Макрон во обраќањето до нацијата ја прогласи првата победа против коронавирусот

Претседателот на Франција, Емануел Макрон, во своето обраќање до нацијата вечерва рече дека треба да се гради Европа независна од Кина и САД, прогласувајќи ја „првата победа“ на неговата земја против коронавирусот.

Корона кризата покажа колку Франција и остатокот од Европа се зависни од ланецот на снабдување од Кина и другите делови на светот.

„Ова искушение покажа недостатоци и слабости: нашата зависност од другите континенти во обезбедување на некои стоки“, рече Макрон во телевизиското обраќање, истакнувајќи дека сака Европа да научи лекција од ова.

„Единствениот одговор е да се изгради нов, посилен економски модел и поголема работна сила и производство, така што ние да не сме зависни од другите“.

Францускиот претседател најави дека ќе ги забрза плановите за отворање на земјата и ќе ги ублажи воведените мерки за да се спречи ширењето на вирусот.

„Војната против епидемијата не заврши, но јас сум среќен што ова е прва освоена битка против вирусот“, објави Макрон, додавајќи дека рестораните и кафулињата би можеле повторно да бидат отворени од понеделник.

Француските власти очекуваат економијата да падне за 11 проценти оваа година, а Макрон најави дека Франција ќе издвои околу 500 милијарди евра за да и помогне на економијата. Тој, сепак, вети дека трошоците за одржување на деловното работење и вработувањето на населението нема да бидат на грбот на даночните обврзници.

Лидерот на втората по големина европска економија се осврна и на антирасистичките протести кои се шират низ целиот свет по Соединетите држави, вклучително и Франција, која беше критикувана за лошото постапување со своите малцинства.

Макрон рече дека бојата на кожата често ја влошува ситуацијата во Франција и вети дека не смее да постои каква било дискриминација.

Но, претседателот исто така истакна дека Франција „нема да избрише никаква трага или име од своето минато“ или „уривање споменици“, осврнувајќи се на уништувањето на статуите на историските личности за кои демонстрантите тврдат дека имаат расистичко минато во земји како САД, Велика Британија или Белгија.

Бела Хадид во проѕирен фустан на црвениот тепих во Кан, сите занемеа (ФОТО)

Манекенката Бела Хадид го украде шоуто на Канскиот филмски фестивал кога се појави во проѕирен фустан кој ги откри нејзините облини.

Во фустан со потпис на брендот Ив Сен Лоран, Бела го привлече вниманието на фотографите на црвениот тепих и на балконот каде позираше пред да го напушти хотелот. Папараците буквално ја опколиле при нејзиното пристигнување на црвениот тепих.

Инаку, Бела се појави на проекцијата на филмот The Apprentice.

Во Калифорнија среде ноќ исчезна очувот на принцезата Татјана од Грција (ВИДЕО)

Очувот на принцезата Татјана од Грција (43) ненадејно исчезна среде ноќ во Малибу.

Како што објави „Дејлимејл“, Атиљо Брилембург (53) исчезнал во саботата, а последен пат бил виден во еден часот по полноќ. Носел сина кошула, сиви панталони и бил бос.

Властите ги повикаа сите кои можеби знаат нешто за неговото движење да се јават. Родениот њујорчанец, кој е поврзан со европските кралски членови, бил забележан недалеку од луксузен станбен комплекс. Тоа е ридско подрачје, кое што било слабо осветлено.

Околностите под кои исчезнал не се откриени. Полицијата навела дека станува збор за белец, висок 177 сантиметри, тежок околу 75 килограми, со седа коса, зелени очи и тетоважа на горниот дел од телото.

„Загрижени сме за господинот Брилембург“, се вели во соопштението од канцеларијата на шерифот.

Атилио Брилембург е очув на принцезата Татјана од Грција, член на грчкото и данското кралско семејство, која е родена во Венецуела. Полицијата изјавила дека тој повеќе нема никаква врска со кралското семејство. Принцезата Татјана од Грција е мажена за принцот Николај, син на Константин II, кој беше крал на Грција до укинувањето на монархијата во 1973 година.

Парот, кој се венчал во август 2010 година, минатиот месец објави дека се разведува. И покрај ова, Татјана најави дека ќе ја задржи титулата. На свадбата, која беше опишана како „Мама миа, со аристократи“, присуствувале претставници на кралските семејства на Холандија, Данска, Шведска и Шпанија.

Принцезата Татјана, чие полно име е Татјана Блатник, се занимава со пишување и филантропија. Таа пораснала во Швајцарија. Основач е на непрофитната организација „Дух“ која се занимава со подигање на свеста за менталното здравје.

Шок во Тирана: Тројца мажи киднапирале момче среде главниот плоштад и го силувале

Во Тирана денеска е киднапиран и силуван 20-годишен млад човек, соопшти полицијата, додавајќи дека сторителите се уапсени.

Невидениот настан се случил на плоштадот Скендербег во центарот на Тирана, каде Д.Б. (36), Е.Х. (31) и неименуван 19-годишен маж, насилно го зеле 20-годишникот и го силувале, пренесува VoxNews.

Сите тројца се уапсени, додека уште еден маж на 28-годишна возраст исто така е лишен од слобода бидејќи не го пријавил делото.

Се сомнева дека целиот настан се случил од банални мотиви.

Според полицијата, тројцата со употреба на насилство го киднапирале младиот човек.

Специјалисти за истрага на криминал од Полициска станица бр. 1, откако добиле пријава од дваесетгодишен маж дека тројца мажи му ја одзеле слободата, веднаш организирале нивно фаќање.

Материјалите се проследени до Обвинителството.

притисни ентер