Макрон по снимката: „Луѓето мислеа дека делам кеса со кокаин, а сега семејна расправија!“ - Канал 5

Макрон по снимката: „Луѓето мислеа дека делам кеса со кокаин, а сега семејна расправија!“

Францускиот претседател Емануел Макрон повторно се огласи по снимката што кружеше на социјалните мрежи. Сега им порачува на сите – „треба малку да се смират“.

Макрон по снимката: „Луѓето мислеа дека делам кеса со кокаин, а сега семејна расправија!“

Францускиот претседател Емануел Макрон денес негираше дека се скарал со сопругата Брижит, велејќи дека станува збор за „шега“, откако беше објавено видео на кое се чини дека првата дама му удира „шамар“ на францускиот лидер додека се подготвуваат да излезат од авион во Виетнам.

Можеби ќе ве интересира: Макрон доби шлаканица од сопругата Брижит пред десетици камери (ВИДЕО)

Макрон изјави пред новинарите во Ханој дека тој и сопругата „се шегувале, како што често прават“, а претставник од Елисејската палата за француските медиуми рече дека сцената прикажува „момент на блискост. Но тоа било доволно за да ги потхрани теоретичарите на заговор“.

Друг извор од палатата истакнал дека двојката „се опуштала за последен пат пред почетокот на посетата, забавувајќи се“.

Можеби ќе ве интересира: Се огласи Макрон, откако снимката со шлаканицата од Брижит го сврте светот (ВИДЕО)

„Сака да се шегува“

– Макрон сака да се шегува со својата сопруга пред официјални настани, а таа секогаш вака реагира... Тоа дури и не беше шамар – изјавил изворот.

Макрон нагласил дека и други видеа биле погрешно протолкувани, вклучувајќи ги и „заговорите“ за кокаин и расправијата со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, пренесува Гардијан.

Луѓето мислеа дека делам кеса со кокаин, дека сум се скарал со турскиот претседател, а сега дека имам семејна расправија со сопругата... Ништо од тоа не е вистина. Сите треба малку да се смират – изјави тој.

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, го прокоментираше инцидентот, велејќи дека раката на Брижит Макрон „можеби е рака на Кремљ“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Софија Вергара во секси фустан на 54 роденден

Најплатената телевизиска актерка на свето, атрактивната Колумбијка, Софија Вергара  летово ги бодреше фудбалерите на Светското првенство, но и покрај нејзината поддршка турнирот заврши за колумбиската репрезентација.

Фото: Софија Вергара во секси фустан на 54 роденден

Со намера да им стави крај на фотките во боите на Колумбија, Софија одлучи да објави нешто многу посекси и елегантно.

Сексапилната Софија објави фотографии на кои позира во долг, шарен фустан со интригантен исечок кај градите.

Овој пат, таа имаше посебна причина за славење: го одбележуваше својот 54-ти роденден.

Фустанот привлече најголемо внимание, секако поради истакнатите облини на Софија, фустанот ги истакна сите атрибути на „жешката“ Колумбијка.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Зајкова од Собранието: Доста со ПР-театар, да ги спасиме првите 4 милиони евра на граѓаните!

„Изборот на Парламентот денеска е едноставен, дали ќе ги гласаме само техничките забелешки на ОБСЕ и ОДИХР или ќе дозволиме граѓаните да изгубат 4 милиони евра.

Зајкова од Собранието: Доста со ПР-театар, да ги спасиме првите 4 милиони евра на граѓаните!

Никој здраворазумен политичар не би дозволил граѓаните да изгубат 4 милиони евра“, вели во својата видео изјава претседателката на Либерално-демократската партија (ЛДП) и пратеничка во Собранието, Моника Зајкова.

Зајкова посочува дека ЛДП уште минатата недела предупредила дека е доста од меѓусебни политички расправии и ценкања и побарала веднаш да се стават во процедура измените на Изборниот законик кои што се однесуваат исклучиво на забелешките на ОБСЕ и ОДИХР.

„Тука не станува збор за никакви црвени линии, станува исклучиво збор за договорени технички работи, врз кои што Македонија треба да добие пари од Европската Унија. Понатаму, до 2028 година има време за дебата помеѓу политичките партии да ги усогласат останатите црвени линии по однос на измените на Изборниот законик“, изјави претседателката на ЛДП, Зајкова и ги повика колегите пратеници да гласаат за техничките забелешки на ОБСЕ и ОДИХР и да им обезбедат 4 милиони евра на граѓаните.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Иран поднесе жалба до Советот за безбедност на ОН

 Иран официјално поднесе жалба до Советот за безбедност на Обединетите нации (СБОН), обвинувајќи ги САД за систематско кршење на Меморандумот за разбирање од Исламабад, потпишан минатиот месец. 

Иран поднесе жалба до Советот за безбедност на ОН

Во писмо упатено до генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, и претседателот на Советот за безбедност, Зенон Нгаи Муконг, постојаниот претставник на Иран во ОН, Амир Саид Иравани, изјави дека САД, како што тврди Техеран, почнале да ги поткопуваат неговите одредби речиси веднаш по потпишувањето на договорот, објави „Прес ТВ“.

На 17 јуни, Иран и САД потпишаа Меморандум за разбирање кој предвидува траен прекин на непријателствата на сите фронтови и продолжување на преговорите за конечен договор во рок од 60 дена.

Според толкувањето на Иран, документот предвидува дека Иран ќе ја преземе одговорноста за управувањето и безбедноста на пловидбата низ Ормутскиот теснец.

Во жалбата, Иравани наведе 42 случаи на наводни прекршувања на договорот од неговото потпишување, вклучувајќи ги воените напади на САД на иранска територија, ограничувањата за продажба на иранска нафта, воспоставувањето алтернативна поморска рута низ Ормутскиот теснец и поддршката за Израел во конфликтите во Либан.

Иранскиот амбасадор особено го истакна Член 5 од меморандумот, за кој тврди дека ја потврдува надлежноста на Техеран врз утврдувањето на безбедното минување низ Ормутскиот теснец.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер