Македонското книжевно творештво на Меѓународниот саем на книгата во Париз - Канал 5

Македонското книжевно творештво на Меѓународниот саем на книгата во Париз

Македонското книжевно творештво се претставува на Меѓународниот саем на книгата во Париз, кој од денеска до 20 март се одржува во парискиот центар Порт де Версај.

Македонското книжевно творештво на Меѓународниот саем на книгата во Париз
На македонскиот штанд, преку комесарите - издавачките куќи „Три“, „Арс Ламина“ и „Култура“ се претставени над 400 вредни книги на македонски автори, монографии и публикации на повеќе издавачи и на повеќе институции од Република Македонија, кои го презентираат нашето богато културно наследство, македонската традиција, историја, уметност, култура и туристичките потенцијали.

- Посетеноста уште од првиот ден е масовна. Интересот за книгите преставени на македонскиот штанд е значителна, а остварени се и повеќе официјални средби на кои се разговара за можноста за соработка меѓу македонските и странските издавачки куќи, со цел посериозен пласман на македонската книжевност во светот, информира издавачката куќа „Три“.

Пред посетителите е претставена и капиталната едиција „Превод на 135 тома македонска книжевност на англиски јазик“ и Антологијата на македонската книжевност во шест тома, објавена на француски јазик во издание на НУБ „Св. Климент Охридски“.

На македонскиот ден, утре пред публиката во Париз ќе биде организирана трибина „Македонија како книжевна и духовна дестинација на Европа“. На трибината ќе присуствуваат авторите Луан Старова, Јордан Плевнеш, Владимир Мартиновски и професорот на универзитетот Сорбона Фабрис Д’алмеида. Ќе има и претставници од реномирани книжевни институции, како интернационалниот поетски фестивал „Пролет на поетите“, кој секоја година се одржува во Париз, поетското биенале на Франција, познати француски поети, издавачи, новинари, претставници од францускиот ПЕН центар. Утре ќе се одржи и поетско читање „Македонија, светски центар на поезијата“ на кое учесници ќе бидат Владимир Мартиновски, Никола Маџиров и други автори од Република Франција.

Во насока на покомлексно претставување на македонската литература подготвен е и еден обемен каталог „Средби на писмата/ културите“, во кој на француски јазик се прикажани македонските книжевни вредности. Каталогот, чии уредници се проф. д-р Лидија Капушевска-Дракулевска, проф. д-р Соња Стојменска-Елзесер и проф. д-р Владимир Мартиновски, е конципиран и замислен како место на средби меѓу различни книжевни писма, поетики и пристапи на автори во сферата на прозното, поетското и драмското творештво.

Во каталогот се застапени некои од најзначајните современи македонски раскажувачи, македонските поети, а последниот дел од каталогот е посветен на драмското творештво на Република Македонија, со селекција на сегменти од авторските дела на еминентните македонски драматурзи.

Бојан Саздов, главен уредник од издавачката куќа „Три“ информира дека минатите години повеќе македонски автори добија свои француски изданија, меѓу кои Луан Старова, со седум изданија, Гоце Смилевски, Венко Андоновски, Владимир Мартиновски, Влада Урошевиќ...

Тој додаде дека во каталогот се застапени 32 автори, со биографии и кратко претставување на своето творештво. Според него, каталогот е наменски и ќе помогне во комуникацијата со издавачките куќи, со агентите и со сите заинтересирани посетители на саемот.

Дарко Фидановски, косопственик на издавачката куќа „Арс ламина“, истакна дека на саемот дистрибуираат и листа на македонски издавачи со нивни најзначајни изданија, кои би се понудиле за превод на француски јазик.

- Ќе го понудиме и она што не е преведено во моментов на француски јазик, со мали извадоци од содржината на тие дела. Нашата издавачка куќа ќе се претстави со повеќе комерцијални детски производи, а од другите издавачки куќи ќе има доста нова белетристика, рече Фидановски.

Додаде дека првпат ќе бидеме претставени како Македонска асоцијација на издавачи, ново здружување на издавачите во Република Македонија, кое, како што рече, ќе придонесе за многу поактивна промоција на македонското издаваштво во светот и здружување со сите други издавачки асоцијации низ свето

На саемот на книгата во Париз годинава учествуваат повеќе од 1.200 издавачи, претставници на 50 држави од Европа и светот и над 4.500 автори. Саемот е едно од најзначајните средишта за претставување на издавачката индустрија од целиот свет. Саемот го посетуваат над 200.000 посетители. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЈО: Поднесено обвинение против интернисти од битолската болница за несовесно лекување со тешки последици

Основното јавно обвинителство Битола, врз основа на спроведена претходна постапка и обезбедени докази, поднесе Обвинителен предлог против петмина лекари-интернисти од битолската клиничка болница “Д-р Трифун Пановски”.

ЈО: Поднесено обвинение против интернисти од битолската болница за несовесно лекување со тешки последици

Основното јавно обвинителство Битола, врз основа на спроведена претходна постапка и обезбедени докази, поднесе Обвинителен предлог против петмина лекари-интернисти од битолската клиничка болница “Д-р Трифун Пановски” за сторени – Тешки дела против здравјето на луѓето од член 217 став 4 во врска со член 207 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Тие се обвинети дека во периодот од 28.05.2024 до 04.06.2024 година, на Одделот за интерни болести во болницата, несовесно лекувале 40-годишна пациентка, со што предизвикале влошување на нејзината здравствена состојба кое резултирало со смртен исход.

Пациентката се јавила во болницата по претходен преглед и упат од матичен лекар, кој изразил сомнение за воспаление на вените – тромбофлебитис. Но, по почетниот преглед на интерното одделение, без целосна анамнеза и детални анализи, и била поставена дијагноза – ревматоиден артритис и била дадена терапија, по што била пуштена дома.

Како резултат на тоа, не била навремено утврдена вистинската здравствена состојба на оштетената, односно не била откриена и дијагностицирана тромбозата, ниту била навремено преземена соодветна терапија и лекување за таквата состојба, со што била пропуштена реална можност за навремено откривање и лекување на тромботичниот процес кај оштетената, за спречување или ограничување на напредувањето на тој процес, како и на последователното влошување на нејзината здравствена состојба.

На 01.06.2024 година пациентката со силни болки во стомакот и влошена општа состојба повторно се јавила на преглед во болницата. Иако тогаш била хоспитализирана, во следните четири дена, и покрај абнормалните вредности на лабораториските и биохемиските анализи, ниту еден од дежурните лекари не презел дополнителни дијагностички испитувања со цел да се испитаат причините и да се одреди соодветна терапија.

Затоа здравствената состојба на оштетената продолжила значително да се влошува. Попладнето на 04.06.2024 година, таа побарала медицинска помош во приватна клиника во Скопје, каде била примена во тешка општа состојба. При итно извршениот хируршки зафат и била констатирана тромбоза на горната и долната мезентерична артерија со комплетна гангрена на тенкото и дебелото црево. Таа состојба веќе била неоперабилна и на 05.06.2024 година оштетената починала, стои во соопштението од Обвинителството.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Роналдо ги напушти подготовките на португалската репрезентација и пристигна во Мадрид, се соочува со суспензија

Неславен крај на една огромна кариера – на Кристијано Роналдо му се заканува суспензија, навивачите предизвикаа хаос на аеродром.

 Роналдо ги напушти подготовките на португалската репрезентација и пристигна во Мадрид, се соочува со суспензија

Еден од најдобрите светски фудбалери во последните две децении, капитенот на Португалија, Кристијано Роналдо ги напушти репрезентативните подготовките и во текот на ноќта пристигна во Мадрид, а според дисциплинскиот правилник на Фудбалскиот сојуз на Португалија, му се заканува суспензија во траење од еден до шест месеци, како и парична казна.

Роналдо го напуштил аеродромот „Барахас“ околу 2:40 часот по локално време, по лет од Копенхаген кој траел приближно три часа. Неговото излегување од аеродромот привлече голем број навивачи, а во еден момент неколкумина од нив ја пробиле безбедносната зона во обид да ја видат португалската ѕвезда.

Заминувањето на 41-годишниот напаѓач на Ал Наср може да повлече сериозни дисциплински последици.

Според Дисциплинскиот правилник на Португалската фудбалска федерација (FPF), играч кој е уредно повикан во националниот тим, а неоправдано ќе го напушти или нема да присуствува на тренинзи, натпревари или активности на репрезентацијата, може да биде казнет со суспензија во траење од еден до шест месеци.

За професионалните фудбалери е предвидена и дополнителна парична казна од пет до десет пресметковни единици, што во овој случај изнесува приближно 500 до 1.000 евра. Во членот 160 од правилникот исто така се наведува дека отсуството или напуштањето на репрезентативните активности може да доведе до автоматска превентивна суспензија на играчот.

Инаку се започна пред дуелот во Осло меѓу Норвешка и Португалија.

Тензиите станаа очигледни по натпреварот меѓу Португалија и Норвешка во Осло. Роналдо беше стартер во победата од 1:0 над Велс во првото коло од групата А4 во Лигата на нации, но следниот натпревар против Норвешка го започна од клупата за резерви. Португалија победи со 2:1, но Роналдо не настапи. По завршувањето на натпреварот, португалскиот капитен незадоволен се упати кон соблекувалната и не остана со соиграчите за време на поздравот со навивачите. Ситуацијата дополнително ескалираше следниот ден. Роналдо се ограничи на вежбање во теретаната на хотелот каде што престојуваше репрезентацијата, иако се појави на местото каде што се одржуваа тренинзите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Американски претставници,Рубио нареди иранската делегација што присуствува на Генералното собрание на ОН веднаш да ги напушти САД, Иран демантира

Американскиот државен секретар Марко Рубио нареди иранската делегација што присуствува на Генералното собрание на Обединетите нации веднаш да ги напушти САД, соопштија американски претставници.

Американски претставници,Рубио нареди иранската делегација што присуствува на Генералното собрание на ОН веднаш да ги напушти САД, Иран демантира

Американскиот државен секретар Марко Рубио нареди иранската делегација што присуствува на Генералното собрание на Обединетите нации веднаш да ги напушти САД, соопштија американски претставници, што Иранската мисија при Обединетите нации го демантираше.

„Секретарот Рубио ја отстрани иранската делегација бидејќи го пречекорија дозволеното време за престој. Работата на Генералното собрание на Обединетите нации беше завршена, па беше време тие да си заминат“, изјави еден функционер за „Фокс њуз“. Иранската дипломатска делегација пристигна во Њујорк на 22 септември за да учествува на годишниот самит, а за време на престојот одржа разговори со американскиот тим на маргините на собирот.

Иранската мисија при Обединетите нации ги демантираше извештаите дека преговарачкиот тим на земјата бил протеран од Њујорк по налог на Стејт департментот на САД, наведувајќи дека членовите на делегацијата ги напуштиле САД според претходно утврден план.

Иранската мисија соопшти дека Стејт департментот бил однапред известен за планот за патување на делегацијата и ги оцени како неосновани тврдењата за нејзино протерување од САД, пренесе порталот „Уфук“.

Реакцијата уследи откако „Аксиос“ (Axios), повикувајќи се на американски функционер и извор од Стејт департментот, објави дека иранската делегација ја напуштила земјата по барање на американските власти. Иранската мисија го отфрли извештајот и го обвини американскиот Стејт департмент за ширење „лажни информации“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер