Стадион од 12 милијарди долари со капацитет од 115.000 луѓе- дали на него ќе се одржи Светското првенство 2030.?
1Стадион од 12 милијарди долари со капацитет од 115.000 луѓе- дали на него ќе се одржи Светското првенство 2030.?
СветМакрон се сретна со папата Лав Четиринаесетти во Ватикан Францускиот претседател Емануел Макрон денеска го посети Ватикан, каде што имаше приватна аудиенција кај папата Лав Четиринаесетти, пренесе АНСА.Ова беше прва лична средба на Макрон со понтифот од американско потекло. Во придружба на сопругата Брижит, Макрон се сретна и со државниот секретар на Светиот престол, кардиналот Пјетро Паролин. Меѓу подароците што францускиот претседател му ги врачи на папата, кој е познат како љубител на кошарката, беше и дрес од француската репрезентација со посвета од играчите. French President Emmanuel Macron and First Lady Brigitte Macron arrived at the Vatican today, where Macron held a private meeting with Pope Leo XIV and exchanged gifts with the pontiff. Their talks focused mainly on the war in the Middle East, focusing on Lebanon. This was the… pic.twitter.com/1al6bhBQ9A — Colm Flynn (@colmflynnire) April 10, 2026 „За време на срдечните разговори во Државниот секретаријат беше истакната добрата соработка меѓу Светиот престол и Франција. Разговорите потоа се фокусираа на важни меѓународни прашања, при што беа разменети мислења за конфликтните ситуации во светот и беше изразена надеж дека мирното соживување може да се обнови преку дијалог и преговори“, соопшти прес-службата на Светиот престол. Тагови: Емануел Макрон Папата Лав XIV Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаГрад Скопје: Ново Лисиче добива нов парк од 71.000 квадратни метриПочетокот на изградбата беше означен денеска заедно со градоначалникот Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски и Градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески.Во Ново Лисиче започна изградбата на нов парк на површина од 71.000 квадратни метри, со што запуштениот простор во непосредна близина на Фудбалската федерација на Македонија и последната автобуска станица на линијата „5“ ќе биде претворен во голема зелена целина наменета за одмор, рекреација и дружење на граѓаните. Почетокот на изградбата беше означен денеска заедно со градоначалникот Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски и Градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески. На просторот, кој со години беше оптоварен со дива депонија, ќе биде создаден современ парк со богато зеленило и содржини за сите генерации. Предвидено е да бидат засадени околу 1.000 дрвја, од кои повеќе од 800 листопадни, а останатите зимзелени. Паркот ќе располага со пристапни пешачки патеки, детски катчиња за игра и забава, како и простори за одмор и дружење, со што ќе создаде ново место за секојдневно поминување на слободното време на жителите на Ново Лисиче и граѓаните на Скопје. „Секое ново дрво е влог во почист воздух, повеќе сенка и поздрава средина за нашите деца. Сакаме овој парк да живее со смеата на најмладите, со прошетките на семејствата и со средбите на нашите повозрасни сограѓани. Место во кое секоја генерација ќе пронајде свое катче“, беше истакнато при означувањето на почетокот на изградбата. Со реализацијата на овој проект, заедно со парковите кои веќе се изградени и оние на кои се работи, вкупната површина на парковско зеленило што се создава во Скопје достигнува околу 200.000 квадратни метри. „Грижата за градот започнува со грижата за луѓето. Секое семејство треба да има простор за прошетка, секое дете место за игра и создавање убави спомени, а секоја населба зеленило какво што заслужува. Продолжуваме да го градиме Скопје рамномерно, во секоја општина, со еднаква посветеност кон секој граѓанин“, беше порачано денеска. Новиот парк во Ново Лисиче претставува уште еден чекор кон создавање почист, позелен и поквалитетен градски простор, со повеќе места за престој на отворено и подобри услови за живот на сите генерации. Град СкопјеТагови: Град Скопје Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаКривична пријава за две лица за убиството во ДуќанџикДве лица добија кривична пријава за убиство што пред пет дена се случи во населбата Дуќанџик во Скопје.Како што информираат од министеството за внатрешни работи, по преземени мерки и активности, единицата за насилен криминал до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против Р.К. и И.С., поради сомнение за дека сториле убиство. Двајцата, на 6 септември, околу 23:30 часот, во близина на раскрсницата помеѓу улиците „Прохор Пчински“ и „Војдан Чернодрински“ во Скопје, од мотоцикл пукале со огнено оружје кон група лица. При пукањето бил погоден 26 годишниот А.М од Скопје, по што со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во комплекс клиники „Мајка Тереза“, каде починал.Тагови: Дуќанџик Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаГолема акција на МВР, се апси за лажни возачки за автобуси и камиониНа дваесетина локации МВР денеска извршува претреси, а во рамки на истрагата за незаконско издавање и фалсификување возачки дозволи за C и D категорија.Акцијата следува по истрагата што внатрешната контрола на МВР ја отвори минатиот месец, кога беше откриено дека вработени во управните служби незаконски впишувале повисоки категории во возачки дозволи на лица кои немале положено испит за управување камиони или автобуси. Системот функционирал така што граѓаните фиктивно пријавувале изгубена возачка дозвола и поднесувале барање за нова. При фотографирањето и процесирањето на документот, корумпирани службеници во управните служби на мвр директно во системот им ги допишувале бараните повисоки категории. Се шпекулираше дека за услугата наплаќале тарифа од околу 1.400 евра. Се појавија сомнежи дека на овој начин се фалсификувани повеќе од 300 возачки дозволи, а некои од инволвираните службеници претходно биле поврзани и со аферата за лажни пасоши.Тагови: мвр Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНеколку дуќани изгореа откако изби голем пожар во Шуто Оризари (ВИДЕО)10:14Газдата на „Пулс“ Дејан Јованов- Деко наскоро ќе се брани од слобода15:08Активни пожари има во општина Струга, Македонски Брод и Чучер-Сандево09:11По повеќе од една година во бегство Перпарим Бајрами уапсен на ГП „Блаце“ – сам и се предал на полицијата 15:05МВР: На граничниот премин Долно Блаце за влез во Македонија се пријавил Перпарим Бајрами, баран со меѓународна потерница11:11
По повеќе од една година во бегство Перпарим Бајрами уапсен на ГП „Блаце“ – сам и се предал на полицијата 15:05
МВР: На граничниот премин Долно Блаце за влез во Македонија се пријавил Перпарим Бајрами, баран со меѓународна потерница11:11