ЕвропаМакрон: „Имаме клаузула посилна од Член 5 на НАТО“Францускиот претседател Емануел Макрон одржа прес-конференција по средбата со грчкиот премиер во Атина, нагласувајќи дека Европа мора да биде посветена на поголемо единство и дека ЕУ има клаузула посилна од Член 5 на НАТО.Францускиот претседател денес ја увери Атина дека клаузулата за меѓусебна помош меѓу земјите од Европската Унија во случај на напад е „цврста како карпа“ и нема двосмисленост. „За Грција и Франција, член 42.7 од Договорот за ЕУ е цврст како карпа, што значи дека е обврска“, рече Макрон на прес-конференција. „Армиран бетон“, додаде грчкиот премиер Киријакос Мицотакис, стоејќи до него. Макрон рече дека сите аспекти на тој дел од договорот се целосно јасни. „Не верувам дека денес има потреба од промена или модифицирање на договорите. Тие се многу јасни. Едноставно е потребно да се продолжи со зајакнување на одбраната и безбедноста на сите наши земји, а потоа да се движиме кон посуверена Европа каква што ја сакаме“, рече Макрон на вториот ден од неговата посета на Грција. Според него, членот 42.7 е во суштина посилен од членот 5 од договорот за НАТО, имено клаузулата за заемна помош што е во срцето на воениот сојуз меѓу САД и Европа, но која Доналд Трамп редовно ја доведува во прашање. „Тој предвидува солидарност меѓу земјите-членки, но не остава простор за преговори. Имаме клаузула во договорот што е посилна од членот 5 од алијансата на НАТО“, нагласи Макрон. Извор: Б92Тагови: Емануел Макрон НАТО Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Изборниот законик е дел од реформите за ЕУ, тоа јасно го кажа еврокомесарката Март Кос12:08Седница за опозициски прашања во Собранието08:38Ослободителна пресуда за „Талир 2″- падна основата за конфискација на партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ15:00Мицкоски: Сакам да се извинам на вас, на пратениците и на граѓаните што денеска бевме сведоци на овие настани08:36Собранието ги избра новите 8 министри23:39
Мицкоски: Изборниот законик е дел од реформите за ЕУ, тоа јасно го кажа еврокомесарката Март Кос12:08
Ослободителна пресуда за „Талир 2″- падна основата за конфискација на партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ15:00
Мицкоски: Сакам да се извинам на вас, на пратениците и на граѓаните што денеска бевме сведоци на овие настани08:36
ЗабаваФото: НБА легендата Меџик Џонсон ужива во Црна ГораСлавниот НБА кошаркар Меџик Џонсон кој со својата јахта плови по Јадранот објави интересна фотка со еден подзаборавен хрватски кошаркар кој играше во најсилната светска лига.Меџик Џонсон објави фотографија со поранешниот хрватски кошаркар Далибор Багариќ, за кого многумина заборавија дека играл во НБА. 66 годишниот Ирвинг Меџик Џонсон е еден од најдобрите кошаркари во историјата на НБА. Тој е легенда на Лејкерси и човек кој освоил пет титули во најсилната лига во светот. Сака да патува низ Балканот и тоа не е тајна, но неговата најнова објава привлече големо внимание. Објави фотографија од Црна Гора со поранешниот хрватски кошаркар – Далибор Багариќ (46). „Беше многу убаво да се видам со мојот пријател и поранешен играч на Чикаго Булс, Далибор Багариќ. Како и со неговата сопруга Јасмина, синот Петар и ќерката Мена. Поминавме прекрасна вечер, со одлична вечера и разговор во Црна Гора“, напиша Џонсон. Тој исто така објави серија фотографии од Тиват – како со Далибор и неговото семејство, така и со луѓето што работат во тој ресторан – и со тоа усреќи многумина. Воедно, ги потсети љубителите на кошарката на еден човек што многумина го беа заборавиле. Далибор Багариќ е хрватски кошаркар роден во Минхен, кој по кратките игри во клубовите Карловац, Бенстон Загреб и Цибона замина во НБА. Чикаго го избра како 24-ти пик на драфтот во 2000 година; на истиот драфт, од играчите од нашите простори, беа избрани и Марко Јариќ, Игор Ракочевиќ и Примож Брезец. Тој не се прослави во дресот на Булс – за три години одигра вкупно 95 натпревари со просек од 2,6 поени и 2,5 скока по натпревар. Потоа одлучи да се врати во Европа и настапуваше за Олимпијакос, Фортитудо Болоња, Џирона, Цибона, Маруси, Цедевита, Забок и многу други клубови. Негов последен клуб беше Бамберг во сезоната 2014/15.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаКузеска: Контролирано судство- Мицкоски го спаси Груевски за „Талир 2“ и го врати криминалниот имотСудството и обвинителството под контрола на Мицкоски го спаси Никола Груевски од одговорност за предметот Талир 2 и го одмрзна криминалниот имот на ВМРО.“Белата палата“, вредна 14 милиони евра и останатиот партиски имот во вредност од 2 милиони евра се повторно во рацете на ВМРО. Така изгледа кога криминална организација е на власт и го контролира судството, таа се грижи само за себе и да ги спаси своите од одговорност. Реформи во правосудството нема. Правда нема! Има криминална власт. Сега на сите граѓани им е јасно зошто ја тргнаa Ленче Ристовска, зошто и беа одземени овластувања, зошто таргет беа судии и обвинители, сите поврзани со предметите „Талир 1“ и „Талир 2“. На сите им е јасно зошто беше поставена обвинителка од тефтерчето на Сашо Мијаков, зошто се менуваат и се назначуваат судии блиски до Мицкоски. Кога беа во опозиција, ВМРО постојано ја напаѓаше судијката што го водеше предметот и бараше нејзино разрешување, јавно вршејќи притисок. Како власт им успеа. Прво се отстрани обвинителката која со години ги водеше предметите за незаконското финансирање и криминалниот имот на ВМРО. Потоа се постави обвинителство по мерка на власта, на телефонска линија со Мицкоски. Како што Мицкоски им диктираше насоки по телефон, како што им делеше задачи со чувства од собраниската говорница, од телевизија. Ете така. Сега Груевски – човекот кој избега во Унгарија и понатаму продолжува да ужива, без да се соочи со одговорноста само поради Христијан Мицкоски. Мицкоски не бара негова екстрадиција, не ги испраќа документите кои со месеции патуваа од една до друга институциија и никогаш не беа испратени. Намерно. Ова е свесна заштита на Никола Груевски, најголемиот симбол на криминалот и корупцијата во Македонија. Вистината излегува на виделина. Но, наскоро доаѓа времето на правдата и одговорноста. Наскоро државата повторно ќе им припадне на граѓаните. Фронтот за вистина и правда ќе се погрижи да одговара не само Груевски, туку и сите негови ученици и продолжувачи на неговото дело. Прес конференција на СДСМ, Богданка Кузеска – портпаролка СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветВонредна состојба во Лондон: Девет авиони го активираа кодот за итни случаи 7700Девет авиони што се упатуваат кон аеродромот Гетвик прогласија вонредна состојба откако пистата беше блокирана преку ноќ.Авион на „Бритиш ервејс“ слета на лондонскиот аеродром и, според „Мирор“, предизвика хаос со блокирање на единствената оперативна писта. „Бритиш ервејс“ потврди дека имало техничка грешка со авионот, но не даде дополнителни детали. Прекинот предизвика доцнења или пренасочувања на голем број летови до Гетвик преку ноќ. Девет авиони го активираа кодот за итни случаи 7700, најверојатно поради ниско ниво на гориво. Пет други летови беа пренасочени и кон други аеродроми. ✈️🚨 Nine Aircraft Declare Emergencies Over London 🚨✈️ Gatwick’s runway was blocked by a disabled British Airways jet, forcing incoming flights to circle until fuel concerns began mounting. Nine aircraft reportedly squawked 7700, while 14 flights diverted to airports across… pic.twitter.com/4OlRki70Ne — Above The Norm News (@abovenormnews) July 15, 2026 Некои од нив беа пренасочени и надвор од Лондон. Пистата беше повторно отворена непосредно пред 1:30 часот по локално време. „Како и секогаш, безбедноста и сигурноста на нашите патници се наш врвен приоритет“, изјави портпаролот на лондонскиот аеродром Гетвик.Тагови: авиони Лондон Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Изборниот законик е дел од реформите за ЕУ, тоа јасно го кажа еврокомесарката Март Кос12:08Седница за опозициски прашања во Собранието08:38Ослободителна пресуда за „Талир 2″- падна основата за конфискација на партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ15:00Мицкоски: Сакам да се извинам на вас, на пратениците и на граѓаните што денеска бевме сведоци на овие настани08:36Собранието ги избра новите 8 министри23:39
Мицкоски: Изборниот законик е дел од реформите за ЕУ, тоа јасно го кажа еврокомесарката Март Кос12:08
Ослободителна пресуда за „Талир 2″- падна основата за конфискација на партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ15:00
Мицкоски: Сакам да се извинам на вас, на пратениците и на граѓаните што денеска бевме сведоци на овие настани08:36