По последните случаи со насилство врз жени се бара итно усвојување на новиот закон за борба против семејно насилство
1По последните случаи со насилство врз жени се бара итно усвојување на новиот закон за борба против семејно насилство
Целосен прекин на авионскиот сообраќајот во Брисел - откажани сите летови поради националниот протест
1Целосен прекин на авионскиот сообраќајот во Брисел - откажани сите летови поради националниот протест
3Удар врз тротинетите и електричните велосипеди, во Њујорк сакаат да ги забранат опасните батерии во становите
СветМакрон бега од обезбедувањето, тие го бркаат- хаос на државната посета во Кина (ВИДЕО)За време на државната посета на Кина, францускиот претседател Емануел Макрон неочекувано се одвои од кинеското обезбедување и се упати кон група студенти пред Универзитетот Сечуан во Ченгду.Видео објавено од францускиот канал BFMTV го прикажува францускиот лидер како трча кон група луѓе што стојат во близина, додека кинеските полицајци се обидуваат да го стигнат. Се прецизира дека сè се случило за време на третиот и последен ден од државната посета на Макрон на Кина. Un Jour. Un Sketch. Gloire au grand leader Macron en Chine. pic.twitter.com/Q9VyHI9IJg — Jon De Lorraine (@jon_delorraine) December 5, 2025 Претходно, францускиот весник „Извес“ објави дека Лоран Туве, префект на францускиот департман Па-де-Кале, бил отпуштен по инцидент во кој францускиот претседател бил принуден да пешачи околу половина километар на дожд за време на посетата на градот Арас во тој регион, откако неговиот конвој бил блокиран од група земјоделци што протестирале. Според францускиот весник, кратката прошетка од околу 500 метри не поминала добро кај обезбедувањето на Елисејската палата, кои верувале дека Емануел Макрон е потенцијално во опасност во тој момент. Само седум месеци по преземањето на функцијата, Лоран Туве беше разрешен, одлука одобрена од Советот на министри на 26 ноември. Франсоа-Ксавиер Лош, близок соработник на Емануел Макрон, кој претходно ја држеше истата позиција во департманите Тарн и Еро од 2023 година, беше назначен на негово место на 2 декември. Од 2017 до 2020 година, тој беше и началник на кабинетот на сегашниот претседател на Републиката.Тагови: Емануел Макрон Кина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд воена вежба до спасувачка мисија: Припадници на армиските Волци спасија планинар 15:00Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28Протестен марш во Охрид против насилството врз жените по случајот со 26-годишната Сара 15:00Обвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари11:33МВР предупредува на опасна он-лајн група „764“- која таргетира деца и малолетници15:00
Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28
Обвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари11:33
МакедонијаПо последните случаи со насилство врз жени се бара итно усвојување на новиот закон за борба против семејно насилство Законско решение за борба против насилствата врз жени и семејното насилство постои, но потребна е негова итна имплементација. Ова го бараат од Националната мрежа против насилство врз жени, особено по последниот случај во Охрид со 26-годишната Сара Ѓорѓиеска и неодамнешниот фемицид во Богданци, во кој од својот партнер беше убиена 17-годишната Билјана Ќириќ. Според Елена Димушевска од националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство, институциите и досега можеле навреме и координирано да реагираат во повеќе случаи кои за жал завршија трагично, но нагласува дека предложените измени на овој закон, сепак ќе им дадат поголеми овластувања на полицијата и другите надлежни институции. За Димушевска клучно е и државата да оддвои доволно финансиски средства за превенција и заштита на жртвите. – Предлог измените во законот ќе дадат поголеми овластувања на полицијата, ќе обезбедат подобра заштита за жените жртви – се предвидува можноста за она што сега е доста актуелно, а тоа се електронските алки односно електронско следење на движењето на насилникот во случаи кога има привремена мерка за заштита...Но повторно ќе напоменам, ова е само унапредување на нешто што е постоечко. Случаите на насилство и насилството во нашата држава се случува заради неитна реакција на оние коишто треба да реагираат. Дали понатаму заштитата за жртвите ќе биде унапредена зависи и од друг еден значаен фактор – а тоа е одвојување финансиски средства,-изјави Елена Димушевска, извршна директорка на Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство. Измените на законот за спречување и заштита од насилство врз жени и семејно насилство се доставени до Собранието уште од 26 август, но до денеска не се усвоени и поркај притисокот од јавноста. Во новите измени се предвидени и електронски алки за следење на насилниците, но и поголеми овластувања на полицијата. -Полициските службеници и стручните работници во центрите за социјална работа ќе треба да направат проценка на ризик најдоцна во рок од 12 часа. Полицијата ќе може на самото место да издаде усна наредба за итни мерки: отстранување на сторителот од домот, забрана за приближување и забрана за контактирање со жртвата.– Предлог за изменување на законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство. -Токму за поголема координираност меѓу институциите во случаите со семејно насилство, се обврзаа министрите за внатрешни работи и социјална политика на состанок со обвинителот Савески, но според Димушеска, поголемото прашање е – дали лицата кои ќе интервенираат на терен се навистина професионалци и подготвени да им помогнат на жртвата. Таа нагласува дека институциите треба да реагираат и кога има родово-базирано, а не само семејно насилство. – Прашањето е кој ќе ги импелемтира, кои се професионалците што ќе бидат дел од овие тела – дали тие ќе бидат во доволен број или дали тие ќе бидат доволно обучени за да направат проценка на ризик, затоа што знаете од проценката на ризик зависат сите следни чекори. Ако не се направи соодветна процена на ризик , тогаш и чекорите кои ќе се направат понатаму може да не обезбедат соодветна заштита за жртвата. Ова не смее да остане само за случаи на семејно насилство, како што го прочитав заклучокот од нивниот состанок, ние не смееме да останеме само на семејно насилство, ние мораме да дискутираме за родово базирано насилство, затоа што случајот во Охрид, во Битола, во Богданци се случаи на родово базирано насислтво, не на семејно, тие не живееле заедно,--изјави Елена Димушевска, извршна директорка на Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство. Барањата за поголема заштита на жените кои се жртви на насилство беа истакнат и на мирен протест вчера во Охрид. Граѓаните преку марш од плоштадот до полициската станица во Охрид го искажаа своето незадоволство од непостапувањето на институциите и побараа во иднина да се стави крај на ваквите случаи. Граѓанската организација ниту една повеќе пак и платформата за родова еднаквост со блокада пред Влада во петокот побараа институциите навремено и брзо да реагираат при семејно насислтво и насислтво врз жени, а нов протест во главниот град е закажан за 25 ноември. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МетеоЗаладување во Македонија: Следната недела студени утра и снег на повисоките места Од утре драстично заладување и најава за снежни врнежи на повисоките места и планините.Од УХМР посочуваат дека од вторник утринските температури ќе се спуштат под нулата насекаде низ државата, а од вечерва се најавуваат и врнежи со засилен ветер во западниот дел од Македонија. Тагови: УХМР Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЕди Рама ја дообјасни изјавата дека Бугарите треба да бидат внесени во македонскиот уставАлбанија нема да го попречи патот на Македонија кон ЕУ ако не се исполни условот за вметнување на Бугарите во уставот, прашањето е внатрешно и ние нема да се мешаме, но тоа е веќе преземена обврска.Албанија нема да го попречи патот на Македонија кон ЕУ ако не се исполни условот за вметнување на Бугарите во уставот, прашањето е внатрешно и ние нема да се мешаме, но тоа е веќе преземена обврска- албанскиот премиер Еди Рама ја дообјасни неговата последна изјава за бугарската национална телевизија кадешто кажа дека треба да има уставни измени, а за која рече дека парцијално се пренесувала. Вели дека ги споменал и претходните отстапки со промена на името и дека за него е нормално Македонија да има сомнеж за следни блокади, потенцирајќи дека тој секогаш гласно се залагал за македонските евроинтеграции. Македонскиот премиер Мицкоски пак рече дека како Влада се свесни за реалната состојба со преговорите, но дека за успешен процес е потребно да има доверба. Оптимист е дека набрзо и Македонија и Албанија ќе седнат на иста маса во Брисел со земјите членки на унијата. На Ќафасан Рама беше прашан и зошто постојано ги потенцирал пријателските односи со политичарите од Македонија како Мицкоски и Ахмети, а никогаш не реагирал за прашања кои ги засегаат Албанците, како судскиот случај Монструм. Рама одговори дека не треба да се поминат границите со мешање во внатрешните прашања бидејќи Македонија е независна и суверена држава, а тој лично уверува дека никогаш нема да прави политичка кампања преку Албанците во Македонија. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд воена вежба до спасувачка мисија: Припадници на армиските Волци спасија планинар 15:00Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28Протестен марш во Охрид против насилството врз жените по случајот со 26-годишната Сара 15:00Обвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари11:33МВР предупредува на опасна он-лајн група „764“- која таргетира деца и малолетници15:00
Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28
Обвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари11:33