поевтини за пет денари за литар, дизелот останува со иста цена

Од полноќ според одлуката на Регулаторната комисија бензините поевтинија а дизелот остана со иста цена тој се родава за 99 денари за литар а бензините се намалија за пет денарти по литар.

Од полноќ бензините поевтини за пет денари за литар, дизелот останува со иста цена

.Еуросупр БС 95 се продава по цена од 91 денар за литар а Еуросупер БС 98 по цена од 93 денари за литар

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Срдановиќ најавува продолжување на европската интеграција и подобрување на односите со соседите

Во меѓусебен демократски дијалог ќе одлучиме кој ќе влезе во владата и ќе продолжи да ја води земјата во најдобар интерес на нашите граѓани – вели во првото интервју по победата на предвремените избори во Србија носителот на Студентска листа Илија С.

Срдановиќ најавува продолжување на европската интеграција и подобрување на односите со соседите

Во меѓусебен демократски дијалог ќе одлучиме кој ќе влезе во владата и ќе продолжи да ја води земјата во најдобар интерес на нашите граѓани – вели во првото интервју по победата на предвремените избори во Србија носителот на Студентска листа Илија Срдановиќ, за хрватски Индекс.. Сега имаме голем број мандати во Собранието, а меѓу тие луѓе веќе има доволно кредибилни кандидати кои можат да бидат членови на владата или премиер – вели Срдановиќ.

Тој најавува подобрување на соработката и продолжување на европската интеграција на Србија, додавајќи дека првите чекори во полицијата, обвинителството и судството ќе бидат многу важни а како што нагласил за тоа ќе бидат потребни и слободни медиуми. За хрватски Индекс Срдановиќ потврдил и дека разговарал со хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, од кого добил честитка за изборната победа најавувајќи конкретизирање на соработката по изборот на новата влада.

Инаку, челниците на ЕУ беа меѓупрвите кои ја честитаа изборната победа на студентска листа.. Подготвени сме да и дадеме поддршка на новата влада на србија на нејзиниот европски пат, порача еврокомесарката Марта Кос

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер