Зајкова:19 000 граѓани ја потпишале онлајн петицијата за воведување електронски нараквици за насилниците
2Зајкова:19 000 граѓани ја потпишале онлајн петицијата за воведување електронски нараквици за насилниците
СветМакрон: Г-20 треба да постигне согласност за поканата за ПутинПретседателот на Франција, Емануел Макрон вчера дека земјите-членки на Г-20 мора претходно да се договорат пред да го поканат рускиот претседател Владимир Путин да Самитот на групата во Бразил во ноември.- Поентата на овој клуб е дека треба да има консензус со другите 19 земји. Ова ќе биде работа за бразилската дипломатија. Ако таков состанок може да биде корисен, тогаш треба да се одржи, истакна Макрон на заедничката прес-конференција во Бразил со неговиот колега Луис Инасио Лула да Силва. Бразил, актуелниот претседавач со групата Г20, која сочинува 80 проценти од светската економија, е против напорите предводени од САД да се изолира и казни Русија за нејзината инвазија врз Украина, тврдејќи дека украинскиот претседател Володимир Зеленски и западните земји имаат вина за војната. Путин не присуствуваше на минатогодишниот Самит на Г-20 во главниот град на Индија, Делхи, избегнувајќи можна политичка цензура и ризик од притвор по наредба на Меѓународниот кривичен суд (МКС). Во септември 2023 година, Лула изјави „нема шанси“ Путин да биде уапсен доколку присуствува на Самитот во Рио де Жанеиро. Набргу потоа, тој се обрати и изјави дека одлуката за евентуалното апсење на Путин ќе ја донесе судскиот систем, а не неговата влада./МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканСрпски медиуми: Уапсен сопственикот на „Информер“ Драган Ј. ВучиќевиќСрпските медиуми објавуваат дека е уапсен Драган Ј. Вучиќевиќ, сопственикот на телевизијата „Информер“.Иако засега нема официјална потврда од државните институции во Србија, веста за неговото наводно апсење прв ја објави токму медиумот чиј сопственик е Вучиќевиќ – „Информер“. Според нивните тврдења, Вучиќевиќ бил пресретнат од припадници на органите на редот на околу 50 метри од зградата на телевизијата. Според наводите на „Информер“, како и на други српски медиуми, Вучиќевиќ бил однесен во полициската станица во Вождовац. Медиумите наведуваат дека наводно се товари за предизвикување паника и нереди во продолжено траење, како и за попречување на правдата. Засега нема официјална потврда за овие информации од надлежните институции во Србија. Повеќе информации наскоро. Извор: Блиц.рсТагови: Информер Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЗајкова:19 000 граѓани ја потпишале онлајн петицијата за воведување електронски нараквици за насилницитеПратеничката на Либерално-демократската партија Моника Зајкова утринава во емисијата Здраво Македонија рече дека 19 000 граѓани ја потпишале онлајн петицијата за вововедување електронски наракцици за насилниците. Образложението од власта било дека нема доволно финансиски средства за ваквиот начин на евиденција. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
КошаркаВидео: Обрадовиќ експлодираше од среќа по тројка за победа од 9 метри во последната секунда!Еден од главните фаворити за титула во кошаркарската Евролига, Панатинаикос синоќа ја совлада Валенсија на спектакуларен начин со резултат 86:83.Еден од главните фаворити за титула во кошаркарската Евролига, Панатинаикос синоќа ја совлада Валенсија на спектакуларен начин со резултат 86:83, а херој на натпреварот беше Најџел Хејс-Дејвис, кој со звукот на сирената погоди неверојатна тројка од речиси девет метри. Завршницата целосно ги воодушеви љубителите на кошарката, но посебно внимание привлече реакцијата на Жељко Обрадовиќ покрај теренот. Искусниот стручњак не можеше да ги скрие емоциите – скокна, ги стегна тупаниците и бурно го прослави големиот триумф на грчкиот тим. Валенсија имаше предност од 83-80 на помалку од 40 секунди до крајот, но Кендрик Нан израмни со тројка. Домашниот тим потоа не го искористи својот напад, а Панатинаикос ја доби последната шанса за победа. Силвен Франсиско го пронајде Хејс-Дејвис, кој го реши натпреварот со спектакуларен потег во последните моменти. View this post on Instagram A post shared by Panathinaikos BC (@paobcgr) Снимката од реакцијата на Обрадовиќ брзо стана хит на социјалните мрежи, а навивачите ја коментираа неговата неверојатна страст. Од Панатинаикос дури порачаа дека овој момент заслужува да биде изложен во Лувр.Тагови: Евролигата Обрадовиќ Панатинаикос Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter