Макрон: Европа работи на отворање заедничка мисија во Авганистан - Канал 5

Макрон: Европа работи на отворање заедничка мисија во Авганистан

Неколку европски земји работат на започнување заедничка дипломатска мисија во Авганистан што ќе им овозможи на нивните амбасадори да се вратат во земјата, изјави францускиот претседател Емануел Макрон.

Макрон: Европа работи на отворање заедничка мисија во Авганистан

Западните земји се обидуваат да откријат како да воспостават врска со талибанците кои ја презедоа земјата со брзо напредување во август, додека американските сили се повлекуваа.

Заедничка локација

САД и другите западни земји ги затворија своите амбасади и ги повлекоа своите дипломати, додека талибанците го окупираа Кабул, по што милитантите прогласија преодна влада чии најважни членови се под санкции на САД и ОН.

„Размислуваме за организација меѓу неколку европски земји... заедничка локација за неколку Европејци, што ќе им овозможи на нашите амбасадори да бидат присутни“, изјави Макрон пред новинарите во Доха пред да замине за Џеда во Саудиска Арабија.

САД, европските земји и другите не сакаат формално да ги признаат талибанците во кои доминираат Паштуни, обвинувајќи ги дека ги се откажале од ветувањата за политичка и етничка инклузивност и поддржување на правата на жените и малцинствата.

„Ова е поинаков начин од политичкото признавање или политичкиот дијалог со талибанците... ќе имаме претставништво штом успееме да го отвориме“, изајви Макрон.

Во изјавата по разговорите со талибанците пред една недела, Европската унија навести дека наскоро би можела да отвори мисија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Европската комисија го принуди Гугл да ги смени правилата- што ќе значи тоа за медиумите и издавачите

Google денеска објави дека ќе ги промени своите правила за спам во Европската Унија за да одговори на загриженоста од регулаторите и да избегне можна казна за кршење на правилата за конкуренција.

Европската комисија го принуди Гугл да ги смени правилата- што ќе значи тоа за медиумите и издавачите

Проблемот произлезе од политиката на Google за злоупотреба на угледот на веб-страниците, која ги таргетира веб-страниците што објавуваат содржина од трети страни за да ја искористат нивната репутација и да го подобрат својот ранг во резултатите од пребарувањето на Google, објавува Ројтерс.

Во такви случаи, Google го задржува правото да ја намали видливоста на таквите веб-страници во резултатите од пребарувањето.

Google ги примени правилата и на легитимни медиуми

Европската комисија го виде проблемот во фактот што Гугл го примени истото правило на легитимни медиуми и други издавачи што имаат комерцијална содржина од трети страни и ја намали нивната видливост и рејтинзи.

Затоа, Комисијата започна истрага според Законот за дигитални пазари (DMA).

Сега тие се согласуваат да ги променат правилата

Google објави дека од 30 август во Европската Унија, како и во Исланд, Норвешка и Лихтенштајн, повеќе нема намерно да ја намалува позицијата на гореспоменатите веб-страници во резултатите од пребарувањето поради ова правило.

Европската комисија ја поздрави одлуката на Google и рече дека сега ќе го следи спроведувањето на новите правила за да ја потврди нивната усогласеност со DMA.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Венко Филипче и СДС напаѓаат сѐ што е добро за државата, секоја идеја, секој проект, иста е ситуацијата и со дата центрите. Ширењето на лаги и хистерија не изостанува.

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Идејата за развој на овој вид на индустрија ја напаѓаат со некои работи кои датираат од повеќе од пред една декада. Сега Македонија е пазарна економија и јасен е начинот на постигнување на цената на струјата и кој ја плаќа истата. Исто така сега има низа на начни за ладење на водата кои зависат од тоа за што се наменети дата центрите.

Значи, по овие прашања СДС само шири паника во јавноста.

Очигледно е дека СДС се против се што е корисно за напредокот на државата или тие се против Македонија.

Од она што го гледавме во време на нивното владеење тие знаат само за развој на марихуана Македонија, за разлика од нив ВМРО-ДПМНЕ развива индустрии како онаа со дата центрите кои се иднината на Македонија, која иако е релативно нова, сепак е развиена индустрија во светот.

Ова кажува се, какви се намерите на СДС, а какви се на ВМРО-ДПМНЕ. Притоа јасно е дека при развојот на оваа индустрија Владата нема да дозволи тој развој да влијае на квалитетот на живот на граѓаните во негативна смисла, туку сосема спротивно, рече Миле Лефков, член на ИК и пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

YouTube video

.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ДУИ: Заменик-министерот кукла лаже: 105 албански кандидати аплицирале во средното полициско училиште

Податоците и листите на кандидатите јавно ја демаскираат лагата на Астрит Исени и ВЛЕН дека Албанците немале интерес или не конкурирале за прием во средното полициско училиште. 

ДУИ: Заменик-министерот кукла лаже: 105 албански кандидати аплицирале во средното полициско училиште

Дури 105 албански кандидати аплицирале и ги исполнувале условите за прием, но не биле примени. Со ова дефинитивно паѓа во вода оправдувањето на Астрит Исени, кој, за да одбрани одлука што сериозно ја нарушува застапеноста на Албанците, избра да ја манипулира јавноста со невистини.

Астрит Исени јавно застана во одбрана на скандалозната одлука, според која од 310 примени кандидати, само минимален број се Албанци. За да ја оправда оваа дискриминација, тој се обиде да ја манипулира јавноста со тврдењето дека Албанците не аплицирале или немале доволен интерес, прикажувајќи бројки што не се совпаѓаат со реалноста и со листите на кандидатите кои аплицирале и ги исполнувале условите.

Но, уште потежок од самата антиалбанска одлука е начинот на кој Астрит Исени ја брани. Еве ги целосните листи: 105 албански кандидати аплицирале и ги исполнувале условите, но сепак биле оставени надвор. Наместо да бара одговорност за ова исклучување и да го брани правото на Албанците на правична застапеност, Астрит Исени избра да ја брани одлуката ширејќи дезинформации и невистини.

Заменик-министер кој тврди дека ги претставува Албанците не смее да служи како портпарол за оправдување на секоја одлука што е на штета на Албанците, на штета на другите заедници и спротивна на духот на Охридскиот мировен договор. Астрит Исени, со својата политичка и институционална неспособност, се однесува како кукла-заменик министер, кој пред јавноста излегува само за да ги оправдува, релативизира и брани штетните одлуки кон Албанците, дури и кога за тоа мора да користи лаги и невистини.

ДИИ бара јасен одговор: зошто 105 албански кандидати кои ги исполнувале условите не биле примени и зошто од 310 примени кандидати Албанците се застапени во толку занемарлив број?

Астрит Исени и ВЛЕН можат да продолжат со лаги, но листите и фактите се пред јавноста. Албанците не се исклучуваат затоа што не конкурираат; Албанците се исклучуваат, а потоа нивното исклучување се брани со лаги, рече Арта Билали Зендели од ДУИ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер