Гостивар се справува со последиците од масовното труење-над 1.500 лица за неколку дена побарале медицинска помош
1Гостивар се справува со последиците од масовното труење-над 1.500 лица за неколку дена побарале медицинска помош
„Skopje Via“ ја разигра и распеа Старата битолска чаршија во рамките на 20.јубилеен „Локум Фест – Музика и традиција“
2„Skopje Via“ ја разигра и распеа Старата битолска чаршија во рамките на 20.јубилеен „Локум Фест – Музика и традиција“
Други спортовиМакпетрол организираше специјален пречек за медалистот СтојановскиМакедонскиот каратист Стефан Стојановиќ е пречекан со сите почести во карате матичниот негов клуб Макпетрол.Стојановиќ на неодамнешното Светско карате првенство за кадети, јуниори и У-21 во Венеција,Италија, освои бронзен медал во категоријата +84 кг. - На специјалниот пречек организиран со сите почести во матичниот клуб „Макпетрол“ присуствуваа сите другари од клубот предводени од стратегот Бошко Заборски кој не го криеше задоволството од успехот на Стефан, како и тренерот Петар Заборски, кој се рехабилитира од повредата. Стојановиќ е единствениот каратист од македонската карате репрезентација кој освои медал на шампионатот, соопштија од КК Макпетрол. На Стојановиќ ова му е втор медал од младинските шампионати, пред две години во Коња, Турција, освои сребро. Стефан е прв на Светската ранг-листа на ВКФ во категоријата над 84 килограми во У-21.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаГостивар се справува со последиците од масовното труење-над 1.500 лица за неколку дена побарале медицинска помошГостивар и натаму се справува со последиците од масовното труење.Повеќе од 1.300 лица за неколку дена побарале медицинска помош, а забраната за пиење на водата останува во сила. Утринава на терен беше и министерот за здравство Сашо Клековски, кој даде оценка за состојбата и најави натамошни мерки. Во живо од Гостивар е Дејан Трајкоски. Дејан, каква е моменталната состојба а што велат граѓаните, како се снаоѓаат со забраната за користење на водата во летните горештини? Во видеото погледнете го целиот извештај. Тагови: вода за пиење Гостивар Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиГостивар се справува со последиците од масовното труење-над 1.500 лица за неколку дена побарале медицинска помош15:18Николоски од Дебрца: Сите населени места од Струга, Дебрца и Охрид добиваат пристап на автопатот Охрид-Кичево14:09Министерот Клековски ќе ја посети болницата во Гостивар 10:53Забрана за пиење на водата во Гостивар, граѓаните бараат одговори – кој дозволи да се труеме?18:20Алармантно во Гостивар: Над 1.200 граѓани хоспитализирани поради загадена вода15:00
Гостивар се справува со последиците од масовното труење-над 1.500 лица за неколку дена побарале медицинска помош15:18
Николоски од Дебрца: Сите населени места од Струга, Дебрца и Охрид добиваат пристап на автопатот Охрид-Кичево14:09
МакедонијаВласта и опозицијата низ различна призма го гледаат извештајот за владеење на правото од ЕКВласта и опозицијата низ различна призма го гледаат последниот извештај на ЕК за владеењето на правото во земјава кој беше објавен вчера. Според премиерот Мицкоски ова не е документ којшто ЕК го објавува за напредокот на државата, туку, како што вели, е редовен извештај за земјите членки и земјите кандидатки. Оцени дека извештајот содржи и пофалби и критики, коментирајќи ги како главни забелешки загриженостите за политичкиот притисок врз правосудството, барањата за поголем буџет и критиките за работата на судиите и обвинителите, што според него се контрадикторни. И покрај забелешките Мицкоски најави дека ќе продолжи јавно да испраќа пораки и да бара подобри резултати од правосудството, а Владата беше дециден дека нема да даде повеќе пари за судството и обвинителството иако, како што рече, постојат законски барања за поголем буџет. - Од сите споредено со претходно, ова е најдобар извештај за нас како држава. Дали е одличен? Не е одличен. Се констатираат забелешките. Има многу пофалби, има многу констатирани проекти и политики што испорачуваат, но има и критика. Мене ми е тоа работа, јас јавно да ги повикувам судиите и обвинителите да испорачуваат правда и ќе продолжам во таа насока да коментирам колку сакаат извештаи нека се објавуваат. Пари повеќе нема да добијат. Пари нема да добијат, иако се бара и во Законот за јавно обвинителство да се стави сума од 0,5 проценти од буџетот. Нема да добијат, затоа што не ги заслужиле. Затоа што очекуваме правдата да ја донесат. Се што побараа-добија. Ако некој мисли дека на овој начин ќе врши притисок врз Владата, нема Владата да го прифати. Бидејќи независноста со пари не се обезбедува, туку се обезбедува со работа, изјави Мицкоски. Според СДСМ извештајот на Европската комисија нотира притисок на власта врз судството и високо раширена корупција, за кои, како што велат, јавноста секојднево сведочи. - Она што Европската комисија го забележува како системски проблем, ние го гледаме секојдневно во конкретни постапки и одлуки на премиерот Христијан Мицкоски и неговата организирана криминална група. Постапувањето на луѓе блиски до ВМРО во клучни позиции во правосудството е веќе системска практика. Сопруга на екс градоначалник на ВМРО беше избрана за Судскиот совет на пример. Обвинителка поврзана со Сашо Мијалков беше избрана, што покажува дека старата мрежа на криминал и контрола врз институциите повторно се враќа на власт, изјави Богданка Кузеска – портпаролка на СДСМ. Инаку, во новиот Извештај на ЕК за состојбите во правосудството, меѓудругото се нотира дека независноста на судството во Македонија е загрозена од притисок и мешање на други државни инстанци кои, како што се вели, продолжуваат да предизвикуваат сериозни загрижености во врска со почитувањето на судската независност. Како дел од позитивните забелешки на ЕК, се забележува усогласувањето на новиот закон за Судски совет со европските стандарди, а се нотира и подобрена ефикасност кај кривичните предмети. Тагови: ЕК Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЛДП: Заканите кон новинар се напад врз слободата на говоротЛиберално-демократската партија (ЛДП) најостро ги осудува заканите и повиците за насилство упатени кон новинарот на Канал 5, Александар Видиновски.Заканите кон новинари не се личен конфликт, туку директен напад врз слободата на медиумите и демократскиот поредок. Политичката комуникација мора да биде пример за достоинство и одговорност, затоа што кога носителите на јавни функции го нормализираат говорот на омраза, користат навреди како: “кокошко”, “копито” “мекотели” и други изрази на деградацијата, тие создаваат амбиент во кој насилството станува прифатлив начин на пресметка со неистомислениците. Бараме од надлежните институции итно да ги идентификуваат и санкционираат одговорните за заканите и да обезбедат ефикасна заштита за новинарот Видиновски. Демократијата не се брани со молк, туку со јасна и еднаква примена на законот кон секој што повикува на насилство.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook