Петрушевски: СДС го допре дното, со умисла создава паника и хистерија за тоа дека водата во Скопје не била безбедна за пиење, вистината е сосема спротивна
1Петрушевски: СДС го допре дното, со умисла создава паника и хистерија за тоа дека водата во Скопје не била безбедна за пиење, вистината е сосема спротивна
3Дали изневерувате, а не сте ни свесни за тоа? Овие се 7 навики кои можат да ја уништат врската, иако не изгледаат како изневерување
СветМакрон му одговори на Трамп на исмевањето дека сопругата Брижит му удара шлаканици (ВИДЕО)Францускиот претседател Емануел Макрон ги отфрли коментарите на американскиот претседател Доналд Трамп за неговата брачна ситуација, велејќи дека тие „дури и не заслужуваат одговор“. На прашањето од новинарите да го коментира тврдењето на Трамп дека „сопругата на Макрон се однесува лошо кон него“ и дека „Макрон едвај се опоравува од ударот во вилицата“, францускиот претседател рече дека коментарите не се „ниту елегантни ниту соодветни“, според телевизијата BFM. Претседателката на францускиот парламент, Јаел Брон-Пивет, ги нарече коментарите на Трамп несоодветни. „Во моментов зборуваме за иднината на светот. Нешто се случува во Иран што има последици за животите на милиони луѓе, луѓе умираат на бојното поле, а имаме претседател кој се смее и им се потсмева на другите“, рече таа. Мануел Бомпар, пратеник од левичарската партија „Франција Освоена“, исто така ги осуди коментарите на Трамп. „Знаете колку се моите несогласувања со претседателот (Макрон), но Доналд Трамп да зборува така за него и неговата сопруга е апсолутно неприфатливо за мене“, рече Бомпар. Трамп во обраќањето до нацијата во среда вечерта изјави дека Макрон одбил да испрати француски бродови за да им помогне на САД да го отворат Ормутскиот теснец во Персискиот Залив и дека Макрон е „злоупотребуван од неговата сопруга“. „Неговата сопруга се однесува многу лошо кон него, едвај се опоравил од ударот со десната рака што го добил во вилицата“, рече Трамп. Американскиот претседател рече дека за време на телефонскиот разговор со Макрон, побарал од Франција помош за преземање на Ормутскиот теснец, каде што Иран го блокирал бродскиот сообраќај. Според него, Макрон одбил, велејќи му дека Франција може да ги испрати бродовите „кога ќе се добие војната“. Трамп рече дека не го прифатил ова одбивање љубезно и дека одговорил „не, не, не ми требаат кога ќе заврши војната, Емануел“. Макрон вчера повтори дека Франција „не била консултирана“ за започнување војна од страна на САД и Израел против Иран и дека „не учествува“ во неа.Тагови: Доналд Трамп Емануел Макрон Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПетрушевски: СДС го допре дното, со умисла создава паника и хистерија за тоа дека водата во Скопје не била безбедна за пиење, вистината е сосема спротивнаДо сега очекувавме и видовме се од талогот на СДС, но ова веќе ги преминува сите граници.Вакви пораки на социјалните мрежи биле праќани од страна на активисти на СДС кон граѓаните. СДС го допре дното и со умисла создава паника и хистерија за тоа дека водата во Скопје не била безбедна за пиење, додека вистината е сосема спротивна. Ова е смислено сценарио поради финансиско профитерство на фирми блиски до СДС кои работат со продажба на флаширана вода, намерно во договор со структури на СДС создаваат паника и хаос помеѓу граѓаните во Скопје, за да тие заработат денар повеќе, а СДС политички поени. Граѓаните на главниот град пијат чиста и безбедна вода за пиење, а Филипче од Грција на гости кај Заев каде ги поминува годишните одмори, дал насока до неговите пајташи од СДС да создаваат недоверба кај граѓаните за безбедноста на водата. До каде дојде некогаш големата СДС? Дојде до талогот, до дното. Наместо да се извинат за Гостивар, но и за сите други населени места во кои изминатите години додека тие беа на власт, поради Филипче и СДС, граѓаните конзумирале небезбедна вода за пиење, а тогашните власти не ги известувале преку институциите, денес одат чекор повеќе и прават хаос во општеството затоа што не знаат како да дојдат до медиумско и граѓанско влијание. Ова веќе ја помина секоја граница. Го повикуваме МВР да ги најде поединците кои по насока на СДС шират дезинформации за водата во Скопје. Го повикуваме и ЈО да се разбуди од длабокиот сон и да почни да работи. Одговорност за тоа што граѓаните се труеле со години, а не дознавале, како и за ширење на лаги и манипулации како оваа денес во Скопје, мора да има. Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕТагови: Бране Петрушевски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПрогласена епидемија на западно-нилска треска во пет скопски општини- почина 83 годишен пациент15:00Прогласена епидемија од западнонилска треска во Кисела Вода, Илинден, Гази Баба и Бутел12:31Августовски испитен рок за матура денеска и во петок, полагањето ќе биде во четири градови08:41Последните анализи влеваат надеж – ќе протече ли во четврток питка вода од чешмите во Гостивар?.. 15:00На 11 август пред 34 години Македонија ги доби знамето и химната „Денес над Македонија“08:38
Последните анализи влеваат надеж – ќе протече ли во четврток питка вода од чешмите во Гостивар?.. 15:00
КултураНајавена програмата на првиот фестивал „Битолски чалгиски денови“Фестивалот е замислен како своевидно враќање на чалгијата во просторот на градотБитола го добива својот прв фестивал посветен на чалгијата. На 14 и 15 август, градот ќе пулсира во ритамот на традиционалната чалгиска музика, низ настанот „Битолски чалгиски денови“, кој е дел од програмата на Битолското културно лето – БИТ ФЕСТ, во организација на Културно-информативниот центар - Битола. Фестивалот е замислен како своевидно враќање на чалгијата во просторот на градот - таму каде што со децении се создавале и пренесувале музичките приказни, традициите и духот на некогашна Битола. Преку богата дводневна програма, чалгијата ќе биде претставена не само како музика, туку и како дел од културното наследство и препознатливиот градски идентитет. Првиот фестивалски ден, 14 август, започнува во 11:00 часот во Офицерскиот дом, со семинарот „Канон - Чалгиска музика“, под менторство на Филип Михајловски. Едукативната содржина ќе биде можност за запознавање со традицијата, структурата и спецификите на чалгиската музика. Фестивалската атмосфера продолжува во 18:00 часот на Широк Сокак, со пајтонско дефиле, кое низ препознатливиот битолски амбиент ќе го најави големиот музички дел од програмата. Вечерта, центарот на случувањата се сели во Старата Чаршија кај Монмартр, каде од 20:30 часот ќе настапат Чапче и Тајфата. Во 21:30 часот следува настапот на Филип Шурбевски Езгија Квартет, а во 22:30 часот вечерта продолжува со „Мерак чалгии“, Димитар Андоновски и Бојан Стојков. На 15 август, чалгиската приказна продолжува во Старата Чаршија. Од 20:30 часот повторно ќе настапат Чапче и Тајфата, додека за 22:00 часот настапуваат Љубојна и Битолскиот Чалгиски Оркестар. Со својата премиерна фестивалска програма, „Битолски чалгиски денови“ отвора нов простор за афирмација на чалгијата и нејзино приближување до новите генерации, истовремено потсетувајќи на богатото музичко наследство на Битола. Два дена чалгија. Два дена традиција. Една Битола. Првиот фестивал на чалгијата во градот е покана за битолчани и гостите на Битола да ја почувствуваат музиката на чаршијата, да ја доживеат традицијата на поинаков начин и заедно да бидат дел од создавањето на една нова фестивалска традиција. „Битолски чалгиски денови“ - 14 и 15 август, во рамките на БИТ ФЕСТ, во организација на Културно - информативниот центар - Битола.Тагови: Битолски чалгиски денови Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПрогласена епидемија на западно-нилска треска во пет скопски општини- почина 83 годишен пациент15:00Прогласена епидемија од западнонилска треска во Кисела Вода, Илинден, Гази Баба и Бутел12:31Августовски испитен рок за матура денеска и во петок, полагањето ќе биде во четири градови08:41Последните анализи влеваат надеж – ќе протече ли во четврток питка вода од чешмите во Гостивар?.. 15:00На 11 август пред 34 години Македонија ги доби знамето и химната „Денес над Македонија“08:38
Последните анализи влеваат надеж – ќе протече ли во четврток питка вода од чешмите во Гостивар?.. 15:00
Европа„Политико“: Брисел подготвува нови правила за идното проширување на ЕУЕвропската унија подготвува измени во правилата за проширување поради се посилниот страв дека забрзаниот прием на нови членки може да доведе до парализа на носењето клучни одлуки во блокот, објави весникот „Политико“, повикувајќи се на дипломатски иСпоред информациите на медиумот, целта е да им се дадат гаранции на сегашните земји членки дека новиот бран на проширување нема да го парализира процесот на одлучување или дополнително да ја усложни распределбата на средствата од заедничкиот европски буџет. Ова прашање ќе биде централна тема на стратешката расправа што европските лидери треба да ја водат на состанокот на Европскиот совет на 15 и 16 октомври. Советот уште во јуни најави дека на октомвриската сесија посебно ќе ја разгледува поврзаноста меѓу идното проширување и неопходната внатрешна реформа на самата еу.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter