Макрон до Пезешкијан: Иран веднаш да ги запре неприфатливите напади - Канал 5

Макрон до Пезешкијан: Иран веднаш да ги запре неприфатливите напади

„Го потсетив дека Франција дејствува во строго одбранбена рамка, со цел да ги заштити своите интереси, регионалните партнери и слободата на пловидба, и оти е неприфатливо нашата земја да биде мета“, напиша Макрон.

Макрон до Пезешкијан: Иран веднаш да ги запре неприфатливите напади

Францускиот претседател Емануел Макрон синоќа соопшти дека во разговор со иранскиот претседател Масуд Пезешкијан упатил повик Иран веднаш да ги прекине нападите врз земјите во регионот на Блискиот Истак, извршени непосредно или преку посредниците во Иран и Либан.

„Го потсетив дека Франција дејствува во строго одбранбена рамка, со цел да ги заштити своите интереси, регионалните партнери и слободата на пловидба, и оти е неприфатливо нашата земја да биде мета“, напиша Макрон во постот објавен на социјалната платформа „Икс“.

Тој истакнува дека неконтролираната ескалација како актуелната го вовлекува целиот регион во хаос, со сериозни последици, и денес и за годините што доаѓаат.

„Цената ја плаќа народот на Иран, како и луѓето во целиот регион. Само нов политички и безбедносен рамковен договор може да гарантира мир и безбедност за сите. Таквата рамка мора да обезбеди Иран никогаш да не стекне нуклеарно оружје, истовремено спротивставувајќи се на опасностите од неговата балистичка ракетна програма и дестабилизирачките активности во регионот и светот“, посочи францускиот претседател.

Макрон уште истакна дека час поскоро мора да биде возобновена слободната пловидба низ Ормускиот теснец.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

16 уапсени во голема полициска акција на повеќе локации – запленети дрога, оружје и муниција

16 лица се приведени во обемна полициска акција која два дена се одвиваше на повеќе локации во земјава..

16 уапсени во голема полициска акција на повеќе локации – запленети дрога, оружје и муниција

Во рамки на акцијата биле извршени 47 претреси во домови и други помошни простории..

Пронајдени и одземени биле поголема количина марихуана, повеќе пакувања со кокаин, како и помали пакувања со кокаин подготвени за понатамошна продажба. Исто така, пронајдени и одземени биле огнено оружје – пиштоли и пушки, разновидна муниција, парични средства и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривични дела

Од МВР информираат дека се поденесени 11 кривични пријави за кривичните дела „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги и недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во преполн ноќен клуб во БиХ фрлен солзавец, настанало стампедо, повредени 38 лица

Во преполн ноќен клуб во Босна и Херцеговина бил фрлен солзавец, по што настанал стампедо, при што се повредени 38 лица.

Во преполн ноќен клуб во БиХ фрлен солзавец, настанало стампедо, повредени 38 лица

Синоќа, во ноќниот клуб „ВИП“ (VIP) во Јелах, близу Тешањ, Босна и Херцеговина, е употребен солзавец, што предизвика паника и стампедо, при што се повредени 38 лица.

Инцидентот се случил околу полноќ. Гостите, обземени од паника, се обидоа да избегаат од просторот исполнет со чад, а многумина подоцна побараа лекарска помош, пренесува информативниот портал Crna-hronika.info.

Присутните во клубот пријавиле силно кашлање, чувство на гушење, отежнато дишење и силно печење во очите, носот и грлото. Некои почувствувале вртоглавица и дезориентација, а според неофицијални информации, неколку лица накратко изгубиле свест поради вдишување на гасот.

Девојка сведок на инциденот раскажа дека настанот се случил околу 00:30 часот, додека клубот бил преполн.

Таа опиша сцени во кои луѓето се газеле едни преку други во обид да избегаат. „Имаше толку многу луѓе. Сè се случи околу 00:30 часот. Луѓето се гушеа; беше застрашувачки. Високите маси се превртуваа врз младите мажи и жени“, изјави сведочката. Таа напомена дека, покрај тешкотиите со дишењето, гостите се здобиле и со сериозни физички повреди.

Според неа, неколку лица претрпеле скршеници на рацете или нозете, а дел од повредените биле итно пренесени во Зеница на понатамошен медицински третман. „Неколку лица се сериозно повредени. Многумина имаат скршени екстремитети. Голем број беа испратени во Зеница. Луѓето буквално не можеа да дишат“, додаде таа.

Полицијата веднаш пристигнала на местото на настанот и започнала истрага за да ги утврди сите околности. Лејла Екиновиќ, портпаролка на Полициската управа при Министерството за внатрешни работи на Зеничко-добојскиот кантон, потврди дека полициски службеници веднаш биле упатени на локацијата, каде што започнале со евакуација на објектот и укажување помош.

„На 18 октомври 2026 година, во 00:10 часот, дежурната служба во Полициската станица Тешањ добила телефонска пријава дека непознато лице фрлило супстанца – за која постои сомневање дека е солзавец – во објектот „ВИП“ во Росуље, Тешањ, во момент кога таму имало голем број луѓе“, изјави Екиновиќ, пренесува „Телеграф“.

Се појавија и информации дека низ прозорецот од тоалетот бил фрлен солзавец, наводно во близина на местото каде што се наоѓал сопственикот на клубот. Поради ова, се шпекулира дека нападот бил насочен директно кон него, но овие тврдења сè уште не се официјално потврдени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Со изведување докази предложени од одбраната треба да продолжи судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“

Со изведување докази предложени од одбраната денеска во судницата во идризово треба да продолжи судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

Со изведување докази предложени од одбраната треба да продолжи судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“

На последното рочиште во фокусот беше сведочењето на вештакот ангажиран од одбраната, Петре Русески. Неговите тврдења за исполнетоста на условите за пренамена на објектот предизвикаа реакции кај обвинителството и кај семејствата на жртвите.

Судскиот процес го води судијката Дијана Груевска-Илиевска, а обвинението го застапува тим од 15 јавни обвинители.

Пожарот во дискотеката „Пулс“ во кочани се случи на 16 март 2025 година за време на концерт на групата ДНК. Во трагедијата загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени, што претставува една од најтешките несреќи во поновата историја на државата

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер