Обраќањето пред нацијата на на Макрон е закажано за 20.00 часот вечерва од Елисејската палата и ќе биде четврто од почетокот на пандемијата на коронавирус, во која починаа речиси 30.000 луѓе во земјата.
Макрон најпрво треба да зборува за најважните прашања, почнувајќи од третата фаза на олеснување на мерките, што треба да се случи на 22 јуни и да се овозможи повторно отворање на рестораните во регионот на Париз и олеснување на правилата за училиштата.
Пандемијата тешко ја погоди француската економија. Француската централна банка очекува бруто домашниот производ да падне за околу 10 проценти оваа година, а невработеноста да надмине 10 проценти до крајот на годината.
Пристапот на Макрон кон управувањето со кризи не функционира во негова корист и неговата популарност продолжува да опаѓа, за разлика од премиерот Едуард Филип. Реформата на владата е можна и по вториот круг од локалните избори на 28-ми јуни.
Макрон исто така беше погоден од протестите против расизмот и полициското насилство поттикнато од смртта на Џорџ Флојд во Соединетите држави. Илјадници луѓе вчера протестираа повторно низ целата земја.
Неколку илјади демонстранти вчера се собраа во центарот на Париз. На еден транспарент, на плоштадот Република, пишуваше: „Се надевам дека нема да умрам денес затоа што сум црна“. „Ако сееш неправда, ќе жнееш бунт“, пишуваше на друг.
Министерот за внатрешни работи Кристоф Кастанер призна претходно оваа недела дека има „докажани сомневања за расизам“ во француските агенции за спроведување на законот.
Неговата изјава беше критикувана од полициските синдикати, кои рекоа дека полицајците биле жртви на длабоки расни проблеми.