Македонското и уште седум малцинства во Албанија со заедничка декларација бараат нов попис - Канал 5

Македонското и уште седум малцинства во Албанија со заедничка декларација бараат нов попис

Македонците заедно со претставиците на уште седум малцинства во Албанија се обединија - преку заедничка декларација упатија порака дека не ги признаваат резултатите од пописот и бараат повторување на статистичката операција. 

Македонското и уште седум малцинства во Албанија со заедничка декларација бараат нов попис

Според нив, постоела вмешаност во процесот на како што велат, државни функционери и структури, без надлежност и законска оправданост, за што тврдат и дека имаат веродостојни пријави. Бараат од ЕУ и Советот на Европа да не ги признаваат резултатите. На документот инаку, стојат потписите на сите признати малцинства во Албанија, освен на бугарското.

-Претставнциите на осум малцинства во Албанија, без бугарското затоа што Бугарија го призна пописот уште не завршен, ги искажавме нашите ставови дека бројките на пописот се манипулриани и не ја прикажуваат вистинската слика и бараме Албанија да спроведе нов попис за да се види реалната бројка. Во резолуцијата се евидентирани и сите прекршоци кои ги евидентиравме на пописот. Ние како Македонци наведовме се што Бугарија вршеше за време на пописот, сите мешања и обиди за асимилација,- - Васил Стерјовски – Претседател на МАЕИ .

Стерјовски вели и дека очекува прашањето да биде покренато во албанскиот парламент, а потоа да бидат викнати и на состанок во потомитетот за човекови права. Проблемот како што кажа, ќе го покренат и пред европските власти во Брисел и Стразбур.

-Ќе ги искористиме сите правни инструменти. Со грчкиот пратеник во албанското собрание се договоривме прашањето да биде покренато во парламентот. Чекаме да не викнат и во поткомитетот за човекови права. Повторно ќе ги известиме Советот на Европа и ЕП / Ова беше конкретен пример како Албанија дозволи притисок од Бугарија на која и ги подари овие бројки кои не се реални, ова е пописен инжињеринг за Албанија да не биде попречена на европскиот пат,- - Васил Стерјовски – Претседател на МАЕИ .

Според резултатите бројот на Македонци е паднат на 2.281 лице, а бројот на лица кои се изјасниле како Бугари е трипати поголем, односно во Албанија според резултатите има 7.957 Бугари, иако на сите претходно пописи кај нашиот источен сосед, речиси и да немало лица кои се изјаснувале како такви. Македонците од Албанија пред почетокот на пописот, но и за време на статистичката операција алармираа дека се врши притисок и обид од Бугарија на сила да создаде бугарско малцинство. Сепак, директорката на Институтот за статистика Елса Дули пред две недели ги отфрли обвинувањата од страна на малцинствата. Според неа, пописниот процес бил транспарентен и спроведен со професионализам.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Превентивни активности за спречување на зависности кај младите и врсничкото насилство

Главната цел на проектот е подигнување на свеста кај младите за штетните последици од психоактивните супстанции, поттикнување здрави животни навики и намалување на ризикот малолетните лица да дојдат во контакт со дрога, алкохол и тутун.

Превентивни активности за спречување на зависности кај младите и врсничкото насилство

Вчера (16.10.2026) во Општинското средно гимназиско и медицинско училиште во с.Неготино, гостиварско, Секторот за внатрешни работи Тетово започна со реализација на превентивниот проект „Превенција од злоупотреба на дрога, алкохол и цигари“, насочен кон учениците од прва година во сите средни училишта на подрачјето на Тетово и Гостивар.

Главната цел на проектот е подигнување на свеста кај младите за штетните последици од психоактивните супстанции, поттикнување здрави животни навики и намалување на ризикот малолетните лица да дојдат во контакт со дрога, алкохол и тутун. Во склоп на овој проект предвидени се и работни состаноци со одговорните за образование во сите локални самоуправи, информативни предавања за учениците од прва година средно образование и подигнување на општата безбедност и намалување на криминалитетот и нарушувањата на јавниот ред и мир.

На 16.10.026 полициски службеници од ОВР Кавадарци во ООУ "Страшо Пинџур" во Кавадарци за учениците од осмо и деветто одделение реализираа едукативно предавање за заштита од врсничко и сајбер насилство. Учениците се запознаа со различните форми на насилничко однесување, облиците и начините на манифестирање на овие девијантни појави, но и последиците што може да настанат, при што им беа појаснети начините и методите за навремено превенирање и справување со овој вид на девијантно однесување помеѓу младите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лишени од слобода осум возачи за „безобѕирно управување возило“

Тројца возеле без положен возачки испит, четворица под дејство на алкохол, а еден возел со активна забрана.

Лишени од слобода осум возачи за „безобѕирно управување возило“

Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишија од слобода осум возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“ по член 297-а од Кривичниот законик. Од нив, три лица управувале возило без положен возачки испит и тоа Е.Л.(21), Д.С.(53) и Н.И.(24) сите од Скопје. Под дејство на алкохол патничко возило управувале А.С.(28) и И.Б.(61) двајцата од Скопје, Ј.К. (36) од Крива Паланка, И.Ј. (54) од село Клечовце, кумановско, додека Џ.М.(45) од село Калково, валандовско управувал возило за време на изречена забрана за управување со моторно возило.

По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Зајакнати контроли на возачи на велосипеди, мопеди и мотоцикли

Во септември констатирани 1.803 прекршоци, 132 случаи на безобѕирно возење и одземени 88 мотоцикли.

Зајакнати контроли на возачи на велосипеди, мопеди и мотоцикли

Во текот на септември 2026 година, на територијата на целата држава, Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи спроведе зајакнати акциски контроли насочени кон откривање и санкционирање на прекршоците што ги прават возачите на велосипеди, велосипеди со помошен мотор, мопеди, мотоцикли, трицикли и четирицикли.

При спроведените контроли констатирани се вкупно 1.803 прекршоци, од кои најголем дел, односно 1.478, се однесуваат на некористење заштитен шлем (кацига).

Најголем број прекршоци се констатирани на подрачјето на СВР Скопје – 437, потоа на подрачјата на СВР Битола – 233, СВР Велес – 213, СВР Струмица – 201 и СВР Тетово – 168. Од страна на Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата констатирани се 154 прекршоци, додека останатите се евидентирани на подрачјата на СВР Штип, СВР Охрид и СВР Куманово.

Во рамки на контролите евидентирани се и 132 случаи на кривичното дело „безобѕирно управување со моторно возило“, согласно член 297-а од Кривичниот законик, додека согласно член 300-б од Кривичниот законик, одземени се 88 мотоцикли.

Дополнително, констатирани се и 5.034 прекршоци од друг вид.

За сите констатирани прекршоци преземени се соодветни мерки согласно законските прописи.

Министерството за внатрешни работи продолжува со зајакнатите сообраќајни контроли и апелира до возачите на мопеди и мотоцикли задолжително да користат заштитен шлем, да ги почитуваат сообраќајните правила и да избегнуваат ризично однесување во сообраќајот, со цел заштита на сопствената и безбедноста на останатите учесници во сообраќајот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер