Се појави видеоснимка од скандалозниот потег на тренерот на Лион, кој предизвика тепачка со фудбалерите на Фенербахче
1Се појави видеоснимка од скандалозниот потег на тренерот на Лион, кој предизвика тепачка со фудбалерите на Фенербахче
Маврово Опен почнува овој викенд: Некогаш запуштениот тениски терен сега ја обединува целата заедница
2Маврово Опен почнува овој викенд: Некогаш запуштениот тениски терен сега ја обединува целата заедница
МакедонијаМакедонското знаме повторно се вее на Голем КорабМакедонски планинари го вратија знамето на врвот Голем Кораб кое беше отстрането а на негово место беше ставено албанско. На видеото кое го објавија на социјалните мрежи се гледа како го поставуваат македонското знаме и пишуваат – Македонија секогаш имала храбри синови! Знамето на Македонија беше отстрането а потоа заменето со знаме на Албанија пред три дена од страна извесен Изет Шулку од Пешкопеја кој себеси се нарекува Дебарски Тарзан објавувајќи видео снимка на социјалните мрежи пишувајќи под објавата – Кораб и припаѓа на Албанија и за македонското знаме нема место таму. Министерството за внатрешни работи вчера единствено информираше дека утврдиле оти се работи за лице кое не е македонски државјанин и најави дополнителни мерки за расчистување на случајот. Денеска повеќе детали не се откриваат околу случајот ниту што конкретно ќе биде преземено. Целиот чин предизвика лавина реакции во јавност. Стојанче Ангелов од Достоинство отстранувањето на македонското знаме го смета за дивјаштво. -Сосема во ред е да ги има и двете знаиња, и знамето на Македонија и знамето на Албанија бидејќи двете држави овде граничат. Според мене вандализам и дивјаштво е тргањето на македонското знаме бидејќи знамето никому не треба да смета, ниту македонското ниту албанското. Овој врв е заеднични, граничната линија минува низ него. Јас ги повикувам сите планинари планинските врвови да ги користат за планинарење а не за политички или меѓуетнички пресметки,- изјави – Стојанче Ангелов – Достоинство . Реагираше и ЛДП која изрази длабока разочараност од инцидентот на врвот Голем Кораб и чинот го нарече неприфатлив и спротивен на принципите на спортот и планинарењето. Сличен настан имаше и пред неколку години кога косовски државјанин постави албанско знаме на Самоиловата тврдина во Охрид. Тој доби парична казна и петгодишна забрана за влез во Македонија. Казните се предвидени во Кривичниот законик во делата против честа и угледот на Р. Македонија.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЦУК: Активни се четири пожари, се уште критично во Студеничани и Зелениково11:02Готови се ранг листите за примени студенти на УКИМ08:44Вкупно 53 случаи на западнонилска треска, најмладата пациентка од Студеничани е отпуштена од болница15:00Мицкоски: По повеќе од 20 години, започна изградбата на автопатот Скопје - Блаце, историски момент за државата12:56Николоски: Градиме нов автопат, за подобро поврзување со Косово и Црна Гора, ја градиме Македонија12:26
Вкупно 53 случаи на западнонилска треска, најмладата пациентка од Студеничани е отпуштена од болница15:00
Мицкоски: По повеќе од 20 години, започна изградбата на автопатот Скопје - Блаце, историски момент за државата12:56
Николоски: Градиме нов автопат, за подобро поврзување со Косово и Црна Гора, ја градиме Македонија12:26
СветТрамп оптимист за тајната мисија на шефот на ЦИА во МоскваАмериканскиот претседател Доналд Трамп изјави дека „можеби ќе произлезе нешто“ од посетата на директорот на ЦИА, Џон Ретклиф, на Русија.Трамп ова го истакна во интервју за емисијата „Глен Бек програм“ на телевизијата „Блејз“, по информациите во американските медиуми дека ретклиф вчера пристигнал во Москва на разговор со руски претставници за војните во Украина и Иран. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денеска потврди за тасс дека рускиот претседател Владимир Путин бил детално информиран за резултатите од контактите на руските специјални служби со ретклиф. Песков притоа појасни дека директорот на циа немал директна средба со путин.Тагови: Доналд Трамп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалСе појави видеоснимка од скандалозниот потег на тренерот на Лион, кој предизвика тепачка со фудбалерите на ФенербахчеХаотични сцени се одвивале по реванш-натпреварот од плејофот за Лигата на шампионите меѓу Лион и Фенербахче. Последниот судиски свиреж поттикна жесток судир меѓу играчите, а сега се појавија и нови снимки кои фрлаат дополнително светло врз самиот почеток на тепачката. На социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа моментот кога ситуацијата со Матео Гендузи прерасна во физичка пресметка. Според снимката и извештаите на разни медиуми, тренерот на голманите на Лион, Антонио Фереира, истрчал кон играчот на Фенербахче и се обидел да го удри со нога, изведувајќи потег во стилот на карате. Ова предизвика реакција кај персоналот на Фенербахче, а конфликтот брзо ескалираше во масовна тепачка. Видеото поттикна бројни реакции на социјалните мрежи, особено затоа што сега појасно може да се види моментот што му претходеше на ескалирањето на ситуацијата. Сепак, целата приказна имаше свој вовед. За време на натпреварот, Гендузи беше во центарот на вниманието во напнатата атмосфера, првенствено поради неговиот претходен ангажман во Олимпик Марсеј, голем ривал на Лион. 🚨🚨 The aftermath of the Lyon vs Fenerbahçe match. 😳👊 pic.twitter.com/maRawLYIOu — EuroFoot (@eurofootcom) August 26, 2026 Французинот беше гласно исвиркан од публиката за време на загревањето, на што тој одговори покажувајќи им среден прст на навивачите. По натпреварот, тој дополнително ги провоцираше домашните играчи со гестикулации и извици „Allez l'OM“ (Напред Олимпик Марсеј). Неговото однесување дополнително ги разбесни домашните играчи и стручниот штаб, а ситуацијата целосно излезе од контрола по последниот судиски свиреж.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаММА и МРТ: Да се истражи работата на спортските канали Арена во МакедонијаОд ММА и МРТ велат дека имаат материјални докази дека спортските канали Арена M1, M2 и M3 премиум подолг период работат без домашна дозвола.Националните радиодифузери членки на Македонската медиумска асоцијација (ММА) и јавниот сервис МРТ се сериозно вознемирени од индициите дека со работењето на неколку нови телевизиски сервиси кои се креирани од српски компании блиски до државата, се заобиколуваат и злоупотребуваат македонските закони, се наведува во реакцијата на ММА и МРТ, а во врска со работењето на спортските канали Арена M1, M2 и M3 премиум. Од ММА и МРТ велат дека имаат материјални докази дека спортските канали Арена M1, M2 и M3 премиум подолг период работат без домашна дозвола, а македонскиот регулатор АВМУ „на волшебен начин ги третира како странски програмски сервиси кои се реемитуваат во Македонија, иако продукцијата, новинарите, коментаторите и гостите се во Скопје, студиските емисии се произведуваат тука, а програмата се емитува на македонски јазик“. „Дополнително, во евиденцијата на српскиот регулатор РЕМ каналите Арена M1, M2 и M3 премиум не постојат што значи не се домицилни, српски канали. Истовремено, во операторските евиденции одобрени од АВМУ овие канали се водат како странски сервиси кои емитуваат програма на српски јазик! ММА и МРТ бараат органите на истрагата како и референтните институциите да утврдат дали со ваквото постапување е заобиколена законската обврска за дозвола, дали е причинета штета на буџетот со неплаќање на лиценца и дали постои одговорност кај сопствениците, одговорните лица на ТВ сервисите како и кај службениците на АВМУ. Бараме да се провери и евентуалното неовластено користење на премиум спортски ТВ-права позната како ТВ пиратерија. За жал долгогодишното незаконско реемитување на одредени канали од регионот како што се Хрватска, Албанија, Босна и Србија бараме кончено да влезе во радарот на македонскиот регулатор“, велат од ММА и МРТ. Оттаму додаваат дека нема да дозволат истиот модел на евентуалното изигрување на законот да биде применет и за најавениот Јуроњуз Македонија, односно АВМУ да го третира како странски сервис на начин сличен на Арена премиум каналите, „како што најавуваат нивните сопственици и структури од Белград“. „Беззаконието кое денес се толерира како исклучок, утре може да стане правило. ММА и МРТ ќе поднесат соодветни поднесоци до Јавното обвинителство и МВР за да се испита постапувањето и евентуалната одговорност на надлежните лица во АВМУ“, велат од ММА и МРТ.Тагови: ММА Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЦУК: Активни се четири пожари, се уште критично во Студеничани и Зелениково11:02Готови се ранг листите за примени студенти на УКИМ08:44Вкупно 53 случаи на западнонилска треска, најмладата пациентка од Студеничани е отпуштена од болница15:00Мицкоски: По повеќе од 20 години, започна изградбата на автопатот Скопје - Блаце, историски момент за државата12:56Николоски: Градиме нов автопат, за подобро поврзување со Косово и Црна Гора, ја градиме Македонија12:26
Вкупно 53 случаи на западнонилска треска, најмладата пациентка од Студеничани е отпуштена од болница15:00
Мицкоски: По повеќе од 20 години, започна изградбата на автопатот Скопје - Блаце, историски момент за државата12:56
Николоски: Градиме нов автопат, за подобро поврзување со Косово и Црна Гора, ја градиме Македонија12:26