Заменик-министерката за европски прашања на средба со претставници на француската амбасада: Реформите мора да донесат конкретни резултати
1Заменик-министерката за европски прашања на средба со претставници на француската амбасада: Реформите мора да донесат конкретни резултати
СветМакрон: Либанската влада сака директни преговори со Израел за прекин на огнотФранцускиот претседател Емануел Макрон изјави дека либанската Влада е подготвена за директни преговори со Израел и понуди разговорите да се одржат во Париз.Макрон рече дека Израел треба да ја прифати можноста и да започне преговори што би можеле да доведат до прекин на огнот и долгорочно решение на конфликтот. „Либанската влада изрази подготвеност за директни разговори со Израел“, рече Макрон и додаде дека „Израел мора да ја прифати оваа можност, да отвори преговори, да постигне прекин на огнот, да најде одржливо решение и да им дозволи на либанските власти да ги исполнат своите обврски кон суверенитетот на Либан“. Макрон предупреди дека е потребно да се спречи понатамошна дестабилизација на земјата. „Мора да се преземат сите можни чекори за Либан да не се лизне во хаос. Хезболах мора веднаш да ја запре опасната ескалација што ја поттикнува, а Израел мора да се воздржи од голем напад и да ги запре масовните напади додека стотици илјади луѓе веќе избегаа од бомбардирањето“, рече тој. Коментарите на Макрон доаѓаат во време кога Израел планира значително да ја прошири својата копнена операција во Либан, според американски и израелски претставници. Според „Аксиос“, целта на операцијата би била да се освои областа јужно од реката Литани и да се уништи воената инфраструктура на Хезболах. Доколку тоа се случи, тоа би била најголемата израелска копнена инвазија на Либан од војната во 2006 година. Израелските власти велат дека владата на премиерот Бенјамин Нетанјаху до неодамна се обидувала да избегне поширока ескалација во Либан за да се фокусира на војната со Иран. Но, таа стратегија се променила по масовниот ракетен напад во средата кога Хезболах, во координација со Иран, лансираше повеќе од 200 ракети. „Пред овој напад бевме подготвени за прекин на огнот во Либан, но по него нема враќање назад од голема операција“, рече висок израелски функционер. Хезболах е посебна организација од либанската Влада, иако има претставници во парламентот и силно политичко влијание во земјата. Според податоците од меѓународните организации и извештаите на западните агенции објавени во последните денови, од почетокот на конфликтот меѓу Израел и Хезболах, на 28 февруари, во самиот Либан се раселени повеќе од 800.000 лица, додека борбите продолжуваат со ризик од понатамошно проширување на регионалната војна.Тагови: Емануел Макрон Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЗаменик-министерката за европски прашања на средба со претставници на француската амбасада: Реформите мора да донесат конкретни резултатиЗаменик министерката за европски прашања, Викторија Трајков, оствари средба со Филип Маршето, заменик-амбасадор на Република Франција и францускиот експерт Жером Кел.Во фокусот на разговорот беа реализираните реформи и активностите на институциите за спроведување на Реформската агенда и приоритетите за наредниот период. „Нашата цел е реформите да не останат само обврски на хартија, туку да донесат мерливи резултати, поефикасни институции и подобри услуги за граѓаните. Посветени сме на спроведување на Реформската агенда 2024–2027 и исполнување на европските стандарди преку конкретни активности, јасна одговорност и континуирано следење на постигнатото“, истакна Трајков. На средбата беше нагласена важноста на соработката со Франција, размената на експертски искуства и континуираниот дијалог во поддршка на реформскиот процес и европската интеграција на нашата земја.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветНетанјаху води на изборите, но нема мнозинство за владаДосегашните преброени гласови од изборите за Кнесетот во Израел покажуваат дека Бенјамин Нетанјаху е во водство. Со преброени 85 проценти од гласовите, неговиот блок предводен од партијата Ликуд, се очекува да освои 53 пратенички места. Главниот ривал на Нетанјаху – поранешниот началник на генералштабот на армијата – Гади Ајзенкот и неговиот опозициски блок, е на пат да освои 48 места. Арапските партии, според резултатите, би можеле да освојат рекордни 19 места. За мнозинство во Кнесетот, кој има 120 пратеници, потребни е 61 освоено место. Нетанјаху и Ајзенкот најавија дека ќе се обидат да формираат владина коалиција, а не се исклучува и влада на национално единство, бидејќи повеќето еврејски партии ја отфрлаат можноста за соработка со арапските партии. Сè уште не се преброени меѓу 430.000 и 480.000 гласачки ливчиња. По конечните резултати се очекува претседателот Исак Херцог да се консултира со политичките партии, а доколку не биде формирана влада, израел би можел да оди на нови избори.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Рецепти„Гответе со Дракче“ - Модар патлиџан со мелено месоВо четврток (22.10.2026) во емисијата гостин ни бeше Васко Форти.Состојки за денешниот рецепт: 2 модри патлиџани 250 - 300 гр. мелено месо 1 главица кромид 150 мл. доматен сос 3 чешниња лук маслиново масло сол, бибер и др. зачини по избор Погледнете како се подготвува овој рецепт:Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter