Макрон до Рама: Вашиот глас е драгоцен за нормализација на односите Косово-Србија - Канал 5

Макрон до Рама: Вашиот глас е драгоцен за нормализација на односите Косово-Србија

Претседателот на Франција, Емануел Макрон денеска го поздрави, како што рече, посебниот и силен глас на Албанија во регионот и на меѓународната сцена.

Макрон до Рама: Вашиот глас е драгоцен за нормализација на односите Косово-Србија

На заедничката прес-конференцијата со албанскиот премиер Еди Рама, кој е во дводневна официјална посета на Франција, Макрон му порачал дека „во сите регионални прашања неопходна е нормализација на односите меѓу Србија и Косово, каде што вашиот глас е многу значаен“.

- Албанија е силен глас и во Советот за безбедност на Обединетите нации во последните две години. Бевте домаќини на регионален самит на кој го поканивте и украинскиот претседател Володомир Зеленски, што беше дополнително зајакнување на поддршката за Украина, истакна Макрон, јави Ора њуз.

Рама, од своја страна, високо ги оцени односите меѓу двете земји, додавајќи дека „Албанците ги ценат своите пријатели".

Тој му гарантирал на Макрон дека доколку Франција во одреден момент има проблем, „не треба да се двоуми туку да повика Албанец".

-Албанците беа скептични кон Франција пред неколку години, но сега знаат дека Албанија има уште еден пријател. Ние Албанците не сме богати, но имаме единствена способност: Ако еден ден бидете во момент на тешкотија, повикајте Албанец и тој ќе дојде, рекол тој.

Рама придружуван од сопругата Линда и повеќечлена владина делегација во Париз допатува вчера попладне.

Предвидено е двете земји да потпишат неколку договори и меморандуми за разбирање меѓу двете земји. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Провокативната Нивес со интересни фотки и порака

Хрватската, старлета, пејачка, водителка, писателка и инфлуенсерка Нивес Целзијус повторно го привлече вниманието на своите следбеници на социјалните мрежи, овојпат со фотографии од одмор што ја доловуваат летната атмосфера. 

Фото: Провокативната Нивес со интересни фотки и порака

Бујната Нивес сподели фотографии од одморот, а покрај објавата остави кратка, но впечатлива порака.

„...кожата ми гори, срцето ми трепери...“, напиша Нивес.

Стиховите што таа ги избра дополнително ја истакнаа атмосферата што сакаше да ја пренесе преку фотографиите, а објавата не остана незабележана од нејзините следбеници.

Нивес често споделува моменти од своите патувања и одмори во текот на летните месеци, а нејзините објави редовно привлекуваат големо внимание кај јавноста.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Белгиски нуркач пронашол необично богатство во потонат брод

Неверојатно откритие во близина на брегот на Довер го привлече вниманието и на експертите и на љубителите на историјата. 

Белгиски нуркач пронашол необично богатство во потонат брод

Белгискиот нуркач и подводен фотограф Стеф Панис открил гајба со недопрени шишиња пиво и џин во остатоците од брод што потонал во 1864 година кај Довер, во југоисточна Велика Британија; едно шише со етикета „Guinness London“ привлече меѓународно внимание, а компанијата „Гинис“ изјави дека би сакала да го испита во својата лабораторија.

Нуркачот го открил потонатиот брод „Миндоро“ на длабочина од 25 метри и внатре пронашол гајба со шишиња, меѓу кои и едно од познатиот бренд за пиво, пренесува фламанскиот радиодифузер VRT.

„Ова шише ми го привлече вниманието бидејќи, исто како шише шампањ, имаше некаков вид капаче на врвот“, изјавил Панис.

Тој истакнал дека на шишето со пиво, кое 162 години лежело на морското дно, стоела етикетата „Guinness London“ – што е особено интересен детал со оглед на тоа што пивото „Гинис“ се произведува во Ирска, а не во Лондон.

Панис објасни дека од компанијата „Гинис“ дознал оти, во времето кога потонал бродот, вообичаена практика било пивото да се транспортира во буриња до разни локации – вклучително и Лондон – за таму да се флашира и дистрибуира.

„Миндоро“, бродот во чија близина биле пронајдени шишињата со алкохол стари 162 години, бил дрвен едреник што превезувал колонијален товар на пат кон Ванкувер. Покрај остатоците од бродот, на морското дно биле пронајдени и прибор за јадење, чинии, бројни шишиња вино, пиво и џин, како и делови од пушки и воени ремени.

„Таму [во Ванкувер] бил стациониран полк на британската армија, а бродот превезувал залихи за нив. Нуркањето до остатоците од бродот е како патување низ времето, така да се каже“, рече Панис.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Димитриевски: ЗНАМ ќе положи сметка пред граѓаните, на средината на септември ќе го објавиме извештајот за работата на нашите функционери

Димитриевски најави дека ЗНАМ нема да се крие зад партиски фрази и дневнополитички оправдувања, туку ќе покаже конкретни резултати.

Димитриевски: ЗНАМ ќе положи сметка пред граѓаните, на средината на септември ќе го објавиме извештајот за работата на нашите функционери

Претседателот на Движење ЗНАМ – за Наша Македонија, Максим Димитриевски, во вечерашното гостување во „Вести плус“ на Канал 5 порача дека ЗНАМ продолжува директно и отворено да разговара со граѓаните и да покажува што значи одговорна политика, особено преку теренскиот караван кој во изминатиот период ги поврза раководството, функционерите и членството на движењето со граѓаните низ целата држава.

Димитриевски најави дека ЗНАМ нема да се крие зад партиски фрази и дневнополитички оправдувања, туку ќе покаже конкретни резултати.

„Некаде средина на септември до почетокот на октомври ќе објавиме комплетен извештај за работењето на сите наши партиски функционери во сите сегменти, во сите министерства, директорати и буквално секаде кадешто делуваме. Да знаат и нашите членови и граѓаните на Македонија што тоа функционерите на ЗНАМ имаат сработено во изминатите две години“ порача Димитриевски.

Тој нагласи дека за ЗНАМ најважно е политиката да се мери со работа и резултати, а не со анкети, политички конструкции и медиумски наративи.

„Најдоброто јавно мислење е на избори. И тоа кога и да се, ние сме подготвени“ порача претседателот на ЗНАМ.

Говорејќи за државните интереси и европската интеграција, Димитриевски беше јасен дека ЗНАМ останува на својот став дека јазикот, културата, идентитетот и историскиот континуитет на македонскиот народ не смеат да бидат предмет на политички пазарења.

Во однос на уставните измени, тој повтори дека ЗНАМ цврсто стои зад моделот на уставни измени со одложено дејство, односно нивните ефекти да настапат по полноправното членство на Македонија во Европската Унија.

„Јазик, култура, идентитет, историја, никој не смее да чепне во тоа. Што се однесува до францускиот предлог или европскиот предлог, тој за нас не е прифатлив“ истакна Димитриевски.

Тој порача дека Македонија мора да продолжи да разговара со европските партнери и да бара решение, но решение во кое државата нема повторно да биде изложена на дополнителни блокади и условувања.

Димитриевски истакна дека ЗНАМ во Владата останува коректив одвнатре, особено кога станува збор за прашања што ги засегаат државните симболи, националниот идентитет и принципите на кои се темели државноста.

Во пресрет на 35 годишнината од независноста, претседателот на ЗНАМ упати порака дека државата мора да се гради со чувство на припадност, одговорност и гордост.

„Ние како политичка гарнитура треба да ги направиме младите генерации и горди Македонци“ порача Димитриевски, додавајќи дека Македонија мора да биде држава во која сите граѓани ќе имаат еднакви права и еднаква одговорност кон нејзината иднина.

ЗНАМ ќе продолжи да комуницира директно со граѓаните и да работи за граѓаните, затоа што политиката за ЗНАМ не е работа само за избори, туку секојдневна обврска да се слушне народот, да се презентира сработеното и да се понуди решение за иднината.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер