Макрон: Почина уште еден француски војник по заседата во Јужен Либан - Канал 5

Макрон: Почина уште еден француски војник по заседата во Јужен Либан

 Втор француски војник од Привремените сили на Обединетите нации во Либан (УНИФИЛ) почина денеска, објави францускиот претседател Емануел Макрон.

Макрон: Почина уште еден француски војник по заседата во Јужен Либан

Војникот им подлегнал на повредите здобиени во истата заседа во која во саботата беше убиен аѓутантот Флоријан Монторио, појасни шефот на француската држава. Според француските власти, заседата била организирана од проиранската група Хезболах, која дејствува во Јужен Либан – тврдење што либанското шиитско движење го негираше.

„Капларот Анисе Жирарден од 132. пешадиски полк од Суип, кој вчера беше вратен во татковината од Либан каде што беше тешко ранет, почина утрово од повредите“, напиша Макрон на социјалната мрежа „Икс“.

Тој додаде дека војникот го дал својот живот за Франција. Земјата, која утре ќе му оддаде почит на аѓутантот Флоријан Монторио, ќе му оддаде последна почит и на капларот Анисе Жирарден, дополни претседателот, изразувајќи сочувство до нивните семејства.

Макрон ги истакна „борбените задачи што примерно ги извршуваат француските војници во редовите на УНИФИЛ, служејќи со храброст и решителност како за татковината, така и за зачувување на мирот во Либан“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Опозициски пратенички прашања денеска на седница во Собранието

Пратенички прашања од пратениците од редовите на опозицијата, денеска на собраниска седница. 

Опозициски пратенички прашања денеска на седница во Собранието

Планирани се вкупно 15 точки, каде пратениците меѓудругото ќе расправаат и за предлог-законот за изменување и дополнување на законот за приватизација и закуп на градежното земјиште во државна сопственост во второ читање.

На дневен ред се и неколку предлог-закони по скратена постапка како предлог-законот за изменување и дополнување на законот за градењето, и дополнување на законот за здравственото осигурување.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Најголем број на странски туристи во земјава се турски државјани, по нив се граѓани на Србија

Најголем број на странски туристи во земјава се турски државјани, по нив се граѓани на Србија

Најголем број странски туристи во септември во земјава дошле од Турција - вкупно 27.933. По нив во бројност се туристите од Србија со 8.358, потоа од Германија со над 6.000 и Полска со над 4.600 туристи.

Вкупно 136.305 туристи се евидентирани во земјава во септември годинава, а од вкупниот број туристи, скоро 25 проценти биле домашни, додека 75 проценти биле странски туристи.

Споредбено со периодот јануари – септември 2025 година, вкупниот број туристи е зголемен за 3 проценти притоа, бројот на домашните туристи бележи раст од 2,8 проценти, а на странските за 3 проценти, покажуваат податоците на државниот завод за статистика.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Гответе со Дракче“ - Пилешка салата

Во четврток (05.11.2026) во емисијата гостин ни бeше Иван Милевски.

„Гответе со Дракче“ - Пилешка салата

Состојки за денешниот рецепт:

250 гр. пилешки стек

5 - 6 кисели краставички

100 гр. сусам

150 гр. мајонез

масло

сол, бибер и др. зачини по избор

Прилог

потпечени лепчиња и шери домати

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер