Македонско – српскиот бизнис форум - Канал 5

Македонско – српскиот бизнис форум

Изградбата на железничкиот Коридор 10, подобрување на патната инфраструктура, гасното поврзување преку интерконекторот, поголема трговска размена меѓу Македонија и Србија и меѓусебната соработка 

Македонско – српскиот бизнис форум

Изградбата на железничкиот Коридор 10, подобрување на патната инфраструктура, гасното поврзување преку интерконекторот, поголема трговска размена меѓу Македонија и Србија и меѓусебната соработка беа главните теми на македонско – српскиот бизнис форум кој денеска се одржа во Скопје. Околу 300 стопанственици од двете земји со порака – инфраструктурното поврзување е клучно за поголема економска соработка.

„Затоа е важно брзо да работиме на тие стратешки проекти. Гасниот интерконектор е исклучително важен, кога зборуваме за енергетиката и диверзификацијата за цел регион тоа е од огромно значење. Поврзувањето, односно железничката инфраструктура, само преку тие два стратешки проекти, ние можеме да обезбедиме економска безбедност на многу поголемо ниво од сегашното...“-Марко Чадеж – претседател на стопанска комора на Србија.

„Ако Србија не стане моторна снага на економијата на Западен Балкан, а Македонија најголем транзитен центар низ кој ќе поминува се до Солунското пристаниште нема да имаме никаков напредок. “- Бранко Азески – претседател на Стопанска комора.

Вицепремиерите на двете земји на отоврањето на форумот порачаа дека само преку обединувањето на потенцијалите на двете земји ќе имаме посилна регионална економија. И изразија надеж дека во следните години трговската размена меѓу Макеоднија и Србија ќе достигне и 2 милијарди евра.

„Оваа година таа размена мислам дека би достигна 1,5 милијарди евра но не би биле тоа како влада, и вие како бизнис сектор ако не би си поставувале посриозни бројки кои треба да ги достигнеме.... се надевам во најбрз можен рок таа размена да биде 2 милијарди евра. Ние граидме економија која е заснована на инвестиции и е стабилна.... “-Иван Стоилковиќ – вицепремиер на Влада.

„Само во првите 9 месеци имаме Србија во Македонија има извоз од 804 милиони евра, што претставува раст од речиси 16 % во однос на истиот период минатата година...Србија не ги гледа своите соседи како конкуренција туку како сојузници во процесот на модернизација и економска трансформација...“-Адријана Месаровиќ – потпретседателка на Влада на Србија.

Инаку Стоилковиќ и Месаровиќ утрово во просториите на Владата потпишаа и меморандум за соработка меѓу двете влади. Станува збор за 5 годишен меморандум кој стапува на сила веднаш, а посебен акцент е ставен на инфраструктурното поврзување.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Американскиот министер за одбрана: Кина се инфилтрира во умовите на нашите студенти

Министерството за одбрана на САД ги прогласи културните центри финансирани од Кина на универзитетските кампуси, познати како Институти Конфучие, за закана за националната безбедност на САД, изјави министерот за одбрана Пит Хегсет.

Американскиот министер за одбрана: Кина се инфилтрира во умовите на нашите студенти

Вашингтон долго време ги обвинува Институтите Конфучие дека служат како алатки за кинеската пропаганда и презеде чекори за ограничување на нивните активности.

Хегсет: Нивната цел е да крадат интелектуална сопственост и да инфилтрираат студенти

Во видео објавено на социјалните мрежи, Хегсет тврди дека Институтите Конфучие на американските универзитети работеле тајно и дека Пентагон ги вклучил на списокот на институции што ја загрозуваат националната безбедност на САД.

„Се испостави дека на 30 универзитети се појавиле 80 нови пропагандни ќелии, користејќи различни имиња и статути, но со иста цел: да крадат интелектуална сопственост и да се инфилтрираат во умовите на американските студенти“, рече Хегсет.

Во текот на изминатите два месеци, Министерството за одбрана „систематски ги разби секоја од овие организации“, додаде тој.

Кинеската амбасада во Вашингтон не одговори веднаш на барањето на Ројтерс за коментар.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Грчки гигант за брза храна проневерил 150 милиони евра- во измамата учествувале над 120 лица

Грчката Дирекција за борба против организиран криминал разби голема мрежа за даночна евазија во познатиот синџир за брза храна „Пица Фан“. 

Грчки гигант за брза храна проневерил 150 милиони евра- во измамата учествувале над 120 лица

Во голема операција спроведена во Атина и Солун, уапсени се 23 лица - вклучувајќи го сопственикот и раководителите на компанијата - додека кривичните обвиненија опфаќаат вкупно повеќе од 120 лица,објави Зугла.

Снигата работела од најмалку 2016 година. Измамата се базирала на манипулирање со централен систем за нарачки: на вработените им се нудела опција за „посластица“ за одредени нарачки преку посебен алгоритам. Парите би се собирале од клиентот, но никогаш не би се издавала фискална сметка. Во исто време, системот чувал тајна, паралелни сметководствени евиденции за да се евидентира реалниот промет и „црните“ пари.

Заработката им била предавана во готово на водачите на групата на месечни состаноци во трговски центар. За да се покрие трагата на парите, водачите префрлиле 99,99% од сопственоста на домашната компанија на офшор компанија во странство.

При претресот на деловни и приватни простории, запленети се над 1.280.000 евра во готово (од кои околу 1,17 милиони евра се пронајдени во таен сеф во вилата на сопственикот на компанијата), 92 луксузни часовници (Rolex, Patek Philippe, Audemars Piguet) и скап дијамантски накит, шест луксузни автомобили и три мотоцикли, како и 52 компјутери, хард дискови и обемна електронска опрема.

Штетата предизвикана на грчкиот буџет се проценува на повеќе од 35 милиони евра неплатен ДДВ и данок на добивка, додека скриената даночна основа надминува 150 милиони евра. Покрената е постапка за замрзнување на сите средства на сите осомничени и поврзани компании.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Израелската војска исфрли 1.200 Палестинци од нивните домови на Западниот Брег (ВИДЕО)

Израелската армија принуди околу 1.200 Палестинци да ги напуштат своите домови во Хеброн на окупираниот Западен Брег, изјави денеска палестински функционер, еден ден откако во палестински напад беа убиени двајца израелски војници. 

Израелската војска исфрли 1.200 Палестинци од нивните домови на Западниот Брег (ВИДЕО)

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вчера изјави дека армијата ќе започне голема операција откако војниците беа убиени кога двајца палестински вооружени лица отворија оган врз армиски контролен пункт во близина на градот.

Израелската армија објави дека напаѓачите се убиени. Тие исто така изјавија дека целта на операцијата во населбите Ал-Џалада и Еин Деир Баха, во близина на воениот контролен пункт на влезот во Хеброн, била да се бараат членови на вооружени групи и оружје. Во соопштението за медиумите се наведува и дека армијата ќе ги сруши зградите.

„Колективна казна“

Палестинската власт ја критикуваше операцијата како „колективна казна“. Јусеф Зухаир Ал-Џабари, градоначалник на општина Хеброн, рече дека околу 1.300 луѓе се изложени на ризик да останат бездомници, покрај 1.200 веќе раселени.

Тој, исто така, истакна дека израелските операции биле мотивирани од парламентарните избори во вторник, на кои десничарската коалиција на Нетанјаху би можела да го изгуби мнозинството, според анкетите на јавното мислење. „Нетанјаху и радикалните министри во неговата влада се обидуваат да освојат што е можно повеќе гласови на имигрантите“, рече Ал-Џабари.

Клубот на палестински затвореници, невладина организација, објави дека израелските сили вчера и денес уапсиле околу 70 Палестинци. Израелските власти не коментираа за апсењата. Ал-Џабари рече дека армијата демолирала продавници, фабрики, куќи и патишта во Хеброн и дека одговорот бил непропорционален и неоправдан.

Жителите на Хеброн изјавија за Ројтерс дека армијата принудила многу луѓе кои немале врска со палестинските напаѓачи да ги напуштат своите домови. „Ги повикуваме властите да застанат на наша страна бидејќи не сме вклучени во ништо од ова. Тука има деца. Изолирани сме, не правиме ништо. Сето ова е произволно“, рече Мазди Насер, еден од оние кои морале да ги напуштат своите домови.

Знаци на празните куќи

Жителите изјавија за Ројтерс дека виделе израелски војници како ги обележуваат куќите со црн X откако нивните палестински станари биле принудени да заминат. Не беше веднаш јасно што значи знакот, истакнува Ројтерс.

Владата на Нетанјаху претседава со брзото ширење на доселеничките населби, кои се сметаат за нелегални од телата на ОН и повеќето земји, иако Израел го оспорува ова. Низ целиот Западен Брег, Израел ги блокираше влезовите во повеќето палестински градови и места, сериозно ограничувајќи ја слободата на движење на Палестинците.

Јусеф Мур, жител на палестинскиот град Јат, рече дека поради затворот не можел да оди со својата ќерка во Ерусалим каде што таа се лекува од рак. „Ситуацијата е лоша и ние страдаме. Кога се обидовме да преминеме, тие испукаа шок-бомби кон нас и мојата ќерка се исплаши на патот. Тие испукаа шок-бомби кон луѓето. Ситуацијата е многу тешка“, рече Мур.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер