Македонските жени живеат четири години подолго од мажите - Канал 5

Македонските жени живеат четири години подолго од мажите

Во Институтот за јавно здравје на РМ посочуваат дека за 2012 година очекувано траење на животниот век е 74,98 години или кај мажите 72,97 години, а кај жените - 77.05 години, пишува весникот „Дневник“.

Македонските жени живеат четири години подолго од мажите
„Дневник“ пишува дека причините зошто жените се подолговечни с` уште се голема дилема и за научниците во светот - секако дека естрогенот ги штити жените од срцеви заболувања до менопауза. Лекарите посочуваат дека мажите повеќе пушат цигари и пијат алкохолни пијалаци во споредба со жените, а и поподложни се на ризично однесување од жените, па, за жал, повеќе страдаат во сообраќајни несреќи, а се побројни и меѓу зависниците од опојни дроги. А демографите претпоставуваат дека изложеноста на мажите на многу потешка физичка работа е една од причините што тие живеат покусо.

Д-р Владимир Лазаревиќ, раководител на „Хелтгрупер“ и магистер по јавно здравство вели дека ова прашање с` уште претставува голема дилема за научниците во светот.

- Постојат повеќе студии кои настојуваат да дадат одговор, но с` уште нема јасни или подобро речено едногласни согласувања во научната заедница. Едно од најчестите објаснувања во средината на минатиот век беше дека пушењето цигари, кое беше позастапено кај мажите, војните во кои мажите учествуваат, алкохолот и кардиоваскуларните болести кои порано и почесто се застапени кај мажите, се меѓу основните причини за овие разлики во траењето на животниот век. Но, дури и во случаите кога се контролираат овие карактеристики, податоците повторно укажуваат дека жените живеат подолго. Некои биолошки студии укажуваат на разликите во имунолошкиот систем кај мажите и жените, кои може да се една од причините, при што кај мажите со возраста побргу се намалува одбранбениот имунолошки систем. Сепак, науката с` уште не може експлицитно да одговори зошто жените живеат подолго, но со сигурност ги докажува работите што ни го подобруваат и продолжуваат квалитетот на животот како на пример - да се откажат цигарите, да се внимава на исхраната и редовно да се спортува - вели д-р Лазаревиќ.


Потешки работи

И Никола Панов, географ и демограф на Институтот за демографија вели дека тоа што мажите порано умираат од жените е еден феномен кој с` уште се истражува, а досега нема заклучоци и нема мериторна студија, туку само претпоставки. Но тој напоменува и дека мажите се вработени во многу потешки дејности од жените, па и тоа е една од причините за покусиот животен век.

- Има различни мислења, но во принцип, во речиси сите држави во светот има повеќе женско население поради војните, пред с`. Мажите с` повеќе работно вклучени во примарните и во секундардните дејности што се потешки: земјоделство, рударство, тешка индустрија, каде што можеби на 100 вработени мажи доаѓа една жена. Токму во овие дејности физичката активност е многу потешка, додека во терцијерните дејности, кои се полесни за работа, се изедначени. Тие дејности не оптоваруваат премногу и се со помала тежина, па кај нив и мажите се порелаксирани. Важен е и психолошкиот момент зашто мажот е столбот на семејството, па оттаму и неговата одговорност е поголема, што секако се одразува врз здравствената состојба и влијае на животниот век на мажите. Но, според мене, животниот век сепак зависи и од животниот стандард, па така просечниот животен век на Балканот е околу 75 години кај двата пола и е, за жал, покус од тој во европските земји - вели проф. Панов.


Естроген

Д-р Дејан Kовачевиќ, кардиолог во Kлиничката болница „Аџибадем Систина“ појаснува:

- Во прашање е функционалноста на организмот - жените се предодредени да раѓаат, па затоа нивниот организам е поотпорен на влијанието на надворешните фактори. А основниот хормон што им прави услуга на жените е естрогенот - во делот на кардиоваскуларните заболувања. Естрогенот ги штити крвните садови од атериосклероза (создавање наслаги во крвите садови) и ги штити истите од повреди. Една од причините за инфаркт е кога ќе се наруши еластичноста на внатрешниот дел од крвниот сад (ендотелот), а кај жените токму овој дел е заштитен од хормонот естроген кој влијае и на зголемување на метаболизмот, односно го забрзува метаболизмот. Можеби несакан ефект е што кај жените мастите се депонираат во стомачната регија - на стомакот, колковите - тоа е „заслуга“ на естрогенот, но токму тоа влијае превентивно бидејќи помалку масти се складираат во крвните садови. Но жената само до менопауза ја штити естрогенот и по 50-тата година почнува и кај неа да се создаваат кардиоваскуларни заболувања, а на возраст над 70 години жените се изедначуваат со мажите според ризикот од овие заболувања. Инаку, овој хормон жените не ги заштитува од мозочни удари, па тие се појавуваат повеќе кај жени отколку кај мажи - појаснува д-р Kовачевиќ.

Што се однесува до грижата за здравјето и превентивните прегледи, тој воочил дека повеќе се грижат за своето здравје.

- Млади мажи кои се во добра физичка кондиција поретко одат на контрола и превентивни прегледи од жените. Добро е што има законска обврска за систематски прегледи на вработените, па така сите мора да се прегледаат еднаш на околу две години - додава д-р Kовачевиќ.


Ризично однесување

Во Институтот за јавно здравје на РМ посочуваат дека за 2011 година очекувано траење на животот е 72,5 години за мажи, а 76,73 за жени или просекот е 74,58 години, а во 2012 година сме живееле подолго - просечното очекувано траење на животниот век е 74,98 години или кај мажите 72,97 години, а кај жените - 77.05 години.

- Во Македонија жените живеат четири години повеќе од мажите, според податоците од Државниот завод за статистика. Додека во 27 држави во Европа просечната старост на мажите е 75, 3 години, а на жените 81,7 година. И таму постојат разлики, а најдолго живеат жените во Франција - 85 години, а најмалку живеат жените во Бугарија и Романија - 77,3 години - вели проф. д-р Елена Ќосевска, раководител на сектор за промоција, анализи и следење незаразни болести во Институтот.

Во 2012 година просечното очекувано траење на животниот век е 74,98 години или кај мажите 72,97 години, а кај жените - 77,05 години.

- И кај двата пола водечка причина за смртност се кардиоваскуларните заболувања, од кои во земјата умираат над 11.000 лица годишно. Втора причина за смрт се малигните заболувања - кај мажите ракот на белите дробови, а кај жените ракот на дојката. Мажите повеќе пушат цигари и пијат алкохолни пијалаци, во споредба со жените, што влијае на намалување на животниот век. Мажите се поподложни и на ризично однесување од жените, на пример, млади момчиња на возраст од 15 до 24 години повеќе страдаат во сообраќајни несреќи. Освен што повеќе пушат од жените, мажите се побројни и меѓу зависниците од опојни дроги од жените - нагласува д-р Ќосевска.

Иако естрогенот ги штити жените од срцеви заболувања, во нашата земја во 2012 година имало повеќе починати жени од кардиоваскуларни заболувања од мажи и тоа за околу 400 случаи.
Од вкупно починати 20.134 лица во минатата година мажи биле 10.523, а жени 9.611 лица.

Од нив, од кардиоваскуларни заболувања починале вкупно 11.926 лица - 5.739 мажи и 6.187 жени.


Французинките и Швајцарците најдолговечни

Во Европа најдолговечни се Французинките, кои живеат просечно 85,7 години, а од мажите најдолго живеат Швајцарците - 80,5 години. Македонците живеат за една година подолго од Србите или 73,1 години, а Македонките просечно 77,2 години или за еден месец помалку од жените во Србија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Жена, прогласена за мртва се разбудила во мртовечница- доктор потоа ја убил за да си ја прикрие грешката

73-годишна Русинка била прогласена за мртва во декември 2025 година од страна на лекар за реанимација, но два часа подоцна покажала знаци на живот во мртовечницата. 

Жена, прогласена за мртва се разбудила во мртовечница- доктор потоа ја убил за да си ја прикрие грешката

Докторот е обвинет дека ѝ инјектирал смртоносен лек за да ја прикрие својата грешка. Тој е уапсен и е задржан во притвор.

Можеби мислите дека ова е сценарио за ТВ серија. Сепак, оваа приказна навистина се случила во Русија минатата година. Лекар за реанимација е осомничен дека ѝ инјектирал смртоносен лек на 73-годишна пациентка, која погрешно била прогласена за мртва, за да ја прикрие својата грешка, објави оваа недела рускиот новински портал Газета.ру. Против него е покрената истрага.

На 17 декември 2025 година, Галина, 73-годишна жена, била примена во болница во Северодвинск, Архангелска област, поради акутна тромбоза. Сепак, за време на третманот, нејзиното срце застанало. Речиси половина час, Олег Г., 29-годишен лекар, се обидувал да ја реанимира, но без успех. Потоа специјалистот ја прогласил за мртва.

Тој ѝ инјектирал пропофол

Сепак, според првичните резултати од истрагата, срцето на жената наводно повторно почнало да чука без лекарот да забележи. Кратко потоа, 73-годишната жена, која била прогласена за мртва, била однесена во мртовечница. Сепак, два часа подоцна, еден од вработените забележал знаци на живот и го известил лекарот.

Потоа случајот добил сосема поинаков пресврт. Наместо да ѝ пружи итна медицинска помош, лекарот за реанимација ѝ инјектирал пропофол, интравенски анестетик што се користи за индуцирање и одржување на анестезија и кој може да предизвика респираторна депресија. Истражителите веруваат дека Олег Г. ѝ го дал овој смртоносен лек за да ја прикрие својата првична грешка.

Покрената е истрага за „убиство на лице во беспомошна состојба“. Олег Г., кој дипломирал во 2023 година, бил уапсен и потоа задржан во притвор. Тој ги негира обвиненијата и тврди дека постапил во согласност со медицинскиот протокол.

На телото на жената ќе биде спроведен токсиколошки тест за да се утврди со сигурност причината за смртта на 73-годишната жена.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Студентка во Калифорнија брутално убила бездомник, па побарала помош од мајка ѝ

Студентка од колеџ во Сан Хозе и нејзината мајка се осомничени дека избоделе маж до смрт, а потоа го скриле неговото тело во клисура во близина на Ливермор! 

Студентка во Калифорнија брутално убила бездомник, па побарала помош од мајка ѝ

Двете се уапсени, соопшти полицијата, откривајќи детали за грозоморното злосторство.

Алесија Ниевес Солас (22) и нејзината мајка, Вероника Рангел (55) се уапсени под обвинение за убиство, соопшти полициската управа во Сан Хозе.

Жртвата, идентификувана како Марселино Перез Хименез (44), престојувал во засолниште за бездомници во Сан Хозе, објави „Меркјури њуз“.

Последен пат бил виден на 22 август, кога влегол во стан во апартманите „Павона“ на Северната 7-ма улица во Сан Хозе, соопшти канцеларијата на шерифот.

Влегол во станот со Солас, носел пакување пиво од 24 парчиња. Следниот ден, безбедносните камери во комплексот наводно ги снимиле Солас и нејзината мајка како се борат со голема, тешка кутија.

Според судските документи добиени од „Меркјури њуз“, мајката и ќерката користеле рачна количка за да ја пренесат кутијата до нивниот изнајмен автомобил.

Шерифската канцеларија соопшти дека подоцна го следела движењето на автомобилот од станбениот комплекс до улицата Тесла.

Мистеријата почнала да се одгатнува попладнето на 25 август, кога возач го запрел својот автомобил за да направи пауза во близина на улицата Тесла и улицата Иглс Ран.

Погледнал во клисура и видел нешто што личело на човечко тело, па се јавил во канцеларијата на шерифот на округот Аламеда.

Полицајците го пронашле телото скриено под ѓубрето што луѓето го фрлале од автомобилите што минувале. Мажот бил избоден со нож, соопшти канцеларијата на шерифот.

Солас била уапсена во Лос Анџелес, а подоцна екстрадирана назад во Сан Хозе, каде што е притворена во затворот во округот Санта Клара. Нејзината мајка била уапсена истиот ден во Сан Хозе.

Ренџел, која работи во болница, била ослободена од затвор под надзор. Таа рекла дека верува оти нејзината ќерка дејствувала во самоодбрана.

Не е јасно како Солас и Хименез се познавале. Мотивот за наводното убиство е под истрага, соопштија властите на Калифорнија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Американската влада објави документи за суштеството „Бигфут“, деталите го зачудија светот (ВИДЕО)

Американската влада објави документи поврзани со едно од најпознатите митски суштества од локалниот фолклор - Бигфут, познат и како Саскуч.

Американската влада објави документи за суштеството „Бигфут“, деталите го зачудија светот (ВИДЕО)

Тие содржат извештаи за необични траги, сведоштва на ловци и детали од истраги кои привлекуваат внимание на јавноста со децении, објави Пипл.

Случаи од Монтана и Орегон

Следејќи го примерот на Пентагон, кој на почетокот на 2026 година ја прошири јавно достапната архива за неидентификувани летечки објекти, Шумската служба на својата веб-страница објави и помала збирка документи за мистериозното суштество.

Федералната агенција, која работи во рамките на Министерството за земјоделство на САД, објави документи со наслов „Bigfoot/Sasquatch Records“ на 15 октомври, во согласност со Законот за слобода на информации.

Според веб-страницата, историските документи потекнуваат од нивната канцеларија во Вашингтон, но се однесуваат на средби и случаи поврзани со Бигфут во сојузните држави Монтана и Орегон.

Меѓу нив е исечок од весник од 2003 година за мистериозни отпечатоци пронајдени во Монтана. Текстот, преземен од изданието на Clark Fork Valley Press, опишува „стотици неидентификувани траги“ пронајдени во близина на патот. Вклучува и интервјуа со локалните жители кои ги откриле.

Заедно со написот беа објавени и фотографии од наводните стапалки, за кои жителите претпоставуваа дека „припаѓаат на Сасквач“.

„Што друго би можело да биде? праша еден од нив.

Вториот документ ја претставува истрагата на американското Министерство за земјоделство за пријавени „траги пронајдени во шумата во Орегон во 1982 година“.

YouTube video

„Чудни индиции“

Извештајот се занимава со друго наводно откритие на стапалки од Бигфут во сливот на Мил Крик, во Националната шума Уматила во Орегон. Документот, од 18 јуни 1982 година, опишува три случаи во кои биле забележани наводните траги и вклучува фотографии од тие наоди.

Според извештајот, во текот на истрагата биле направени и гипсови од отпечатоците, пренесува People.

Родни Џонсон, идентификуван во документот како биолог на дивиот свет, напишал дека заклучил дека големите отпечатоци „не биле направени од суштество кое оди на две нозе и тежи повеќе од 136 килограми“, опис кој многу наликува на вообичаените поими за Бигфут.

Во извештајот од 1982 година, Џонсон исто така изјавил дека, доколку траките се лажни, некој ќе мора „да вложи извонреден напор и внимание во нивното создавање“.

„За малку ќе се посомневав дека за да се направат тие „лажни“ стапала, мора да се употреби гипс направен од вистинско стапало. Меѓутоа, ако беше така, другите набори на стапалото треба да се видат“, се наведува во документот.

Третиот документ претставува лично сеќавање на уште една средба со „невообичаени траги“ во Монтана, за време на ловечка експедиција во 1949 година. Историски извештај од областа Пети Крик беше составен од Лео Кини, кој се сеќава дека видел „низа отпечатоци“ во таа прилика.

Група од четворица ловци верувале дека трагите му припаѓаат на суштество кое украло елен што го застрелале за време на претходниот лов.

YouTube video

Наводни средби во Охајо

Кини најпрво напиша дека мислеле дека е „голема мечка“, бидејќи заедно со отпечатоците забележале „силен мирис“ и „грчење звук“.

„Меѓутоа, мечките не одат само на задните нозе, освен на кратки растојанија, и нормално би влечеле толку голем труп“, напиша тој.

„Што и да беше, го крена лосот целосно, така што не ја допираше земјата“, додаде Кини.

Сепак, иако објавувањето на документите е ново, тие не мора да претставуваат нов доказ дека Bigfoot всушност постои.

Дејвид Дејглинг, професор по антропологија и автор на книга за наследството на Бигфут во американската култура, изјави за Њујорк Тајмс дека документите објавени од Шумската служба се „вообичаената приказна за Бигфут“.

„Објавувањето на овие документи во никој случај не е револуционерно“, рече тој.

Објавувањето доаѓа неколку месеци откако серијата наводни средби со мистериозното суштество во Охајо повторно го разгореа интересот за Бигфут претходно оваа година. Таму случаите беа најбројни од крајот на седумдесеттите.

Отприлика во исто време, документарецот Марк Еванс сними филм, чија премиера беше прикажана на фестивалот SXSW, за кој тврди дека конечно докажува дека најпознатата снимка од Бигфут на сите времиња е всушност „неверојатна измама“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер