Со оваа иницијатива на Макрон, полициските специјалци ќе го следат движењето на ,,Жолтите елеци” и одржување на редот , изјави денеска портпаролот на Владата , Бенјамин Гриве, четири дена по насилните протести на Елисејските полиња во Париз.
На главните туристички атракции во Париз , како што се Елисејските полиња , Триумфалната капија или во близина на Ајфеловата кула ќе биде забрането протестирањето.
Забрана за протести ќе има и во одредени квартови на поголемите француски градови , соопшти премиерот Едуар Филип.
Војниците во Франција веќе ги заштитуваат синагогите и џамиите , како и местата што се подложни на тероризам како железничките станици, аеродромите , музеите и туристичките атракции.