Макрон најави инвестиција од 1,5 милијарди евра во развој на квантни технологии - Канал 5

Макрон најави инвестиција од 1,5 милијарди евра во развој на квантни технологии

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска изјави дека француската влада ќе инвестира дополнителни 1 милијарда евра во национална стратегија за развој на квантни технологии, како и 550 милиони евра за поддршка на секторот за микроелектроника.

Макрон најави инвестиција од 1,5 милијарди евра во развој на квантни технологии

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска изјави дека француската влада ќе инвестира дополнителни 1 милијарда евра во национална стратегија за развој на квантни технологии, како и 550 милиони евра за поддршка на секторот за микроелектроника, во време кога водечките светски сили се натпреваруваат за доминација во новите технолошки области.

„Ќе го кажам јасно - имаме средства да бидеме победници во оваа трка“, рече Макрон, презентирајќи го новиот инвестициски пакет, според Ројтерс.

Тео Перонин, извршен директор на париската компанија за квантно пресметување „Алис и Боб“, рече дека „масивниот“ раст на инвестициите се должи на растечката важност на компјутерската инфраструктура за економијата.

Тој оцени дека јавното финансирање за стратешките сектори, како што е квантното пресметување, ги охрабрува компаниите да работат и придонесува за создавање технолошки лидери.

„Алис и Боб“ е меѓу компаниите што добија поддршка од нов француски фонд, а денес објави и дека обезбедиле финансирање од инвестицискиот огранок на „Нвидиа“, „НВентурс“, за развој на хардвер што треба да ги намали грешките во работењето на квантните компјутери.

Компанијата учествува и во француската програма PROQCIMA, предводена од француското Министерство за вооружени сили, која има за цел да развие два прототипови на универзални квантни компјутери со француски дизајн подготвени за индустриско производство до 2032 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Се урна хеликоптер во Италија: Има жртви

Најмалку едно лице загина денес, а тројца се повредени во хеликоптерска несреќа во северна Италија, објави Анса.

Се урна хеликоптер во Италија: Има жртви

Несреќата се случила во областа на градот Солчо ди Леза на езерото Маџоре.

Приватниот хеликоптер се урна кратко по полетувањето од вила во областа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Зеленски: Пешадијата на фронтот би можела да заработува до 6.000 евра месечно

Украина ќе ги зголеми платите на војниците и ќе се обиде да привлече повеќе борци од странство, објави во петок претседателот Володимир Зеленски.

Зеленски: Пешадијата на фронтот би можела да заработува до  6.000 евра месечно

Овие потези доаѓаат во време кога армијата се соочува со сериозен недостиг на персонал по четиригодишната војна со Русија, објави Ројтерс.

Владата на Зеленски објави во мај дека ќе разгледа можни мерки за зголемување на бројот на војници, откако разговорите со Русија за завршување на војната беа во застој. По состанокот со клучните министри, Зеленски во своето дневно обраќање рече: „Се договоривме како финансиски да ја зајакнеме нашата одбрана и да продолжиме со трансформацијата на украинската армија“. Тој додаде дека владата ќе одобри специфичен механизам и дека првите нови исплати треба да започнат уште во јуни.

Зголемени трошоци за одбрана

Украина обезбеди заем од 90 милијарди евра од Европската Унија, што ѝ овозможува на владата да ги зголеми трошоците за одбрана оваа година на рекордни 4,4 трилиони гривни (околу 82,5 милијарди евра), а средствата се очекува да почнат да пристигнуваат овој месец. Зеленски објави дека владата ќе ја зголеми основната воена плата за една третина, за 30.000 гривни (околу 600 евра).

Воените аналитичари и економисти велат дека овој потег има за цел да ја усогласи со просечната месечна плата во земјата, која постојано растеше поради недостиг на работна сила за време на војната. Пешадијците на фронтовската линија ќе добиваат просечна месечна плата од 300.000 гривни (околу 6.000 евра), во однос на сегашните 100.000 до 150.000 гривни. Исто така, ќе им биде понуден нов вид договор на одредено време за борбени мисии, со времетраење од 10, 14 или 24 месеци.

Потрагата по странски борци

Киев, исто така, сака да регрутира повеќе странски борци. „Наредив да се создадат значително повеќе можности за регрутирање странски волонтери во украинската армија и да се отворат повеќе канали за регрутирање во оваа смисла“, рече Зеленски.

Според проценките на украинските воени публикации, околу 10.000 странски волонтери од повеќе од 70 земји се приклучиле на украинската армија од почетокот на војната.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Путин пред војници: Не напредуваме толку брзо колку што би сакале

Рускиот претседател Владимир Путин објави дека руските сили ќе ги интензивираат нападите врз украинската инфраструктура со цел да ги „одвратат“ нападите врз цели во Русија.

Путин пред војници: Не напредуваме толку брзо колку што би сакале

Според руските медиуми, Путин го рекол ова на состанок со припадници на руските вооружени сили.

„Со оглед на тоа што прават, ние мораме, а ова е нашата следна задача, соодветно да одговориме. Ние го правиме ова и ќе продолжиме да ги интензивираме нападите врз непријателската инфраструктура со цел да ги одвратиме од напади врз нашите цивилни објекти“, рече Путин.

Тој додаде дека украинските напади предизвикуваат штета на руската економија, но тврди дека таа брзо се опоравува. „Што се однесува до економијата, се разбира, се предизвикува штета. Но, сè брзо се опоравува, нема да може да ни создаде сериозни проблеми“, нагласи тој.

„Ги враќаме нашите територии под контрола“

Тој го наведе фактот дека повеќе од 700.000 руски војници се распоредени во зоната на „специјална воена операција“. Тој нагласи дека руската влада разгледува образовни програми за учесниците во „специјалната воена операција“, како и можностите за медицинска рехабилитација и вработување по враќањето од служба.

Тој призна дека руските сили во Украина не напредуваат „толку брзо колку што би сакала Москва“, но истакна дека тие сè уште постепено напредуваат од ден на ден. „Полека, чекор по чекор, ги враќаме нашите територии под контрола. Ќе го постигнеме тоа, никој не може да се сомнева во тоа“, рече Путин.

Украинските воздухопловни сили претходно предупредија дека постои голема веројатност за лансирање руски балистички ракети од полигонот Капустин Јар во следните 24 часа. Русија претходно лансираше балистички ракети со среден дострел „Орешник“ од таа област.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер