Макрон: Европа треба да се подготви за понатамошни конфликти со САД - Канал 5

Макрон: Европа треба да се подготви за понатамошни конфликти со САД

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска изјави дека Европа треба да се подготви за понатамошни судири со САД и оти неодамнешниот „гренландски момент“ треба да се сфати како повик за будење.

Макрон: Европа треба да се подготви за понатамошни конфликти со САД

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска изјави дека Европа треба да се подготви за понатамошни судири со САД и оти неодамнешниот „гренландски момент“ треба да се сфати како повик за будење за спроведување на долго одложуваните економски реформи и зајакнување на глобалната моќ на Европската унија.

Во интервју објавено во неколку европски весници, Макрон рече дека Европа не треба да го замени привременото смирување на тензиите со Вашингтон за трајна промена, и покрај привидниот крај на споровите околу Гренланд, трговијата и технологијата.

- Кога постои јасен чин на агресија, мислам дека она што треба да го направиме не е да попуштиме или да се обидеме да постигнеме спогодба. Мислам дека таа стратегија ја испробувавме со месеци. Не функционира, изјави Макрон за неколку весници, вклучувајќи ги Монд и Фајненшл Тајмс.

Макрон оцени дека администрацијата на Трамп е „отворено антиевропска“ и оти се стреми кон „распаѓање“ на ЕУ.

- САД во наредните месеци, тоа е сигурно, ќе нè нападнат поради дигиталната регулатива, додаде Макрон, предупредувајќи на потенцијалните американски увозни царини доколку ЕУ го искористи својот Закон за дигитални услуги за контрола на технолошките компании.

Францускиот претседател повторно повика на ново заедничко задолжување, како што се еврообврзниците, тврдејќи дека тоа би ѝ овозможило на ЕУ да инвестира во големи размери и да ја оспори хегемонијата на американскиот долар.

Макрон исто така нагласи дека француско-германско-шпанската програма за воени авиони (ФЦАС) не е мртва и изрази надеж оти наскоро со германскиот канцелар Фридрих Мерц ќе разговара за плановите за напредок на тој проект.

На новинарско прашање дали проектот ФЦАС е мртов, Макрон одговори: „Не“.

- Француската процена е дека ФЦАС е многу добар проект и не сум слушнал ниту еден германски глас кој би ми рекол дека тоа не е добар проект, изјави тој.

Лидерите на ЕУ ќе се состанат в четврток во Брисел на самит каде што ќе разговараат за мерките за зајакнување на економијата на ЕУ и нејзината подобра конкурентност во однос на САД и Кина на глобалната сцена.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Многу еуфорија во Скопје пред натпреварот со Шкотска, околу 4000 шкотски навивачи дојдоа за натпреварот

Шкотските навивачи  ги освоија улиците на Скопје. Не очекува ли жешка атмосфера вечерва на арената Тодор Проески, на дуелот мегу Макеоднија и Шкотска.

Многу еуфорија во Скопје пред натпреварот со Шкотска, околу 4000 шкотски навивачи дојдоа за натпреварот

Каква беше денеска атмосферата во Скопје, каде видливо беше присуството на таканаречената Тартан арми. Какви се очекувањата на шкмотските навивачи?

Скопје вечерва носи возбудлива атмосфера и поради уште еден настан традиционалната Бела ноќ. Што всушност носи нејзината програма, која најавено е дека ке трае до 3 часот по полноќ?

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Центарот на градот е исполнет со навивачи, Скопје живее во фудбалски ритам

Скопје денеска живее во фудбалски ритам. 

Центарот на градот е исполнет со навивачи, Скопје живее во фудбалски ритам

Неколку часа пред дуелот Македонија – Шкотска, центарот на градот е исполнет со навивачи од двете репрезентации, со песна, добро расположение и позитивна атмосфера пред вечерашната пресметка.

Највпечатливи, како и секогаш, се гостите. Шкотите во препознатлив стил – со килтови, знамиња и песна – уште од претпладне ја загреваа атмосферата низ скопските улици.

Добро расположение и кај македонските навивачи. Со надеж дека домашниот терен ќе донесе пресврт, тие очекуваат Македонија да ја прекине лошата серија и да стигне до првиот позитивен резултат.

За македонската репрезентација ова е можност пред домашната публика да го поправи впечатокот по поразите од Швајцарија и Словенија.

Вечерва од 20 часот и 45 минути, атмосферата од скопските улици ќе се пресели на трибините на Националната арена „Тодор Проески“. Таму прогнозите ќе завршат, а ќе почне борбата за првата победа во групата.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лишен од слобода велешанец, пронајдена дрога и пари, следува пријава

На 02.10.2026 во 18:00 часот во Велес, полициски службеници од Отсек за недозволена трговија со дрога при СВР Велес, го лишија од слобода Н.М.(42) од Велес. 

Лишен од слобода велешанец, пронајдена дрога и пари, следува пријава

Имено, тој бил забележан како на неколку места остава пакувања со бела грутчеста материја и при преглед на местата во негово присуство, биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, бела грутчеста материја, кафена грутчеста материја и дигитална вага, а при преглед кај Н.М. биле пронајдени и одземени пари.

Исто така, по издадена судска наредба од Основен суд Велес, бил извршен претрес во дом и помошни простории на Н.М., каде биле пронајдени и одземени пари. Тој бил задржан во полициска станица, известен е јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер