Македонското здружение на стомотолози специјалисти го изрази незадоволството од МЗ и ФЗО - Канал 5

Македонското здружение на стомотолози специјалисти го изрази незадоволството од МЗ и ФЗО

​Дали на државата и се потребни стоматолози специјалисти? 

Македонското здружение на стомотолози специјалисти го изрази незадоволството од МЗ и ФЗО

Дали на оваа држава и треба квалитатна стоматолошка услуга за пациентите кои добиваат третман покриен од ФЗО? На народот да, a на ФЗО и Министерство за здревство не. Дали фондот склучува срамни (понижувачки) договори со специјалистичките стоматолошки ординации?

Веќе 15 години претставници на стоматолозите специјалисти со поддршка на Стоматолошката Комора на Македонија преку нејзините органи се обидуваат да преговараат со ФЗО, но без успешно. Долго време се обидуваме да закажеме средба и со министерот за здравство, но и таму вратите ни се затворени. Сѐ останува на празни зборови, ветувања и лаги. ФЗО во улога на банка на народните пари и позиција на монопол и моќ склучува понижувачки договори со специјалистичките стоматолошки ординации.

На ваков начин преку нaс државата си го купува социјалниот мир, а докторите специјалисти давајќи ги својте услуги бесплатно, се доведени на работ на егзистенција. Со средствата кои ги добиваат од ФЗО не може да се оствари ниту минимална плата, а другите трошоци мора да се покриваат со други средства. Со тоа на пациентите им е оневозможено да добиваат квалитатна здравствена услуга во чекор со светските трендови.

Станува збор за следново: Поголемиот број специјалистички стоматолошки ординации се опремени со

приватни – сопствени сретства на докторот а исто и нивните специјализации и други едукации се приватно финансирани. Тие склучуваат договор со ФЗО нудејќи ги ординациите и нивниот интелектуален

труд за цена која е формирана пред приватизацијата – пред повеќе од 15 години, а во меѓу време цените на материјалите и на другите трошоци во ординациите се зголемени повеќе од 300%, а и минималната и просечната плата се покачени за 100%. Со последните најави на премиерот дека минималната плата до нова година ќе се зголеми до 18.000,00 денари ние нема да бидеме во можност да ја исплатиме и неа.

Специјалистичките стоматолошки ординации ги опфаќаат најранливите категории на пациенти, најчесто постари лица над 60 години и деца до 18 години. Дали во Република Македонија се нај евтини специјалистичките стоматолошки услуги благодарение на бесплатниот интелектуален труд на докторот? Стоматолозите специјалисти не се социјални случаи и не бараат социјална помош.

Бараат нивниот професионален труд и долгогодишното искуство да бидат соодветно платени.

Навистина не разбираме зошто сеуште претставниците од ФЗО и Министерството за здравство не можат да ја решат ваквата состојба за која и самите ни велат дека е под секое достоинство. Дали во ФЗО во кој изминативе 15 години има двојно повејќе вработени, се уште нема доволно стручни лица кој ќе направат објективна и реална финансиска анализа за стоматолозите специјалисти да го добијат заслужениот дел кој со долгогодишен професионален труд го заслужуваат?

Ние како Македонско здружение на стоматолози специјалисти сме во постојан контакт со сите колеги од нашата држава и нивното незадоволство е на високо ниво. Навистина е жално да ги затвораат своите ординации или да ги откажуваат договорите со фондот, а нај големи губитници да бидат пациентите.

И повторно истото прашање, дали на државата и се потребни стоматолози специјалисти?

Македонско здружение на стоматолози специјалисти

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Голерм руски напад на Киев среде бел ден (ВИДЕО)

Денеска Русија го продолжи својот напад со беспилотни летала врз Киев, а нападите се продолжија од ноќта и утрото па сè до дневните часови. 

Голерм руски напад на Киев среде бел ден (ВИДЕО)

Според најновите податоци од градоначалникот Виталиј Кличко, две лица загинаа, а најмалку 43 беа повредени.

Асошиејтед Прес објави дека руски беспилотни летала го нападнале украинскиот главен град во неколку бранови во текот на денот, а нападот продолжил и попладне. Колони црн чад се издигале над делови од градот, а зградите и инфраструктурата биле погодени.

Погодени згради, бензински пумпи и областа до главната станица

Напади се регистрирани во неколку области на Киев. Погодени се деловни згради, магацини и бензински пумпи, а едно беспилотно летало погоди деветкатна зграда. Пожарот избувнал и во областа на историската зграда на поранешниот железнички пазар недалеку од главната железничка станица. Железничката инфраструктура е исто така оштетена.

Фотографиите на Ројтерс од местото на нападот покажуваат пожарникари во погодениот деловен центар и чад што се издига над градот. Ројтерс објави и фотографија од украинските сили како отвораат оган врз руски дрон над Киев.

Нападот се случи во време кога украинскиот претседател Володимир Зеленски е во Њујорк, каде што учествува на Генералното собрание на Обединетите нации. Тој треба да се обрати на Генералното собрание и да одржи состаноци со европските лидери и генералниот секретар на НАТО, Марк Руте.

Русија сè повеќе користи брзи млазни беспилотни летала

Денешниот напад доаѓа во време кога Русија сè повеќе користи млазни верзии на беспилотните летала „Шахед“. Ројтерс вчера објави дека овие беспилотни летала летаат многу побрзо и на поголеми височини од класичните „Шахед“ со пропелер, што им отежнува на украинските мобилни противвоздушни групи да ги пресретнат. Според украинските проценки објавени од Ројтерс, ефикасноста на пресретнувањето на вакви беспилотни летала е значително помала од онаа на постарите модели.

Руското Министерство за одбрана објави дека за време на ноќните напади тие ги таргетирале објектите на украинската воена индустрија и енергетскиот сектор, логистичките центри и бродовите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Вирално видео: Желка ја касна за задникот инфлуенсерката во бикини

Травел блогерката Синтија Бенитез доживеа непријатно искуство додека пливаше со желки во една лагуна во Танзанија.

Вирално видео: Желка ја касна за задникот инфлуенсерката во бикини

Додека посегнуваше кон едно животно пред неа, друго ѝ пријде одзади и ја касна за задникот. Шокирана, инфлуенсерката врисна и излезе од водата, а снимката од инцидентот набрзо се прошири на социјалните мрежи.

Трага од каснување и вирално видео

Потоа, Бенитез се пошегува во описот на видеото: „Мислев дека желките се безопасни...“ Фотографијата направена по инцидентот покажува црвена трага од каснување, иако за среќа, таа не се здоби со сериозни повреди. Видеото собра над 400.000 прегледи на Инстаграм.

„Желката очигледно беше гладна“

Следбениците главно реагираа со хумор на ситуацијата. Како одговор на коментар во кој видеото се опишува како „многу корисна“ информација, Бенитез одговори: „Никогаш не ѝ врти грб на желка“.

Друг корисник напиша: „На желката ѝ беше доста од пластика, па реши да ја извади од водата“. Имаше и коментари дека животното „очигледно било гладно“, како и порака: „Таа желка сум јас во некој претходен живот“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Работник загина на еден од најпознатите италијански споменици

Италијанското Министерство за култура потврди дека вчеравечер еден работник загинал во римскиот Колосеум.

Работник загина на еден од најпознатите италијански споменици

Поради несреќата, дел од споменикот денес е затворен за посетители. Дваесет и двегодишен техничар загинал откако паднал од височина од околу десет метри. Несреќата се случила додека тој поставувал нов систем за осветлување во античкиот амфитеатар, пренесува Ројтерс.

Реакција од властите и управата на паркот

„Ова е трагичен настан што нè потресе и нè вознемири“, изјави италијанскиот министер за култура, Алесандро Џули. Управата на Археолошкиот парк Колосеум соопшти дека, во знак на жалост, ќе затвори дел од второто ниво каде што се случила несреќата.

Изграден пред 2.000 години, Колосеумот бил најголемиот амфитеатар на Римската Империја и останува една од главните туристички атракции во Рим.

Синдикатот бара целосно затворање

Најголемиот италијански синдикат, „CGIL“, се спротивстави на одлуката за делумно затворање на локалитетот, тврдејќи дека целиот споменик требало да биде затворен за тој ден. „Очекуваме министерот Џули да ги разјасни околностите на несреќата и да нареди целосно затворање на Колосеумот“, изјави Натале ди Кола, генерален секретар на огранокот на „CGIL“ во Рим. „Човечкиот живот е пред туристите“, додаде тој.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер