Макрон од Тирана ги повика Косово и Србија да се вратат на француско-германскиот план

Според него токму Франција го суспендирала безвизниот режим за граѓаните на Косово, бидејќи според него косовските власти не го одржале дадениот збор.

Претседателот на Франција, Емануел Макрон, на заедничката прес-конференцијата со премиерот Еди Рама во Тирана, одговарајќи на прашање за ставот на Париз за тензиите во северно Косово, истакна дека очекува од Приштина реорганизација на изборите во северно Косово, учество на Србите на овие избори и признавање на Заедницата на српски општини“.

Според него токму Франција го суспендирала безвизниот режим за граѓаните на Косово, бидејќи според него косовските власти не го одржале дадениот збор.

- Со посебна внимателност ги следиме тензиите меѓу Приштина и Белград. Франција и Германија дадоа предлог што мислам дека е добар и очекуваме да биде испочитуван од двете страни. Сметам дека одговорноста на Вучиќ е да го осуди чинот од 24 септември. Она што го очекуваме од косовските и српските власти е едноставно, реорганизација на изборите на северот, учество на Србите на овие избори и признавање на ЗСО од страна на косовските власти. Очекувам Вучиќ да биде одговорен, истото го очекувам и од косовската претседателка Османи и премиерот Курти, наведе Макрон.

Тој додаде дека очекува двете страни да се обврзат да продолжат понатаму во следните недели.

- Тоа е услов за мир во целиот регион, посочил Макрон.

Премиерот Рама истакна дека го дели истиот став со францускиот претседател.

- Денес Косово влезе во замка што си ја направи, но никогаш не било подобро. Би било драматично доколку го загубеше конечно освоеното право слободно да се движи во ЕУ. Драматично. Двете страни имаат план, а тоа е француско-германскиот план, што е најдоброто нешто што може да му се случи на Косово. Најдоброто можно, нагласил Рама.

И албанскиот претседател Бајрам Бегај на средбата со Макрон ја нагласи неопходноста од враќање на дијалогот и надминување на недоразбирањата преку француско-германскиот план, при тоа нагласувајќи ја потребата од понатамошна поддршка на овој дијалог, но и „потребата да се казнуваат и обесхрабруваат актите на насилство и провокации во општините на северно Косово“.

- Косово е суверена и независна земја, а терористичките акти како онаа на Бањска во Звечан (24 септември) се за осуда и се неприфатливи за неговата безбедност, но и за регионот и за целиот европски континент, оценил Бегај.

Мицкоски: Народот кажа, идната коалиција ќе ја предводат ВМРО-ДПМНЕ и „Вреди“

Изборната кампања влегува во втората половина, а со неа и постизборните комбинаторики.

За ВМРО-ДПМНЕ и за коалицијата „Вреди“ веќе нема дилеми кој треба да ја предводи новата македонска влада.

Ивана Стојановска ги има информациите.

Ивана, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ попладнево со веројатно најексплицитна порака досега?

Во видеото погледнете го целиот извештај.

Македонија одбележува 23 години од масакрот кај Вејце

На денешен ден пред точно 23 години се случи еден од најбруталните и најкрвавите маскари во современата историја на Македонија.

На денешен ден пред точно 23 години се случи еден од најбруталните и најкрвавите маскари во современата историја на Македонија кога попладнето на кривината Црвен камен во месноста Бреза на средина од планинскиот пат меѓу тетовските села Селце и Вејце, од припадници на терористичката паравоена формација ОНА од заседа беа нападнати, убиени, а потоа и ѕверски масакрирани осум припадници на безбедносните сили. Местото на грозомрниот масакр денеска го посетија од Достоинство, а почит оддадоа и пред споменикот на Бранителите во Скопје. Првиот човек Стојанче Ангелов очекува по конституирањето на новиот Парламент да се усвојат измените на Законот за бранителите, кој го поднеле во Собранието, со кој како што вели ќе се исправи долгогодишната неправда кон бранителите и нивните семјества.

„ Оние кои ги масакрираа и убија денеска се на слобода иако според меѓународното право воените злострствоата никогаш не застаруваат. 23 години подоцна на местото кај масакрот на Вејце се уште нема достоинствено обележје кое ќе потсетува на овој крвав настан и ќе предупредува дека е крајно неодоговорно да се разгоруваат меѓуетничката нетрпеливост и омраза како тоа што го направи Али Ахмети на митингот на ДУИ во Скопје заканувајќи му се на лидерот на опозицијата извикувајќи УЧК. “-Стојанче Антелов – Достоинство.

Почит кон споменот на загинатите бранители во ,,Вејце “ и ,,Шипковица“ во 2001 година на денешното честување во Битола оддаде и дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев, кој порача дека тие никогаш нема да бидат заборавени.

Откако во октомври лани со владина одлука министерството за одбрана ја доби надлежноста за местата на кои загинале македонските бранители, од Министерството во одговор за Канал 5 информираат дека до крајот на месец мај очекуваат да заврши процедурата за доделување на локациите за изградба на спомениците на загинатите бранители во месноста Љуботенски бачила, на Карпалак и во Вејце, по што ќе се објави огласот за идејно решение и изработка за што се предвидени средства во планот за јавни набавки.

Во меѓувреме, во центарот на Куманово е откриен мурал со кој се оддава почит кон споменот на бранителот Бобан Трајковски, во пресрет на 23-годишнината од неговата херојска смрт.

Ковачевски: Ако некој бојкотирал низ целата историја на државата тоа е ВМРО-ДПМНЕ

Лидерот на СДСМ Димитар Ковачевски синоќа во Гостивар изјави дека ако некој бојкторал и блокирал во целата историја, тоа било ВМРО-ДПМНЕ.

притисни ентер