Долготрајни аплаузи за изведбата на „Едмонд“ на Битолскиот театар на 34. МФКТ „Ристо Шишков“ во Струмица
2Долготрајни аплаузи за изведбата на „Едмонд“ на Битолскиот театар на 34. МФКТ „Ристо Шишков“ во Струмица
Стадион од 12 милијарди долари со капацитет од 115.000 луѓе- дали на него ќе се одржи Светското првенство 2030.?
1Стадион од 12 милијарди долари со капацитет од 115.000 луѓе- дали на него ќе се одржи Светското првенство 2030.?
ЕкономијаМакедонско-албански бизнис-форум: Подобро поврзување и укинување на царините за зголемување на трговијата Во следните пет до шест години државата ќе инвестира околу 6 милијради евра во патната и железничката инфраструктрура на Коридорот 8 - најави вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски. Според него, и двата аеродрома кои се дел од коридорот бележат значителен напредок и очекува во јули годинава да биде завршен процесот на реконструкција на аеродромот „Свети Апостол Павле“. -Во моментов, проектот којшто активно го работиме со ЕУ за целосна реконструкција и надградба на железничка линија од Скопје, преку Јегуновце, Тетово, Гостивар до Кичево којашто ќе чини негде околу 285 милиони евра и на тоа се додаде Кичево-Охрид-Струга-граница со Албанија, тоа ќе биде комплетно нова линија во вредност од 2 милијарди евра, мислам дека е многу лесно да пресметаме дека некаде над 3 милијарди евра во железница ќе се инвестира во следниве 5-6 години само на Коридор 8, што ако ги соберете двете суми заедно доаѓаме до вредност од 5,5 до 6 милијарди евра инвестиција,- - Александар Николоски – Вицепремиер и Министер за транспорт. Според Николоски, иако трговската размена помеѓу Македонија и Албанија лани била 180 милиони евра, што е за 40 милиони повеќе од 2020 година. Вели, за да се зголемува оваа сума е потребно да се купуваат производи со потекло од регионот. Првиот човек на стопанската комора, Бранко Азески смета дека е срамота криминалците ги користат пропустите на државите повеќе од бизнисмените. -207 милиони долари се свртени минатата година. Јас би рекол срам да ни е на нас бизнисмените, криминалците се пред нас во оваа работа. Тие многу подобро и поефикасно ги користат сите пропусти што ги прави и државата, и бизнисот. Дајте да се обединиме, да ги затвориме дупките, да го легализираме прометот и да ги направиме Македонија и Албанија една држава, еден ентитет којшто ќе го дигне прометот од 207 на милијарда евра-- Бранко Азески – Претседател на Стопанска Комора. Николоски го цитираше и албанскиот претседател, Бајрам Бегај велејќи дека автопатите од Скопје кон Охрид или Струга не се градат за одење на кафе, туку за развој на бизнисот и односите со соседните држави. Тој се осврна и на Коридорот 10 кадешто во напредна фаза е проектот за изградбата на брза железница од границата со Србија до грчката граница. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЛишени од слобода девет лица за „безобѕирно управување со возило“Во текот на изминатото деноноќие, на територијата на целата држава, полициски службеници лишија од слобода девет возачи поради „безобѕирно управување со возило“.Четворица од возачите управувале возило под дејство на алкохол, и тоа од Куманово, Скопје и Делчево. Кај еден од нив, кој управувал мотоцикл, биле измерени 2,37 промили алкохол во крвта. Четворица возачи управувале возило без положен возачки испит, од Гостивар, Тетово, Куманово и Скопје. Меѓу нив е и малолетник од Гостивар, додека возачот од Тетово управувал мопед без положен возачки испит. Еден возач од Виница управувал возило и покрај тоа што имал активна забрана за управување со моторно возило. По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. Министерството за внатрешни работи продолжува со засилените сообраќајни контроли, со цел навремено санкционирање на возачите кои со своето однесување ја загрозуваат безбедноста во сообраќајот. Почитувањето на сообраќајните правила и прописи, како и одговорното однесување на секој учесник во сообраќајот, се клучни за спречување на сообраќајни незгоди и за поголема безбедност на сите.Тагови: безобѕирно возење Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДвајца загинати и тројца тешко повредени во директен судир15:00МФ: „Фич“ повторно го потврди кредитниот рејтинг ББ+ со стабилен изглед10:45Нема образложение од Врховен за укинувањето на пресудите за случајот „Ласкарци“ и за Стевчо Јакимовски15:00Неколку дуќани изгореа откако изби голем пожар во Шуто Оризари (ВИДЕО)10:14Газдата на „Пулс“ Дејан Јованов- Деко наскоро ќе се брани од слобода15:08
Нема образложение од Врховен за укинувањето на пресудите за случајот „Ласкарци“ и за Стевчо Јакимовски15:00
КултураДолготрајни аплаузи за изведбата на „Едмонд“ на Битолскиот театар на 34. МФКТ „Ристо Шишков“ во СтрумицаСиноќа, на 34. МФКТ „Ристо Шишков“ во Струмица, „Едмонд“ на Народен театар Битола предизвика одлична реакција кај публиката.Претставата беше проследена со големо внимание, силна енергија од сцената, а по завршувањето – долги и искрени аплаузи за актерите и целиот авторски тим. Уште една успешна средба со публиката и уште еден убав момент за претставата „Едмонд“, работена по делото на Дејвид Мемет, во режија на Оливер Мицевски. Ликот на Едмонд го игра Огнен Дранговски, а покрај него во претставата се и: Валентина Грамосли, Соња Михајлова, Марјан Георгиевски, Ана Грамосли, Борче Ѓаковски, Александар Стефановски, Филип Мирчевски, Викторија Степановска-Јанкуловска и Маја Андоновска-Илијевски. Сценографијата е на Валентин Светозарев, костимографијата на Благој Мицевски, а музиката на Марјан Неќак. „Благодариме на фестивалот „Ристо Шишков“ и на струмичката публика за прекрасниот прием“, истакнуваат од Битолскиот театар. Следното гостување на НТБ е на 18.септември на ТФД „Силјан Штркот“ во Прилеп со претставата „Пинокио“, а на 25 септември е предвидено гостување со „Кориолан“ на „Magical Nights in Bitrint“ во Саранда, Албанија.Тагови: Ристо Шишков Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМАЕИ: Бугарија го злоупотребува здравјето на Македонците за да ги прогласува за БугариМакедонската алијанса за европска интеграција (МАЕИ) најостро ги осудува најновите активности на бугарските власти во Пустец, со кои под превезот на медицинска помош повторно се спроведува политичка пропаганда и негирање на македонскиот идентитет.На 11 и 12 септември, Бугарија испрати медицинска екипа од Софија во Пустец со воен транспортен авион. Во операцијата се вклучени бугарските министерства за надворешни работи, здравство и одбрана, а заедно со медицинските екипи пристигнаа и бугарски пратеници од различни политички партии. Токму нивните изјави ја откриваат вистинската политичка димензија на оваа посета. Бугарските пратеници јавно порачаа дека кога станува збор за, како што ги нарекуваат, „Бугарите“ во Албанија, бугарските политички партии се обединети. Зошто за медицински прегледи во Пустец е потребен воен транспортен авион, бугарски пратеници и државна делегација од Софија? Ова повеќе не личи на обична медицинска хуманитарна активност. Пустец личи на воена зона, со засилено полициско присуство, бугарски емисари кои демонстративно се движат низ општината и се однесуваат како освојувачи на Пустец и со бугарски знамиња поставени во просториите на медицинскиот центар. Но, Пустец не е Бугарија. Пустец е во Република Албанија, а неговите жители се Македонци. МАЕИ особено го осудува однесувањето на бугарските претставници кои во јавноста отворено ги негираат Македонците во Пустец и ги прогласуваат за Бугари. Ниту една медицинска услуга не може да биде оправдување за негирање на идентитетот на македонската заедница. Здравјето на луѓето не смее да биде инструмент за асимилација и политичка пропаганда. Медицинскиот персонал во Пустец првично не сакал да ги прими бугарските претставници, но под притисок од Регионалниот медицински центар во Корча бил принуден да им ги отстапи просториите. Срамно е и однесувањето на Општина Пустец, која обезбедува логистичка поддршка на претставници на држава чии институции јавно тврдат дека Македонците во Пустец се Бугари. Наместо да застане во заштита на своите граѓани и нивниот идентитет, локалната власт ги пречекува бугарските претставници со девојчиња во народни носии, леб и сол. Општина Пустец е во Република Албанија. За секоја потреба на своите жители – од инвестиции и инфраструктура, до здравствени и социјални услуги – локалната власт треба првенствено да се обраќа до Владата на Република Албанија. Ние сме лојални граѓани на Албанија, ги почитуваме нејзините закони и плаќаме даноци во оваа држава. Затоа не прифаќаме Пустец да биде претворен во полигон за реализирање на туѓи национални политики. Пустец не смее да биде сцена на бугарска пропаганда. Македонците во Пустец не смеат да бидат статисти во туѓа национална политика. За жал, Македонците во Албанија денес се оставени сами. Недостасува јасна и одлучна реакција од албанските институции, кои дозволуваат ваквите активности да се одвиваат на територијата на Република Албанија. МАЕИ ја повикува Владата на Република Албанија да не дозволува територијата на државата и нејзините институции да бидат инструментализирани за негирање на идентитетот на македонската заедница. Истовремено, ја повикуваме Владата на Република Македонија конечно да ја сфати сериозноста на ситуацијата. Додека Бугарија има јасна државна политика и целосен политички консензус за асимилација на Македонците во Албанија, Македонија нема ниту стратегија, ниту сериозна државна политика за заштита на македонската заедница во Албанија. Затоа МАЕИ бара од македонските институции итно да изработат државна стратегија за заштита на Македонците во Албанија и да престанат прашањето на македонската заедница во Албанија да го третираат како партиско, наместо како национално прашање. Македонците во Пустец не се Бугари. Пустец не е бугарски протекторат. Нашето здравје не е алатка за асимилација.Тагови: МАЕИ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook