Македонскиот рубин станува национален бренд, добива заштита а следен чекор е сертификат за потекло, квалитет и QR-код
1Македонскиот рубин станува национален бренд, добива заштита а следен чекор е сертификат за потекло, квалитет и QR-код
Кристијан Бајовски постави Гинисов рекорд со 1.257 склекови за еден час: „Не е само бројката – тука се сите жртви, тренинзи и сомнежи“
1Кристијан Бајовски постави Гинисов рекорд со 1.257 склекови за еден час: „Не е само бројката – тука се сите жртви, тренинзи и сомнежи“
БалканМакрон и Шолц им испратија пораки на Вучиќ и на Курти Специјалниот претставник на ЕУ за дијалогот меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак, денеска престојуваше во Приштина, каде со косовскиот премиер Албин Курти разговараше за продолжување на дијалогот меѓу Приштина и Белград.Лајчак во Приштина беше придружуван од пратениците на Франција и Германија, Емануел Бон и Јенс Плетнер, објави агенцијата Бета. Лајчак по средбата изјави дека тој и премиерот разговарале како да го продолжат дијалогот. „Тоа беше важна дискусија и верувам дека разбирате дека не можеме да дадеме детали бидејќи денеска ќе ги имаме истите разговори со претседателот на Србија, Александар Вучиќ“, изјави Лајчак на новинарите. Портпаролот на Европската комисија Петер Стано претходно изјави дека целта на посетата е да се испитаат опциите за напредок во дијалогот и дека покрај средбата со Курти, Лајчак и делегатите во текот на денот ќе се сретнат и со српскиот претседател Александар Вучиќ. Германскиот канцелар Олаф Шолц и францускиот претседател Емануел Макрон во заедничкото писмо упатено до Курти и Вучиќ објавија дека ги ангажирале нивните советници Плетнер и Бон да го поддржат дијалогот за нормализација на односите меѓу Косово и Србија. Во писмото двајцата лидери ги повикуваат Вучиќ и Курти да го продолжат дијалогот и да покажат подготвеност да донесат тешки одлуки во одлучувачки момент за безбедноста во Европа и стабилноста во регионот. За време на овонеделната посета на северот на Косово, српската премиерка Ана Брнабиќ изјави дека Србија никогаш не бегала од тешки одлуки. Минатата недела беше постигнат договор меѓу Белград и Приштина за личните документи, додека двете страни се уште го немаат решено прашањето за регистарските таблички. Граѓаните на Косово од четвртокот можат да влезат во Србија со лични документи издадени во Косово и без посебни документи за влез-излез, кои Приштина нема да ги воведе ниту за граѓаните на Србија.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМакедонскиот рубин станува национален бренд, добива заштита а следен чекор е сертификат за потекло, квалитет и QR-кодМалиново-розова боја, ретка природна појава и богатство скриено во македонските планини. Македонскиот рубин, кој се среќава во околината на Прилеп и Мариово, е повеќе од камен со колекционерска вредност – тој е дел од природното и културното наследство на земјата. Целта сега е да стане препознатлив и надвор од земјава – по своето потекло, специфичните својства и приказната што ја носи за македонската природа, геологија, традиција и уметност, вели министерката за енергетика Сања Божиновска. „Сакаме името да биде поврзано со земјата од која потекнува, специфичните својства да бидат препознаени и заштитени...“ – Сања Божиновска, министерка за енергетика. Патот до правната заштита почнал минатата година. Геолошкиот завод го утврдувал потеклото и посебните карактеристики на рубинот и ја подготвил потребната стручна документација. Во мај годинава била поднесена официјалната пријава, а на 17 јуни постапката завршила со решение на Државниот завод за индустриска сопственост – географскиот назив „Македонски рубин“ добил правна заштита. Но, заштитата не треба да остане само на хартија. Со јасни стандарди и заштитено потекло, идејата е македонскиот рубин да прерасне во препознатлив национален бренд и истовремено да отвори нови можности за домашните занаетчии и дизајнери. ,,Откако ќе завршат сите потребни процедури ние ќе започнеме со официјално и детално информирање на занаетчиите, обработувачите , производителите, трговците и потенцијалните овластени корисници и сите други релевантни чинители,, – Сања Божиновска, министерка за енергетика. Следниот чекор е неговото потекло и квалитет да може лесно да се проверат. Предвиден е сертификат со податоци за потеклото, квалитетот и специфичните својства на рубинот, како и QR-код преку кој ќе бидат достапни сите информации од сертификатот. Првиот код се очекува до крајот на октомври. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЈанчев: Официјално е формирана Регионалната занаетчиска комора – КавадарциДенеска официјално е формирана Регионалната занаетчиска комора – Кавадарци, по повеќегодишни иницијативи и заложби за унапредување на занаетчискиот сектор во регионот.„Формирањето е поддржано од локалната самоуправа и градоначалникот, а иницијативата ја поддржаа и повеќе од 350 занаетчии од Кавадарци со своите потписи. Регионалната комора ќе претставува институционална поддршка за занаетчиите, со цел унапредување на условите за работа, развој и заштита на занаетчиската дејност. Честитки до кавадаречките занаетчии за овој значаен чекор.“- објави првиот човек на Општина Кавадарци, Митко Јанчев. Тагови: Општина Кавадарци Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиРКЕ: Цената на дизелот се зголемува за 5,50 денари по литар, бензините поевтинуваат15:30Од полноќ нови цени на горивата15:05Мицкоски: Разговарав со државниот секретар на САД, Марко Рубио.08:31Црн викенд на македонските патишта – три жртви во две сообраќајни несреќи, седуммина повредени 15:00Сиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае, со знаење, вештина, храброст....09:16
Сиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае, со знаење, вештина, храброст....09:16
МакедонијаСобранието има проблем со Бадинтеровото мнозинство,потврди собранискиот спикер ГашиСобранието има проблем со Бадинтеровото мнозинство, потврди собранискиот спикер Африм Гаши, откако десетина закони останаа заглавни поради не можноста да се обезбеди двојното мнозинство.. Гаши уверува дека се бара начин за надминување на разликите преку дијалог, но конкретно решение нема на повидок. Во моментов поради немање Бадентер тој не ги става на гласање законите за правична застапеност, за високо образование, за локална самоуправа, иако одмана ја имаат поминато целата собраниска процедура, а нов тест се очекува да биде и законот за висока раководна служба. -Јасно е дека во Собрание имаме проблем околу гласањето на закони за кои е потребно двојно мнозинство т.н Бадентерово, но за се во демкоратијата треба разговор, дијалог и треба да има решение. Јас лично заедно со сите пратеници разговараме, бараме начин како да ги надминеме овие разлики. Се надевам дека во блиска иднина ќе најдеме решение и ќе се договориме, ако треба закон по закон или концептуално. Како и да е, важно е Собранието да профункционира, изјави Гаши. Гаши пред медиумите го бранеше ставот со кој се произнесе за осудителната пресудата на Хашкиот суд за четворицата водачи на ОВК, откако минатата недела напиша дека за албанскиот народ овие лица се и остануваат ослободители на Косово. Неговата изјава како претседател на македонското Собрание предизвика многу реакции и дома, а беше прозван и од српскиот претседател Вучиќ, но тој изјави дека ставот бил личен и смета дека има право на тоа. -Личноста Африм Гаши не може да биде 24 часа и од политички аспект само претседател на Собранието. И затоа свесен дека не го кажувам тоа од позиција на претседател на Собрание, тоа беше мој личен став од моето политичко минато и затоа беше јасно дека и затоа беше јасно дека никаде не се повикав на Собранието или на институцијата. Затоа би сакал и вие и граѓаните да ме разберат дека тоа е мој личен став и не треба да се меша со функцијата која ја извршувам, изјави Гаши. Гаши информираше дека и на денешната координација со пратеничките групи била отворена темата за Изборниот законик, но засега партиите остануваат без консензус за ова прашање. Гаши од партиите се уште ги чека и предлозите за формирање на анкетната комисија што треба да ги истражи трагедиите Пулс, Модуларна, Ласкарци и Беса транс, а во меѓуврем очекува да се усвојат заклучоците за Кочани на постојаната анектна комисија за човеквои права која заседава уште лани во декември.. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter