Македонско пладне на Саемот на книгата во Гетеборг - Канал 5

Македонско пладне на Саемот на книгата во Гетеборг

Програмата исполнета со поетски читања и промоции на книги на македонскиот штанд на јубилејниот 30-ти Саем на книгата во Гетеборг, најголема книжевна манифестација од таков вид во Скандинавија, вчера предизвика внимание и љупобитство.

Македонско пладне на Саемот на книгата во Гетеборг
Македонскиот штанд го посетија писатели од разни земји, а со свои стихови во поетското читање учествуваа двајца истакнати шведски поети Ласе Содерберг и Кенет Клеметс, и двајцата преведувани на македонски. Во поетското читање уествуваше и поетесата Лидија Димковска, а во рамките на програмата поетесата од иранско потекло Хомеира Тари го претстави зборникот трудови на шведски јазик од ученици од ромска националност во Гетеборг, кои по потекло се од Македонија.

Интересирањето за македонската литература се потврдува и на оваа значајна саемска манифестација. Македонскиот штанд денеска ќе го посети одговорниот уредник за Источна Европа при една од најзначајните скандинавски издавачки куќи, „Бониер“.

На штандовите на бројните издавачки куќи и преведувачки центри беше дистрибуиран специјалниот каталог во кој се претставени 20 современи писатели од Македонија. Од нив четворица, Луан Старова, Венко Андоновски, Лидија Димковска и Ивица Челиковиќ, се присутни на Саемот.

“Мансардс“ од Рига соопшти дека ќе објави во превод на летонски романот „Резервен живот“ од Лидија Димковска, која за ова дело ја доби наградата на ЕУ.

Направени се првчни договори за откуп на авторските права за превод на дела на тројца македонски пистали, Влада Урошевиќ, Венко Андоновски и Душко Родев на српски јазик во „Агора“ во Нови Сад.

Денеска се очекува голем одзив на „Македонско пладне“, кое ќе содржи поетска средба, изложување дела од македонски автори преведени на шведски јазик и дела од шведската литература преведени на македонски, промоција на понови изданија, но и на 130 тома македонска книжевност, претставување на најквалитетната и најрепрезентативната понова македонска издавачка продукција, дела од уметничката литература, монографски, научни, историски и културни вредности, како и на културното наследство.

Годинава на Саемот на книгата во Гетеборг учествуваат издавачи и писатели од 66 земји, при што од регионот на Југоисточна Европа со свои штандови се претставени Македонија и Романија. И годинава се очекува Саемот да го посетат над 100.000 посетители. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лишени од слобода девет возачи за „безобѕирно управување со моторно возило“, шест возеле без положен возачки испит

Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишија од слобода девет возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“ по член 297-а од Кривичниот законик. 

Лишени од слобода девет возачи за „безобѕирно управување со моторно возило“, шест возеле без положен возачки испит

Од нив, шест лица управувале возило без положен возачки испит, и тоа: А.С.(46), М.Р.(26) и З.С.(26) сите од Скопје, А.М.(27) од с.Никиштани, скопско, Г.Т.(56) од с.Подлес, општина Градско и А.К.(28) од с.Дреново, кавадаречко, кој бил и под дејство на алкохол.

Двајца возачи управувале возило под дејство на алкохол: Г.Ј.(49) од Кочани и М.С.(35) од Куманово. Додека, пак, Д.С.(21) од Крива Паланка управувал возило и покрај тоа имал активна мерка забрана за управување со моторно возило.

По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Потврдена средба на Трамп, Си Џинпинг и Путин в четврток во Кина

Белата куќа потврди. Следната недела во четврток во кинескиот град Шенжен ќе се одржи состанок на Доналд Трамп, Си Џинпинг и Владимир Путин, на маргините на Самитот на Азиско-пацифичката економска соработка -АПЕК.

Потврдена средба на Трамп, Си Џинпинг и Путин в четврток во Кина

Портпаролката на Белата куќа, Оливија Велс, изјави дека една од главните теми на разговорите ќе биде намалувањето на нуклеарното оружје. Претседателот јасно стави до знаење дека ќе се занимава со прашањето за намалување на нуклеарното оружје во светот. Американски претставник, кој зборувал под услов на анонимност, открил дека Трамп планира на средбата да го отвори и прашањето за Иран, а темата за Украина најверојатно нема да биде дел од трилатералните разговори, бидејќи сад водат одделни дипломатски процеси со Киев и Москва, во кои Кина не учествува. Американскиот претседател ќе отпатува во азија во понеделник, а според најавите, најпрво ќе ги посети филипините, по што ќе замине за шенжен, каде ќе се одржи самитот на АПЕК.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Куба се подготвува за можен американски воен напад

Куба се подготвува за можен американски воен напад по изјавите на американскиот претседател Доналд Трамп, кои беа протолкувани како закана за воена интервенција. 

Куба се подготвува за можен американски воен напад

Ова го изјави кубанскиот претседател Мигел Дијаз-Канел, кој порача дека земјата е подготвена да се брани од секоја странска агресија.

„Одлучни сме да го одбиеме секој обид за странска воена агресија врз нашата земја“, рече Канел. Неговата изјава следува откако Трамп прашан дали би размислил за воена интервенција со цел да ја „ослободи“ Куба, за американски медиуми рече: „Сакам да ја решам Куба пред да си заминам“. Тој додаде дека САД внимателно ја следат ситуацијата на островот, оценувајќи дека земјата е во многу лоша состојба и дека практично е пропадната држава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер