Макрон се закани со нови царини доколку Кина не ја промени трговската политика - Канал 5

Макрон се закани со нови царини доколку Кина не ја промени трговската политика

Францускиот претседател Емануел Макрон најави можни европски контрамерки против Кина доколку Пекинг не ја измени својата трговска политика. 

Макрон се закани со нови царини доколку Кина не ја промени трговската политика

– Се обидувам да им објаснам на Кинезите дека нивниот трговски суфицит е неодржлив, затоа што практично ги „убиваат“ сопствените купувачи, особено со тоа што повеќе не увезуваат од нас, изјави Макрон во интервју за економскиот дневник Лес Екос, по тридневната посета на таа држава.

Тој нагласи дека доколку нема одговор, Европа ќе мора во идните месеци да преземе силни мерки и да го намали степенот на соработка, следејќи го примерот на САД, вклучително и можни тарифи за кинески производи.

Кина е најважниот трговски партнер на Франција во Азија, но француската економија бележи јасен дефицит, бидејќи увозот далеку го надминува извозот. Во 2024 година дефицитот изнесувал над 46 милијарди евра.

Во рамки на ЕУ, трговскиот дефицит надминува 300 милијарди евра. Слабата кинеска побарувачка е проблем за германските, француските и другите европски компании, додека Кина сѐ повеќе пласира производи на европскиот пазар поради трговскиот спор со САД.

Кина, според Макрон, удира во сржта на европскиот индустриски и иновациски модел. Американскиот протекционизам ја влошува состојбата, затоа што кинеските производи масовно се пренасочуваат кон Европа.

– Европа е заглавена во средината, а во залог е ставено самото опстојување на нашата индустрија. Стана појас за прилагодување, а тоа е најлошото сценарио, рече Макрон.

Тој ја повика Кина да ја зголеми сопствена потрошувачка и да го отвори домашниот пазар. Како што фирми како ЕДФ и Ербас инвестирале во Кина пред 25 години, така и кинеските компании треба да дојдат во Европа и да градат пазар, оцени Макрон.

– Признаваме дека се многу добри во одредени области, но не можеме бескрајно да увезуваме, изјави тој, алудирајќи на батериската индустрија, електричните возила и обработката на литиум.

Тој предупреди дека кинеските инвестиции во Европа не смеат да бидат „предаторски“ и дека Пекинг не смее да гради зависности.

Макрон истовремено порача дека ЕУ мора да ја засили конкурентноста, да ги поедностави процедурите, да инвестира во иновации и да го продлабочи единствениот пазар. Тој ги повика и Европа и Кина да запрат со агресивни практики како трговски ограничувања.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

МЗ: Стручната комисија утврди: нема лекарска грешка во лекувањето на родилката од Струмица

Комисијата за надзор над стручната работа, формирана од министерот за здравство го заврши надзорот над лекувањето на родилката од Струмица и едногласно заклучи дека нејзината невролошка состојба не е последица на спиналната анестезија .

МЗ: Стручната комисија утврди: нема лекарска грешка во лекувањето на родилката од Струмица

Комисијата за надзор над стручната работа, формирана од министерот за здравство го заврши надзорот над лекувањето на родилката од Струмица и едногласно заклучи дека нејзината невролошка состојба не е последица на спиналната анестезија применета при породувањето, ниту на лекарска грешка во која било од здравствените установи во кои била лекувана.

Комисијата беше формирана на 19 август 2026 година, по предлог на Државниот санитарен и здравствен инспекторат, со цел независна стручна проценка на работата на здравствените работници во ЈЗУ Општа болница Струмица, ЈЗУ Клиничка болница Штип и ЈЗУ Универзитетска клиника за неврологија Скопје. Во неа учествуваа пет експерти од различни специјалности, од кои двајца од странство: д-р Игор Самарџиски, гинеколог-акушер, ЈЗУ Универзитетска клиника за гинекологија и акушерство Скопје (претседател); д-р Горан Рондовиќ, анестезиолог, началник на Клиника за анестезиологија на Воено-медицинска академија Белград; д-р Дејан Георгиев, невролог, раководител на оддел за неврологија на Универзитетски клинички центар Љубљана; д-р Миќун Миќуновиќ, неврохирург, ЈЗУ Специјална болница „Св. Еразмо“ Охрид; и д-р Дејан Даскалов, радиолог, ЈЗУ Универзитетски институт за радиологија Скопје.

Комисијата ја разгледа целокупната медицинска документација од трите установи, снимките од магнетната резонанца и дополнителните појаснувања побарани од болниците. Секој член се изјасни поединечно за својата област, а заклучоците се донесени со согласност на сите членови.

Според наодите на Комисијата, грижата за време на бременоста, упатувањето во Клиничката болница Штип, породувањето со царски рез, анестезијата и следењето по операцијата се спроведени според важечките протоколи и добрата клиничка пракса. Спиналната анестезија е дадена во лумбалниот (долниот) дел на ’рбетот, со стандарден лек и доза, додека промената во ’рбетниот мозок е утврдена значително повисоко, во градниот дел. Постоперативниот тек бил уреден, пациентката е отпуштена без невролошки симптоми, а тие се појавиле неколку дена подоцна. Според Комисијата, најверојатна причина е спонтано крварење од ретка малформација на крвните садови во ’рбетниот мозок, која не може да се открие со ангиографија. Причината сè уште не е дефинитивно утврдена.

Комисијата препорачува, кога состојбата на пациентката ќе дозволи, да се заврши дијагностиката за конечно утврдување на причината, како и да продолжи рехабилитацијата со редовно невролошко следење.

„Кога една млада мајка по породување се соочува со вакви последици, должни сме на неа, на нејзиното семејство и на јавноста да дадеме јасен и стручен одговор. Затоа формиравме комисија со експерти од земјата и од странство. Нивниот заклучок е едногласен – нема лекарска грешка. Тоа не ја намалува тежината на она низ што минува таа. Министерството ќе продолжи да ѝ обезбедува сета потребна поддршка во лекувањето и рехабилитацијата“, изјави министерот за здравство Сашо Клековски.

Извештајот е доставен до министерот за здравство, а за неговите заклучоци се известени пациентката и нејзиното семејство, како и засегнатите здравствени установи. Поради заштита на личните и здравствените податоци на пациентката, целосниот извештај не се објавува.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

О. Кисела Вода: Започна првата фаза од реконструкцијата на локалниот пат од мостот во Драчево до ОХИС

Градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска, денес изврши увид во почетните градежни активности на првата фаза од реконструкцијата на локалниот пат од мост Драчево до ОХИС.

О. Кисела Вода: Започна првата фаза од реконструкцијата на локалниот пат од мостот во Драчево до ОХИС

Овој значаен инфраструктурен зафат се реализира со средства обезбедени преку Унгарскиот кредит (Проекти фаза 2) од Владата на Република Македонија, а се изведува преку договор со Министерството за транспорт.

Трасата е со вкупна должина од 1.173 метри. По претходно извршеното сеопфатно чистење на децениските диви депонии кои се создавале по нејзината должина, почетните активности сега опфаќаат широк ископ и одвоз на земјен материјал. По ова, ќе следи вградување на дробен камен за целосна стабилизација на долниот и горниот строј на улицата пред нејзиното асфалтирање.

Проектот опфаќа изградба на коловоз со ширина од 5 метри, како и тротоари од двете страни на улицата со широчина од по 1,5 метри. Коловозот ќе биде зајакнат со два слоја асфалт. Вкупно, со овој проект ќе се вградат приближно 6.000 квадратни метри нова асфалтна површина и ќе се поплочат тротоари од 3.000 квадратни метри, со што трајно ќе се обезбеди квалитетно и функционално решение за сите учесници во сообраќајот.

- Денеска ги означуваме почетните активности од првата фаза на реконструкцијата на локалниот пат од мост Драчево до ОХИС. Ова е уште едно ветување кое го преточуваме во реалност, бидејќи нашите граѓани заслужуваат модерна, сигурна и инфраструктурно уредена општина. На оваа траса од 1.173 метри, го обновуваме коловозот кој ќе биде со ширина од 5 метри и градиме нови пешачки патеки од по 1,5 метри од двете страни. Со ова трајно обезбедуваме едно квалитетно и функционално решение за сите учесници во сообраќајот. Зад ваквите силни инвестициски циклуси стои одличната синергија со централната власт, и затоа упатувам искрена благодарност до Владата на Република Македонија и Министерството за транспорт, кои препознаа дека вложувањето во локалната инфраструктура е вистинско вложување во секојдневието и иднината на нашите жители - изјави градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Претседателот на Наполи најави стадион со капацитет од 70.000 гледачи и упати остри критики кон ФИФА и УЕФА

Богатиот сопственик на италијанскиот калчо лигаш Наполи, Аурелио Де Лаурентис откри дека веќе презел конкретни чекори за реализација на проектот.

Претседателот на Наполи најави стадион со капацитет од 70.000 гледачи и упати остри критики кон ФИФА и УЕФА

Претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис, изрази големо задоволство од резултатите на клубот, кој под негово водство мина пат од третата лига и банкрот до две титули во Серија А и пет купа во последните четири години.

Сепак, за време на доделувањето на наградата за животно дело од страна на Здружението на странски новинари, првиот човек на клубот нагласи дека сака да направи чекор напред.

Главниот фокус е ставен на напуштањето на дотраениот стадион „Диего Армандо Марадона“ – за кој вели дека има лоша прегледност поради атлетската патека – и на изградбата на нов, модерен дом за наполитанскиот клуб.

Де Лаурентис откри дека веќе презел конкретни чекори за реализација на проект во источниот дел на градот, и покрај желбата на градските власти да го реновираат постоечкиот објект за Европското првенство во 2032 година.

„Пред еден месец потпишав писмо за намери за локација од 38 хектари, каде што планирам да изградам стадион со 70.000 седишта, 120 ВИП-ложи, ресторани и интерактивен музеј“, изјави Де Лаурентис, притоа остро осудувајќи ги радикалните навивачки групи: „Фудбалот мора да биде извор на страст и едукација за децата. Не смееме да имаме хулигани или ‚ултраси‘ кои се угледаат на мафијата, ‚Ндрангета‘ и ‚Камора‘.“

Филмскиот продуцент потоа го насочи вниманието кон тренерската позиција, упатувајќи јасна порака до новиот шеф на стручниот штаб, Масимилијано Алегри, кој веќе се соочува со притисок по слабиот старт – остварувајќи само две победи на првите шест натпревари. „Тренерите треба да сфатат дека се ангажирани работници кои диригираат со оркестар од фудбалери.

Сепак, тие остануваат обични вработени – факт што понекогаш го забораваат“, изјави Де Лаурентис, пред остро да ги критикува ФИФА и УЕФА поради пренатрупаниот календар на натпреварувања: „Во интерес на сопствениот опстанок, тие ја намалуваат важноста на националните лиги, додека играчите не можат ниту физички ниту психички да го издржат тој огромен товар. Сепак, никој не сака да стави крај на тоа бидејќи раководството го користи ова за да купува гласови.“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер