Од Кичево до вселенскиот сектор: Македонката Мартина Димоска за патот до NASA, аналогните мисии и сонот за Марс
2Од Кичево до вселенскиот сектор: Македонката Мартина Димоска за патот до NASA, аналогните мисии и сонот за Марс
СветМакрон: Конфликтот на Блиски Исток нема да ѝ донесе олеснување на Русија во нејзината војна во УкраинаПретседателот на Франција Емануел Макрон, на денешната заедничка прес-конференција во Париз со украинскиот колега Володимир Зеленски истакна дека конфликтот на Блиски Исток нема да ѝ донесе олеснување на Русија во нејзината војна во Украина.- Чудно да се види Русија како повикува на прекин на огнот на Блиски Исток, додека тврдоглаво одбива да го прифати во Украина, наведе Макрон. Тој додаде и дека останува непоколебливата поддршката на Франција за Украина. Зеленски ја коментираше одлуката на САД за ублажување на санкциите врз руската нафта, посочувајќи оти тоа нема да придонесе за мирот, туку само ќе ја направи Русија посилна. Тој предупреди дека Украина се соочува со сè поакутен недостиг на ракети за противвоздушна одбрана. Зеленски тврди дека земјите од Персиски Залив за неколку дена употребиле толку ракети „Патриот“ колку што Киев добил од Вашингтон за четири години. Тагови: Емануел Макрон Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЈаневска: Мерките преземени за подобро образование со резултати за пет години11:13Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено09:00Почнува новата учебна година за 238.000 основци и средношколци и 433 паралелки помалку15:00Мицкоски со порака до учениците: Нека знаењето биде патоказ кон иднината11:06Почнува новата учебна година 09:07
МакедонијаОпштина Карпош: Нови клупи и корпи за отпадоци на кејот на ВардарНа барање на Општина Карпош, Град Скопје деновиве постави клупи и корпи за отпадоци долж пешачката патека на кејот на реката Вардар, во делот на локалната самоуправа, на потегот од хотелот „Александар Палас“ до „Железниот мост“, во населбата Влае.Со оваа акција, се подигнува степенот на квалитетот и квантитетот на урбаната опрема и урбаната инфраструктура на територијата на локалната самоуправа, во една од најзначајните и најфрекфентните рекреативни зони во градот. Оваа иницијатива претставува пример за одличната меѓуинституционална соработка помеѓу Општина Карпош и Град Скопје, кои до сега соработувале во повеќе ситуации. Во оваа пригода апелираме до сите граѓани, на совесно и одговорно однесување и чување на урбаната опрема и урбаните реквизити, како наше заедничко урбано и јавно добро. Општина КарпошТагови: Општина Карпош Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: Македонија губи првачиња – младите се иселуваат а Владата увезува „економски работници“Оваа 2026 година е најлошата година за македонското образование од независноста до денеска. Поразителни се бројките: 3.000 помалку првачиња, 148 празни училишта, 433 паралелки помалку, се затвораат 26 подрачни училишта. Никогаш сликата на почетокот на учебната година не била потажна. Дебалк на криминалните политики на Мицкоски. Македонија губи првачиња, училиштата се празнат, паралелките исчезнуваат, ја губиме иднината. Поради лошата економска состојба, иселувањето, блолкирањето на европскиот пат, Македонија губи млади, губи работна сила. Изолацијата којашто Владата на Мицкоски ја спроведува ги брка младите. А што прваат Мицкоски и Јаневска? Им зборуваат за спалните соби, ги обвинуваат граѓаните и увезуваат „економски работници“. Или како што вели Мицкоски во едно негово интервју, „Празниот простор дома ќе мора да се пополнува со работници од трети земји“ Значи тоа е политиката на Мицкоски, македонските работници да ги заменат економски работници од трети земји. Тоа денеска на сите им е јасно. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЛажно видео се шири на социјалните мрежи: Се злоупотребува ликот на спикерот на Канал 5На социјалните мрежи се појави манипулирано видео генерирано со вештачка интелигенција во кое се злоупотребува ликот и гласот на познатиот спикер на Канал 5 Телевизија, Борислав Тноковски.Во лажното видео, дигитално изменетата верзија на новинарот наведува дека претставува „револуционерен производ“ и методологија за брзо и лесно слабеење. Во видеото е злоупотребен и идентитет на малолетно девојче. Станува збор за класична интернет-измама чија цел е да ги доведе граѓаните во заблуда, искористувајќи го медиумскиот авторитет и препознатливоста на познатото ТВ-лице за финансиска корист и продажба на непроверени производи. Апелираме до граѓаните да бидат исклучително внимателни и да не наседнуваат на вакви дезинформации.Тагови: измама Канал 5 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter