На вчерашната пресконференција на НАТО Самитот во Лондон, францускиот лидер веројатно најпластично досега го објасни ставот - вели ја прифаќа улогата на негативец, но главната вина ја гледа во Брисел, за кој како што вели, направил колективна грешка со позицијата дека членството во ЕУ е единствениот однос со Западен Балкан. Смета дека мајскиот Самит е добра шанса за Македонија и Албанија, но дотогаш целосно да се изготви новата методологија на преговарање.
-Ги признавам напорите кои ги направи Северна Македонија. Мораме да најдеме начин со Северна Македонија и Албанија да создадеме многу посилно стратешко партнерство со повеќе конкретни инвестиции, кои ќе го променат животот на граѓаните. Многумина велат, ајде сега да ги отвориме преговорите. Знаеме дека нема да завршат ни за 10 години. Но, тоа значи дека си играме со цела генерација, ако речеме, отвораме преговори кои никогаш нема да завршат. Европа тоа веќе го направи со Турција и тоа трае повеќе од 40 години., изјави Емануел Макрон, претседател на Франција
Тврдиот став Макрон го изложи само час, откако премиерот Заев во Лондон, сумирајќи ги како што кажа трите размени на мислења со францускиот колега, оцени дека е реален оптимист и оти очекува позитивна одлука. Премиерот и денеска е на истиот став, а во обраќањето на Макрон не гледа ништо поразлично од она што го разговарале во Лондон.
-Реалниот оптимизам го темелам на тоа дека јавноста во Европа ја воочи историската грешка со недоделувањето датум за преговори во октомри, вели Зоран Заев, претседател на Владата
Макрон вчера појасни дека методологијата за преговарање треба да биде реверзибилна и да овозможи диференцијација, придружена во фази на стретешки партнерста со соодветни инвестиции.
-Пред кое било ново отворање преговори многу експлицитно кажав дека сакам да се реформира процедурата, таа да биде реверзибилна и да овозможи диференцијација, да биде пополитичка и да биде придружена од фази на стратешки партнерства со соодветни инвестиции, објасни шефот на француската држава.
Сметам дека пристапната процедура е премногу бирократска, конфузна, не е читка, не може да се сопре и не е релевантна, вклучително за засегнатите земји, прашајте ги Србите дали им се менува животот на секое отворање поглавје., вели Макрон.
Макрон уште еднаш потвори дека е против раздвојување на Македонија и Албанија.