Жерновски: Мицкоски е нервозен и во паника, се заканува на СДСМ затоа што се плаши од вистината за Алта банка
2Жерновски: Мицкоски е нервозен и во паника, се заканува на СДСМ затоа што се плаши од вистината за Алта банка
Генијално момче направи роботско куче за 300 долари- самото лови топчиња и му ги враќа на сосптвеникот (ВИДЕО)
1Генијално момче направи роботско куче за 300 долари- самото лови топчиња и му ги враќа на сосптвеникот (ВИДЕО)
БалканМакрон со порака до Косово: Ви поверувавме, но вие не го одржавте зборот Францускиот претседател Емануел Макрон денеска во Тирана изјави дека неговата земја направила „гест на доверба во однос на прашањето за визите за Косово“.„Сакам да кажам една работа многу јасно. Направивме гест на доверба во однос на визите. Што се однесува до Франција, визите се откажани затоа што го почитуваме зборот. Денеска, нашиот збор не се почитува“, рече тој. „Очекувам вистинска посветеност од овие две влади (Косово и Србија) да напредуваат во наредните недели. Ова е услов за мир во целиот регион“, продолжи тој. Некои медиуми во Косово и Албанија објавија дека Макрон во Тирана изјавил дека Франција ја суспендирала одлуката за визна либерализација, јавува Радио Слободна Европа. Сепак, француската новинска агенција АФП пишува дека со својата изјава Макрон само „му се закани на Косово дека ќе ја укине одлуката за визите". Одлуката за визна либерализација за Косово треба да стапи на сила на 1 јануари следната година. Инаку, во Тирана, Макрон зборуваше и за политичката ситуација меѓу Косово и Србија. На прес-конференцијата тој истакна дека го следи порастот на тензиите меѓу Косово и Србија и побара двете страни да преземат чекори за деескалација на ситуацијата. „Одговорност на (српскиот претседател Александар) Вучиќ е недвосмислено да ги осуди нападите од 24 септември бидејќи тоа придонесува за враќање на мирот на границата“, е убеден тој. „И она што го очекуваме од властите во следните фази, од двете страни, е едноставно: реорганизација на изборите во општините со српско мнозинство, учество на Србите на избори и во институции, создавање Заедница на општини со српско мнозинство, кое ќе го спроведат косовските власти. Очекувам Вучиќ да покаже одговорност, а истото го очекувам и од претседателот и премиерот на Косово“, заклучи тој.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветУпасен е лидер на заливскиот нарко картел- почна бран насилство на северот на Мексико (ВИДЕО)Мексиканските федерални власти го потврдија апсењето на Аксел Алфредо Карденас Родригез, познат како „Ел Титан“ или „Аксел“, висок член на Лос Сиклонес, една од главните фракции на Заливскиот картел.Апсењето предизвика блокади на патиштата, вооружени судири и смртни случаи на цивили во северната гранична држава Тамаулипас. Секретарот за безбедност и заштита на граѓаните, Омар Гарсија Харфух, рече дека Карденас Родригез бил цел со висок приоритет поврзана со убиства, киднапирања, изнуда и шверц на дрога, оружје и луѓе во Соединетите Држави. Гарсија Харфух, исто така, рече дека се верува дека осомничениот наредил вооружен напад на 17 мај врз федералните полицајци кои го обезбедувале надворешниот периметар на американскиот конзулат во Матаморос. Еден мексикански полицаец беше убиен во нападот. Специјалните сили на мексиканската армија и Националната гарда го уапсија Карденас Родригез и уште еден осомничен во Матаморос по операција заснована на воено разузнавање, изјави секретарот за безбедност. Властите запленија оружје, муниција, дрога и возило за време на операцијата. Двајцата осомничени беа префрлени со авион во Мексико Сити и предадени на Канцеларијата на специјализираниот обвинител за организиран криминал, објави УПИ. Карденас Родригез е дел од криминално семејство со седиште во Матаморос. Тој е син на Хозе Алфредо Карденас Мартинез, познат како „Ел Контадор“, кој е обвинет во Соединетите Држави за трговија со кокаин, метамфетамин и фентанил и сè уште е предмет на постапка за екстрадиција. Според порталот Инфобае, истрагите покажуваат дека Лос Сиклонес управувал со прекугранична мрежа за шверц која превезувала оружје и пари од Соединетите Држави во Мексико, додека шверцувала мигранти, фентанил и други дроги во спротивна насока. Como resultado de trabajos de inteligencia militar de @Defensamx, Fuerzas Especiales del Ejército Mexicano y de la @GN_MEXICO_ detuvieron en Matamoros, Tamaulipas, a dos personas, entre ellas Axel Alfredo “N”, alias “Axel”, identificado como segundo al mando de la célula delictiva “Ciclones”. Axel Alfredo “N” está relacionado con homicidios, secuestro, extorsión y tráfico de drogas, armas y personas hacia Estados Unidos. También es señalado como responsable de la agresión contra integrantes de @SSPCMexico, ocurrida el pasado 17 de mayo, en la que lamentablemente perdió la vida un compañero y varios más resultaron heridos. Su memoria y el compromiso de quienes arriesgan la vida para proteger a la ciudadanía nos obligan a continuar las investigaciones hasta detener a todos los responsables. No permitiremos que esta agresión quede impune. Durante la acción se aseguraron armas, cargadores, cartuchos, droga y un vehículo. Ambos detenidos fueron trasladados por la @FuerzaAereaMx a la Ciudad de México. — Omar H Garcia Harfuch (@OHarfuch) October 29, 2026 Лос Сиклонес и Лос Ескорпионес, друга фракција на Заливскиот нарко картел поврзана со семејството Карденас, исто така се поврзани со киднапирањето на четворица американски државјани во Матаморос во март 2023 година, случај истражуван од ФБИ и други американски федерални агенции. Апсењата предизвикаа моментален насилен одговор од локалните криминални групи. Осомничени членови на картелот поставија повеќе барикади користејќи запалени возила по главните автопати што го поврзуваат Матаморос со Рио Браво и Сиудад Викторија, главниот град на државата, објави „Мексико дејли њуз“. Американскиот конзулат издаде безбедносно предупредување за своите вработени и ги повика американските граѓани да ја избегнуваат погодената област. Немирите ги нарушија комерцијалните активности и доведоа до претпазливо затворање на училиштата низ пограничниот регион. Властите за транспорт и цивилна заштита, исто така, објавија смртоносни инциденти поврзани со барикадите, вклучително и несреќа во која загинаа четири лица откако возило удри во запален товарен камион што блокираше автопат. Едно друго, седумгодишно дете, државјанство на САД, беше убиено откако беше затекнато во вкрстен оган за време на вооружените судири.Тагови: Мексико нарко картел Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЖерновски: Мицкоски е нервозен и во паника, се заканува на СДСМ затоа што се плаши од вистината за Алта банка Секретарот за меѓународна соработка на СДСМ, Андреј Жерновски, во „Само интервју“ на телевизија Канал 5, нагласи дека Мицкоски се заканува на СДСМ затоа што е нервозен и уплашен од вистината за Алта банка.Секретарот за меѓународна соработка на СДСМ, Андреј Жерновски, во „Само интервју“ на телевизија Канал 5, нагласи дека Мицкоски се заканува на СДСМ затоа што е нервозен и уплашен од вистината за Алта банка, но и за другите скандали за кои клопчето ќе почне да се одмотува. Жерновски посочи дека Мицкоски наместо да одговори на прашањата за сомнителниот капитал, за одговорноста на институциите и за улогата на власта во целиот случај, со закани се обидува да ја замолчи СДСМ што ја открива вистината. Ова го истакна секретарот за меѓународна политика на СДСМ, Андреј Жерновски, во интервју за Канал 5, посочувајќи дека Мицкоски е човекот кој е уплашен, а не опозицијата. „Тој се плаши, бидете сигурни. Тоа што го слушнавте и што го видовте беше уплашен човек. Со право уплашен“, рече Жерновски. Тој потсети дека СДСМ речиси една година предупредува за Алта банка, но власта ниту ги демантираше укажувањата, ниту пак презеде соодветни чекори. Напротив, Мицкоски овозможи сомнителен капитал да влезе во земјава, а сега се заканува со апсења на оние што го критикуваат. „Ниту еднаш не бевме демантирани, ниту бевме послушани. Да бевме послушани тогаш немаше да се случи сè ова. Зошто се случи ова? Затоа што Мицкоски овозможи на својот бизнис партнер и политички ментор, јас тоа отворено го кажувам а тоа е Вучиќ, таков капитал да влезе во оваа држава и сега да се заканува со апсења на тие што го критикуваат“, рече Жерновски. Жерновски посочи дека доколку Македонија беше членка на Европската Унија, Алта банка немаше да може да влезе во државата,заради тоа што и Европската централна банка забрани влез поради сомнежите околу потеклото на парите и ризиците што ги носи банката. „Да бевме ние членки на Европската унија, немаше ни да влезе Алта банка, затоа што Европската централна банка веќе оцени дека таа банка не може да влезе на пазарот на Европската унија, затоа што под број еден има сомневање во потеклото на парите, под број два поради перење на пари и под број три што тоа носи безбедносен ризик за целиот регион“, рече Жерновски. Во интервјуто Жерновски посочи дека недозволиво е министерката за финансии Димитриеска-Кочоска да тврди дека гувернерот Славески не ја консултирал за влзеот на Алта банка кога постои записник од седница на Влада во кој јасно се гледа на предлог на министерката Владата разгледувала прашања поврзани со понудата за преземање акции од Алта банка и со шеснаесет јавни институции. „Веднаш добивме материјал којшто сакам денес да го презентирам. Не само што била информирана министерката, туку токму на предлог на Кочоска се носени заклучоци директно поврзани со понудата за преземање на акции од страна на Алта банка и на шеснаесет јавни институции“, рече Жерновски. Воедно, Жерновски истакна дека недозволиво и неодговорно е Славески да тврди дека не знаел кој е сопственик на банката и дека не го интересирало тоа, кога во надзорниот одбор на банката прв на листата е сега уапсениот сопственик, Давор Мацура. „Трајко Славески вели: „Не ме интересира кој е сопственик, ниту знам кој е сопственик.“ Така беше. Па вие во двор некој да пуштите, ќе се интересирате кој е. Тоа е првата грешка и за тоа треба да одговара“, рече Жерновски. Жерновски нагласи дека одговорноста не е само кај гувернерот, бидејќи јасно е дека тој не постапувал самостојно, туку по наредба на Мицкоски. „Не требаше воопшто, да влезе банка со таков капитал. Кога ќе дозволите влез на криминални пари, тоа ќе ви се случи. Трајко Славески го овозможи, но пак велам, тој тоа не го направи сам. Тој тоа го направи по наредба на Мицкоски и денеска ќе кажам дека ќе дојде денот кога тој прв ќе каже од кого ја добил наредбата. Памтете ми го зборот“, рече Жерновски. Тој порача дека нервозата на Мицкоски е резултат на информациите кои излегуваат на виделина не само за Алта банка туку и за другите скандали. „Ние во СДСМ знаеме зошто е нервозен. Затоа што најлошото допрва доаѓа. Тогаш ќе дојдеме до петте тони дрога, бидејќи клопчето веќе почна да се одмотува. Е, тука е нервозата и за сите други работи. Е, кога ќе се отвори таа точка, тогаш ќе видите зошто се заканува Мицкоски“, рече Жерновски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаНовинарот на Канал 5, Видиновски ја промовираше книгата „На местото на настанот“Новинарот и уредник на Канал 5, Александар Видиновски вечерва ја промовираше својата прва книга насловена „На местото на настанот“.. Книгата носи лични сведоштва од речиси две деценска новинарска кариера, исполнета со известувања од кризни подрачја, драматични настани и ситуации во кои новинарот не е само набљудувач, туку непосреден сведок на важни домашни и светски случувања.. Книгата не е само хроника на големи настани, туку и лична приказна за стравот, адреналинот, професионалната одговорност и созревањето на новинар, кој со години се обидувал да стигне што поблиску до вистината.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00Започна исплатата на средствата на клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола14:05Од денеска исплата на пари за клиентите без картички во Алта банка во Битола 08:43Љубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00Во Богданци пронајдени две мртви тела на 21 годишно момче и 17 годишна девојка14:19
АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00
Љубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00