Макрон: Нашата куќа е во пламен, ова е меѓународна криза

Нашата куќа е во пламен. Буквално. Гори Амазонија, градите на нашата планета која произведуваат 20 отсто од кислородот.

Францускиот претседател Емануел Макрон синоќа предупреди дека пожарите што го пустошат бразилскиот дел од Амазон претставуваат „меѓународна криза“ и ги повика членките на Г7 да разговараат за овој проблем на претстојниот самит во бијариц, во франција, викендов.

„Нашата куќа е во пламен. Буквално. Гори Амазонија, градите на нашата планета која произведуваат 20 отсто од кислородот. Ова е меѓународна криза. Членки на Г7, се гледаме за два дена кога ќе разговараме за овој проблем“, напиша францускиот претседател на Твитер.

Макрон со пораката на твитер му се приклучи на генералниот секретар на ОН, Антонио Гутиереш, кој вчера истакна дека е „ длабоко загрижен“ заради пожарите во Амазонија.

Нетанјаху: Ќе направиме сè што е потребно за да победиме, вклучително и Рафа

Додека Хамас тврди дека ги проучува најновите израелски предлози за прекин на огнот во „позитивен дух“, израелскиот премиер го повтори своето ветување дека без оглед на тоа ќе почне копнена инвазија на Рафа во јужна Газа.

- Ќе направиме сè што е потребно за да ги победиме нашите непријатели, вклучително и Рафа, соопшти кабинетот на Нетанјаху.

- Имаше разлики во мислењата меѓу нас во врска со операциите на блиските и далечните боишта. Но, на крајот од дискусијата донесов одлука и таа беше прифатена, ја пренесува Ал Џезира изјавата на израелскиот претседател. /МИА

Полскиот претседател предложи зајакнување на националниот одбранбен систем

Полскиот претседател Анджеј Дуда поднесе до парламентот нацрт-закон за зајакнување на одбранбената готовност, поради новите форми на закани од Русија, соопшти денеска Националната служба за безбедност (ББН).

Според предлогот, генералната и оперативната воена команда ќе се спојат во едно тело.

Нацртот предвидува и нови постојани одбранбени планови кои обезбедуваат способност на војската веднаш да одговори на ненадејни закани и има за цел да го подобри протокот на информации и координацијата меѓу цивилните и воените власти на Полска.

- Предлогот предвидува воведување промени во воените и невоените области, зајакнување на способноста за спротивставување на хибридните закани и директна вооружена агресија, се наведува во соопштението на ББН.

Се додава дека предлозите се „одговор на промените во безбедносното опкружување, вклучително и новите форми на закани од Руската Федерација насочени против Полска и другите земји од Европската унија и НАТО“.

Руската амбасада во Полска соопшти дека не е во можност да го коментира соопштението на ББН бидејќи не е запознаена со тоа на какви „нови“ и „стари“ облици на наводни закани од Руската Федерација насочени против Полска и други земји од ЕУ и НАТО се мисли.

Полска ги зголеми своите воени трошоци на над четири отсто од бруто домашниот производ, што е повеќе од препораките на НАТО. /МИА

Херцог: Омразата и антисемитизмот ги контаминираа американските универзитети

Израелскиот претседател Исак Херцог денеска го осуди „застрашувачкото оживување на антисемитизмот“ во светот, особено во САД, каде „универзитетите се контаминирани со омраза и антисемитизам“.

„Угледните универзитети, центри за историја, култура и образование се контаминирани со омраза и антисемитизам“, рече Херцог.

Во американските универзитетски кампуси „со ужас гледаме како се слават и оправдуваат злосторствата врз Израел од 7 октомври“ минатата година, додаде израелскиот претседател.

Тој изрази поддршка за „браќата и сестрите, пријателите во кампусите и во еврејските заедници во САД и ширум светот“. /МИА

притисни ентер