Над 141.000 лица во Македонија живеат со дијабетес: Раното откривање може да спречи тешки компликации
1Над 141.000 лица во Македонија живеат со дијабетес: Раното откривање може да спречи тешки компликации
КултураМакедонско пладне во рамки на Саемот на книгата во Гетеборг Во рамките на програмата на македонскиот штанд на Саемот на книгата во Гетеборг вчера се одржа Македонско пладне.Манифестацијата со пригодно обраќање ја отвори македонската амбасадорка во Шведска, Алексанадра Наќева Ружин, која притоа го истакна значењето на напорите што се прават за афирмација на македонската култура и умтенички дострели во меѓународни рамки. За концепцијата со која беше презентирана македонската издавачка продукција на саемот, зборуваше Нове Цветаноски од „Македоника литера“, нагласувајќи ја посебно определбата со посебен каталог на англиски јазик годинава на книжевнот саем во Гетеборг, најголема манифестација од таков вид во Скандинавија, да бидат презентирани дваесет македонски прозаисти. Академик Луан Старова се осврна на значењето на големиот издавачки пројект „130 Тома македонска книжевност“, а за значењето на македонската преведувачка дејност на релација шведско-македонски книжевни врски и преводи зборуваше Лидија Димковска. Во рамките на Македонското пладне беше промовиран и изборот од поезијата на Ивица Челиковиќ во превод на шведски јазик. Изданието е објавено под наслов „Сенки зад ѕидот“, а го објави „Македоника литера“ како дел од програмата за учество на Република Македонија на саемот во Гетеборг. За ова издание зборуваше професорот Венко Андоновски. На Македонското пладне вчера учествуваше и познатиот шведски писател за деца Улф Старк, а со свои стихови се претатсвија група поети од Гетеборг, како и членови на Македонското поетско друштво „Дениција“. Македонскиот штанд вчера го посети и Ингемар Нилсон, уредник за Источна Европа при едно од најголемите шведски книгоиздателства, „Бониер“. Програмата на меѓународниот Саем на книгата во Гетеборг завршува денеска. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветПотврдена средба на Трамп, Си Џинпинг и Путин в четврток во КинаБелата куќа потврди. Следната недела во четврток во кинескиот град Шенжен ќе се одржи состанок на Доналд Трамп, Си Џинпинг и Владимир Путин, на маргините на Самитот на Азиско-пацифичката економска соработка -АПЕК.Портпаролката на Белата куќа, Оливија Велс, изјави дека една од главните теми на разговорите ќе биде намалувањето на нуклеарното оружје. Претседателот јасно стави до знаење дека ќе се занимава со прашањето за намалување на нуклеарното оружје во светот. Американски претставник, кој зборувал под услов на анонимност, открил дека Трамп планира на средбата да го отвори и прашањето за Иран, а темата за Украина најверојатно нема да биде дел од трилатералните разговори, бидејќи сад водат одделни дипломатски процеси со Киев и Москва, во кои Кина не учествува. Американскиот претседател ќе отпатува во азија во понеделник, а според најавите, најпрво ќе ги посети филипините, по што ќе замине за шенжен, каде ќе се одржи самитот на АПЕК.Тагови: Владимир Путин Доналд Трамп Си Џинпинг Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветКуба се подготвува за можен американски воен нападКуба се подготвува за можен американски воен напад по изјавите на американскиот претседател Доналд Трамп, кои беа протолкувани како закана за воена интервенција. Ова го изјави кубанскиот претседател Мигел Дијаз-Канел, кој порача дека земјата е подготвена да се брани од секоја странска агресија. „Одлучни сме да го одбиеме секој обид за странска воена агресија врз нашата земја“, рече Канел. Неговата изјава следува откако Трамп прашан дали би размислил за воена интервенција со цел да ја „ослободи“ Куба, за американски медиуми рече: „Сакам да ја решам Куба пред да си заминам“. Тој додаде дека САД внимателно ја следат ситуацијата на островот, оценувајќи дека земјата е во многу лоша состојба и дека практично е пропадната држава. Тагови: куба Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаКравите од Крива Паланка осамнаа во светските медиумиКравите од Крива Паланка го обиколуваат Светот. Веста дека стотици говеда шетаат слободно низ градот го објавија неколку угледни светски медиуми, како Асошиејтед прес и Еуроњуз, каде што случајот со кравите се најде во познатата рубрика „без комента“. Медиумите наведуваат дека жителите на Крива Паланка, опишана како земјоделски град, се бори со повеќе од илјада крави кои им ги уништуваат имотите.. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook