Макрон: Русија само ескалира и не сака мир - Канал 5

Макрон: Русија само ескалира и не сака мир

 Францускиот претседател Емануел Макрон остро го осуди последниот голем руски напад врз украинската енергетска и железничка инфраструктура, ветувајќи дека Франција ќе продолжи да го поддржува Киев во потрагата по мир.

Макрон: Русија само ескалира и не сака мир

- Русија се затвора во ескалациски пат и не бара мир. Остро ги осудувам масовните напади кои синоќа беа насочени кон Украина, особено нејзината енергетска и железничка инфраструктура, напиша францускиот претседател на Х.

Тој најави и клучен состанок кој ќе се одржи следната недела.

- Мораме да продолжиме да вршиме притисок врз Русија за да ја принудиме да го избере мирот. Во понеделник ќе отпатувам за Лондон за да се сретнам со украинскиот претседател, британскиот премиер и германскиот канцелар, со цел да ја процениме ситуацијата и тековните преговори во рамките на американското посредување, информира Макрон.

Тој нагласи дека Украина може да смета на „непоколебливата поддршка“ на Франција и дека Коалицијата на подготвените дејствува токму со таа цел.

- Ќе ги продолжиме овие напори со Американците за да ѝ обезбедиме на Украина безбедносни гаранции, без кои нема да биде можен никаков силен и траен мир. Затоа што, она што е во прашање во Украина е и безбедноста на цела Европа, заклучи Макрон.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Стојаноски: Македонија лидер во регионот: Патничкиот авиосообраќај порасна за 27,9%

И ова може да биде вест во Република Македонија.

Стојаноски: Македонија лидер во регионот: Патничкиот авиосообраќај порасна за 27,9%

Резултатите покажуваат дека Македонија станува се попривлечна туристичка и транспортна дестинација.

Аеродромите во Охрид и Скопје го имаа најуспешниот јули досега, поставувајќи историски рекорди во македонскиот воздушен сообраќај.

27,9% раст на патничкиот сообраќај – прво место меѓу земјите кои не се членки на ЕУ+, според ACI Europe.

Меѓународниот аеродром Скопје е рангиран меѓу најбрзорастечките средни аеродроми во Европа, со раст од 28,6%.

Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид го забележа најуспешниот месец јули во својата историја.

Во текот на јули, охридскиот аеродром има раст од 41,21% во споредба со истиот месец минатата година.

Овие бројки се потврда дека инвестициите во нови авиолинии, развојот на аеродромите и поддршката на туризмот носат конкретни резултати за македонската економија.

Бојан Стојаноски

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Извршени 44 акциски контроли за санкционирање на незаконит риболов во јуни и јули

Приведени две лица, запленети 702 парчиња риба и 25 рибарски мрежи.

Извршени 44 акциски контроли за санкционирање на незаконит риболов во јуни и јули

Полициската станица за граничен надзор „Охридско Езеро“ Охрид, во текот на јуни и јули оваа година, во водите на Охридското езеро изврши 44 акциски контроли поврзани со кривичното дело „незаконит риболов“ и откривање лица сторители, како и пронаоѓање мрежи и други предмети од извршено кривично дело. Притоа, при вршење на кривичното дело „незаконит риболов“, полициските службеници затекнаа две лица, едното од охридското село Пештани а другото од Струга, ги приведоа во полициската станица и против нив се поднесени соодветни пријави.

Во текот на акциските контроли, пронајдени се вкупно 25 т.н. висечки рибарски мрежи со должина од четири километри и деветстотини метри кои се најстрого забранети за лов на риба и вкупен улов од 702 парчиња риба охридска белвица, односно вкупно 97.1 килограми. Полициската станица за граничен надзор „Охридско Езеро“ Охрид, и во текот на наредниот период ќе врши акциски контроли по овој основ, како и по одредбите од Законот за внатрешна пловидба.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: 100 денари литар дизел – ново зголемување откако Мицкоски најави намалување на цените

Дизелот денеска повторно поскапува, трет пат по ред, откако Мицкоски најави намалување на цената. Сега еден литар дизел ќе изнесува речиси 100 денари.

СДСМ: 100 денари литар дизел – ново зголемување откако Мицкоски најави намалување на цените

Како што веќе рековме, секогаш кога Мицкоски ќе најави мерки за намалување на цените, веднаш следува ново поскапување.

По неговите најави - не еднаш, туку три пати се случува поскапување на дизел горивото.

Граѓаните веќе имаат страв од најавите на Мицкоски.

Знаат дека ќе поскапи сè, бидејќи со поскапување на дизелот поскапува транспортот, храната и останатите цени.

Сега веќе е потврдено, секоја „мерка“ на Мицкоски за намалување на цените - носи ново поскапување.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер