Македонското знаме на „Триумфалната порта“ (ВИДЕО) - Канал 5

Македонското знаме на „Триумфалната порта“ (ВИДЕО)

Боите на македонското знаме осамнаа на Триумфалната порта во Париз. Во Франција денеска почнува Светското првенство во ракомет, на кое настапува и Македонија.

Македонското знаме на „Триумфалната порта“ (ВИДЕО)
Организаторот на најдобар можен начин се погрижи да ги претстави 24-те земји учеснички, преку боите на знамињата, кои синоќа ја осветлуваа Триумфалната капија, глетка што привлече огромно внимание кај парижани, но и кај многубројните туристи.

Македонија која на ова Светско првенство е предводена од селекторот Лино Червар стартува утре против Тунис, а потоа следат пресметките против Ангола, Словенија, Шпанија и против Исланд на 19 јануари.

Црвено-жолтите од вчера се во градот Мец, каде што ќе ги играат натпреварите во групата. Македонската репрезентација е спој на младост и искуство, а селекторот Червар одлучи во Франција да поведе дури седум дебитанти, во замена на искусните Борко Ристовски, Ацо Јововски, Немања Прибак. Најдобар пласман во досегашните учества на мундијалите, македонските репрезентативци изборија во Катар 2015 година кога беа деветти. Ракометниот мундијал почнува вечерва со мечот меѓу домаќинот и бранител на титулата Франција И Бразил.




YouTube video



Мундијалот ќе започне денеска и ќе се игра до 29 јануари.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во Њујорк почнува 81. заседание на Генералното собрание на ОН

Околу 130 шефови на држави и влади лично ќе присуствуваат во седиштето на светската организација во Њујорк.

Во Њујорк почнува 81. заседание на Генералното собрание на ОН

Генералната дебата на 81-та сесија на Генералното собрание на ОН ќе трае од денеска до 28 септември, а светските лидери ќе дискутираат за глобалните предизвици и приоритети под темата „обнова на довербата, управување со трансформацијата: обединети нации што им служат на сите“.

Околу 130 шефови на држави и влади лично ќе присуствуваат во седиштето на светската организација во Њујорк за да ја испратат својата порака до светот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Суперкупот „Драган Василов – Цевка“ ја отвора новaта сезона

МЗТ Скопје Аеродром и МКК Куманово ќе се борат за трофејот во натпреварот кој на 26 септември ќе се игра во спортската сала во Куманово

Суперкупот „Драган Василов – Цевка“ ја отвора новaта сезона

Новата натпреварувачка сезона во македонската кошарка официјално ќе биде отворена со натпреварот за Суперкупот на Македонија „Драган Василов – Цевка“.

Натпреварот е закажан за сабота, 26 септември 2026 година, со почеток во 18:00 часот, а ќе се одигра во Спортската сала во Куманово.

Согласно системот на натпреварување, во Суперкупот се среќаваат шампионот на највисокото сениорско првенство и освојувачот на Купот на Македонија.

Бидејќи МЗТ Скопје Аеродром во сезоната 2025/2026 ги освои и шампионската титула и Купот на Македонија, противник на актуелниот шампион во Суперкупот ќе биде МКК Куманово, финалистот во Купот на Македонија.

Така, за првиот трофеј во новата сезона ќе се борат:

МЗТ Скопје Аеродром – МКК Куманово

Суперкупот „Драган Василов – Цевка“ воедно ќе биде и прва официјална пресметка во новата сезона, со што и официјално ќе започне новото поглавје во македонската клупска кошарка.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Собранието и ФИНКИ потпишаа Меморандум за соработка за примена на вештачката интелигенција во собраниските процеси

Денес во Собранието на Република Македонија беше потпишан Меморандум за соработка со Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје.

Собранието и ФИНКИ потпишаа Меморандум за соработка за примена на вештачката интелигенција во собраниските процеси

Соработката е насочена кон унапредување на дигитализацијата на собраниските процеси и развој на решенија засновани на вештачка интелигенција, со цел поефикасно користење на податоците, документите и знаењето со кои располага Собранието.

Претседателот Гаши упати благодарност до професорите и тимот на ФИНКИ, до собраниските служби и до сите чинители кои придонесоа за воспоставување на соработката, оценувајќи ја како пример за поврзување на науката, технологијата и институциите во служба на демократијата, ефикасноста и јавниот интерес.

Претседателот на Собранието, Африм Гаши истакна дека оваа соработка претставува важен чекор кон модернизација и дигитализација на работните процеси на Собранието, кое располага со значајни податоци, знаења и капацитети. Целта е да се обединат собраниските капацитети за вештачката интелигенција да го најде своето место во работата на Собранието, на одговорен и безбеден начин. Тој додаде дека во рамките на соработката ќе се работи на подготовка, стандардизација и анализа на собраниските документи, стенограмите и аудиовизуелните материјали, со цел тие да можат да се обработуваат и користат со помош на алатки засновани на вештачка интелигенција.

Проф. Димитар Трајанов - раководител на проектот Везилка и проф. Петре Ламески - декан на ФИНКИ истакнаа дека партнерството со Собранието претставува можност научното и академското знаење да се поврзе со реалните потреби на една од клучните институции во државата. Тие посочија дека преку проектот „ВЕЗИЛКА“ ќе се работи на развој и примена на современи решенија од областа на вештачката интелигенција, при што посебно значење ќе има подготовката и структурирањето на податоците потребни за нивна ефикасна примена.

Примената на новите технологии ќе се одвива со почитување на највисоките стандарди за безбедност и доверливост при обработката и користењето на податоците, со цел помодерно, поефикасно и потранспарентно Собрание, но и конкретен чекор кон остварување на визијата за институција која ја користи технологијата за подобро да им служи на граѓаните. Во рамките на проектот „ВЕЗИЛКА“, чиј носител е ФИНКИ, предвидено е активностите да се реализираат во периодот од април 2026 до март 2029 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер